Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервира кога на свадба младоженците го играат првиот валцер, а околу нив има деца што урлаат, го газат фустанот на невестата, пискаат, се бутаат во нив и се бркаат.
    Повеќе пискотици се слушаат околу музика, а на родителите им е гајле.

    Не се крви децата, туку родителите.

    Гледаш дека детето замара, па тргни го. Што чекаш не ми е јасно?
    Чекаш некој у лице да ви рече дека сте досадни? Да ве избрка од свадба? Или чекаш да ја сопнат невестата?

    Ептен некои се без трошка осет. Ептен се ко трупови.

    Тоа е специјален момент за нив двајца, па од каде вие небитни си земате за право да им го уништите?
    Што е најтрагично тоа се деца од далечни фамилии што не си ни планирани на свадба. Уште и порции ќе земат и ќе те сопнат дур играш.

    Сосема ги разбирам кога канат гости без деца.
    На децата што се планрани ќе им кажат со збор да дојдат, а за останатите на покана со дебели букви треба да е нагласено, пошто на некои паметот константно им е на одмор.

    Нема срам кај безобразни луѓе (facepalm)
     
    На темјанушка, smooch, piglet1 и 27 други им се допаѓа ова.
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам поентата од донирање на пари, храна, облека.. и притоа истото да се овековечи со фотка на фејсбук, инстаграм или јавен форум.
    Зошто ви се битни лајкови и коментари од небитни персони?
    Хранење на егoто or what?

    Сите сме херои у нечиј живот. Дали со збор, разговор, материјална помош или не знам уште не како, ама ако ви е вас полна душата со тој гест, зошто таа потреба од објавување постови и фотографии?
     
    На темјанушка, LittleChili, poenta и 18 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.157
    Допаѓања:
    131.964
    Пол:
    Женски
    Ај,прво научете што е и кој/која е јавна фаца,па после паметувајте во темана!
     
  4. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Секој човек има свои проблеми и тежини.
    Но немојте луѓе од игла да правите слон.
    Сериозно немојте.
    Немора да се огледувате на околината, таму има и игли и слонови.
    Бидете по дома здрави, стремете се кон поголем успех со вложен труд, но не повикувајте си ја сами тежината на животот и кога ја немате.
    Погледнете што имате и само за миг замислете сето тоа да го немате.
    Тогаш ќе сте сфесни колку сте среќни.
    Уживајте во сето тоа оти доволна е секунда и да го нема.
     
    На mal.ecka, cresa-jagoda, poenta и 14 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Мислам дека last night посебно ќе си ја памтам.
    Море, коктели, особа до тебе, муабетче... Мераци.
    IMG_20190827_213825.jpg
     
    На Glossy-girl, cresa-jagoda, Rama и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Brunhilde

    Brunhilde Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2019
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    31.077
    Пол:
    Женски
    Кога и е потребно нешто те бараат насекаде а кога тебе ти е нешто потребно нив ги нема живи. :x
     
    На JoanaS, Love 83, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Собрав од улица едно мало, мааааало маче пред некоја недела и некако многу се потресов и се поврзав.

    А вчера сфатив дека сум станала Леон мамичка. Со мачето. :worried:

    Дали е јадено, што јаде, па да јаде разнолико, на секој оброк различно. Па сум застанала во ДМ и читам состав на храната, исто како за мене да купувам, па му метам и му мијам секој ден да спие на чисто... го забришувам кога се шлапа (оти цело влегува во чинијата), ако мјаука трчам како блесава да видам што му е. Па посебна храна за мали мачиња, па не ја јаде, па ја „кријам“ во друго за да ја изеде. (facepalm)

    Па дали е какано, ако е какано, дали цврсто или течно е какето... пие ли вода, ако не пие тој ден, му ставам малку во млекото оти ми ја бојкотира чинијата со вода. Ладно ли му е, топло ли му е, па го ладам, го греам. Ако одам некаде на подолго, и него го шетам оти е греота само да седи, па по гости оди со мене. 8-|

    Дури и такво глодалка за заби му купив од ДМ. Од Бејби лав, нетоксичните. :tmi:

    Уште во множина да фанам да зборувам.

