Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    57.768
    Пол:
    Женски
    Туркаат на испитна за да те натераат да полагаш на казнена за да му дадеш повеќе пари и нормално дека на казнена повеќе пуштаат да положиш.

    Деца на други професори кои не се појавени на предавања ги знаат прашањата на колоквиуми и испити однапред и се' полагаат со повеќе успех од тебе, обичен смртник, што си ја лупал главата по цели денови за да го сфатиш и онака неубаво објаснатиот материјал што понекогаш те тера да одиш на спремање и да фрлаш плус пари.

    Кога мислиш дека некои чесно си ја работат работата таму, oh you're in for a surprise.

    Некни кога полагав асистентот