    Врвот беше кога се туширав вчера и наеднаш слушнав врисок од мачка и истрчав од купатило... крвта ми се заледи, мислев паднало од некаде, оти се качува кај што треба и што не треба, а не знае да се симне. Одма хорор сценарија, на кого ќе му се јавувам да ме поврзе со ветеринарот, да отвори ноќта да го прегледа. :rofl:

    А тоа спие гушнато со мечето, надвор две други мачки се дават. :bug::drunk:

    Страшно. :worried:
     
    На темјанушка, Ingvild, agios и 42 други им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.157
    Допаѓања:
    131.964
    Пол:
    Женски
    Пред малку средно големата мачка му ја препушти коската од батакот на малото братче.
    Моиве браќа ни трошка леб не би ми оставиле...
    Оф,животе...
     
    На Glossy-girl, piksooki, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Комшиите живеат во Америка, ама преку лето доаѓаат во Скопје. Децата се родени таму и не знаат многу да зборуваат македонски. Разбираат, ама потешко враќаат.

    Битно знаат да речат фала, ве молам и извинете. Тие зборови често ги упоребуваат и на останатите комшии им е смешно зошто толку формално и културно зборувале.

    Четири дечиња се и сите се под 12/13 години. Воспитани и тивки, буквално глас не можеш да им слушнеш.
    Си се подавале еднаш со топка кај нив во двор и им паднала кај нас, па му се извинуваа на татко ми и му се заблагодаруваа што им ја подаде, а еден комшија слушал и многу смешно му било.

    Додека тој се смее неговиот внук се моча на сред улица и со топка лупа по ѕидови на туѓи куќи.

    Истиот комшија еднаш се смееше зошто таткото на децава си седел во двор, па дечињата пред да си легнат оделе кај него, го гушкале, го бакнувале и му посакувале добра ноќ. Така секоја вечер правеле.
    На што личело тоа? Машки биле, а така да се лигават со татко им?


    Овие се зезнале дека во Америка ги родиле децата. Треба да останат во Македонија и да ги воспитуваат ко мажишта. Да ги учат да се мочаат по улици, да се дерат, а не да се гушкаат со татко им.

    Хах. Слабаци. Не дај Боже може и обратни да станат.
     
    На Arja, темјанушка, boo3 и 37 други им се допаѓа ова.
  10. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    48.655
    Пол:
    Женски
    Одредени особи упорно кукаат како се нема пари, бараат позајмици, плачат немале ни за чоколадо на детето да купат, а гледаш купиле телефон од 1000еу, чанта од 200, домот среден цакум пакум и пак си кукаат. Болесници сте да знаете, и никој нема да ви даде оти болест е тоа и лажете дека немате. А,ако стварно снемате продајте го телефонот и тракатанците по дома, а не да молите да ви даде некој.
    И, да ,и на форумов има вакви.
     
    На Glossy-girl, LittleChili, Love 83 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.314
    Допаѓања:
    58.279
    Пол:
    Женски
    Едноставно нешто што многу би ме усреќило во моментот:
    Есен. Саботно врнежливо утро. Јас си лежам стуткана и стоплена под ќебе. Немам обврски да одам некаде или да сработам нешто. Слушам како дождот си удира по прозорот од мојата соба. Наеднаш ми доаѓа наплив на среќа. Девет часот е, можеби ќе дремнам уште малку. Денот е мој. :inlove:

    Но, ќе си почекам уште малку за тоа..
     
    На Lella, DevilGirl212, dayla и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Веќе и на свадби престанаа да ме канат, јер нели, не ми личи да одам со моите повеќе, а и не сум ни мажена(facepalm)
    Не берете гајле, не ми е дојдено до вашите свадби, ама ич, ионака не ни планирав да дојдам:lol:
     
    На SummerGirl, Glossy-girl, LittleChili и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Не за џабе рекле колку повеќе се замараш толку по тешко мине проблемот. Па еве пола година и кусур гајле ми е за се, шо е мое ќе си дојде, секад си ги средувам обврските на време и со работа и со факултет, настрана за фамилија и другарки што се гледам и слушам секоја ден. Ама првпат ме измори ова за утрешната свадба кај прв братучед сите се исподотераа али јас како најпаметна последната ден ја чекав и умрев барајќи фустан и штикли и едвај најдив.
    Зборот ми беше не оставајте све у последен ден да не се нервирате за џабе, среди си се на време и раат глава после :D
     
    На cresa-jagoda, Amellie13 и Rama им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Колку е загреота тоа што во државава не си ги цениме успешните кадри, најдобрите студенти, најдобрите средношколци/основци. Сите тие се иднината на државата, а за нив ништо не се прави, барем малку да се обидат да ги мотивираат дека им вредел трудот и да ги задржат во државата.
    Повеќе ценат што си бил пример првенец на генерација на странските универзитети отколку тука... Не се ни зачудив ни што 50% од тие на кои ни доделија награди за првенци запишале универзитет во странство, кога таму со тоа веднаш си запишан, а и дури добиваш светски призната диплома... Тука немаш никаква предност на никаков конкурс, на ништо. Едино може да ти послужи признанието да ти стои како украс и чат пат да те потсети дека џабе го имаш, ништо не ти вредело.
     
    На Lella, mileystar, *Ench@nted* и 17 други им се допаѓа ова.
  15. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    На Rama, buba4e89 и Independent Girl им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    36.185
    Пол:
    Женски
    Пријателите не ги бројам и не ги квалификувам со малку. Исклучителни се... Општо добро е да се искуси реткост во време на изобличени вредности.
    Сознанието дека имам блиски личности со кои квалитетно го поминувам времето ме исполнува во секоја смисла што значи заедничко пронаоѓање изградено со многу, многу лични ресурси.

    П.С. Се додека пресметките, интересите и завидливоста преовладуваат, ќе има само површна комуникација со лицемерно оправдување дека нема вистински личности за дружење.

    Имало, има и ќе има.
    Никој не ме изневерил и разочарал или јас имам неизмерна среќа да ги запознаам вистинските со чувство за препознавање и задржување.
    Не знам... ама има нешто неописливо што не поврзува.

    Од неодамна создавам
    ново пријателство...
     
    На mileystar, *Ench@nted*, tirkenbal и 3 други им се допаѓа ова.
  17. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Неможам да ги разберам тие што имаат убав живот во наводници да се фалат тука на форумов а очигледно во реалноста не им е ни најмалку таква,тука сите може да не излажат дека им е супер а всушност самите себе си се лажат.
    Што им е поентата не ги разбирам???
     
    На Gosh, mileystar, hermosa и 7 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Изгрејсонцето овде, сабајле во 7-часот. Фантазија
    IMG_20190830_070046.jpg
     
    На Milobebence, mileystar, GoodGirl45 и 24 други им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Внук ми за возраста зборува чисто и јасно, само има мало проблемче со буквата Р, и нормално неговите го носат на логопед, и има подобрување:inlove:
    Додека пак малата, нешто глуми, знае и таа да зборува убаво, ама ужива да ја поправаме а таа да зборува на "нејзин јазик", така со нејзиното фамозно речов, наместо реков, бешов, наместо бев, ти се молим те, наместо те молам, ќе се препоти човек поправајќи ја, а таа си нема гајле, посебно кога ќе те погледне во очи и невино ќе ти рече ама ти се молим те, оди па одбиј ја за нешто:rofl::rofl::rofl:
     
    На Gosh, Milobebence, dayla и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Си мислам колку брзо проаѓа времево... :worried:
    Кога се зачленив тука имав само 11години. :o Ми изгледа толку далеку тоа време сега, а и толку работи веќе ми се избришани од меморија, стварно одамна значи било. :)
    Со повремени паузи од форумов, научив многу работи од тука. Уствари слободно можам да кажам дека тука пораснав. :)
    Сите среќни, тажни моменти, се споделував тука.
    Посакувам да имавме и во живо вакво катче кај што ќе се осеќаш прифатен и ќе имаш многу луѓе кои ќе те поддржат, охрабрат и советуваат во секое време. :D

    Уствари шо сакав да кажам беше дека треба да го цениме секој ден, недела, месец, година... Додека да трепнеме изминало толку време.
    Времето не не чека нас, а ние треба да се потрудиме да живееме најдобро што можеме...
     
    На GoodGirl45, mal.ecka, *Ench@nted* и 26 други им се допаѓа ова.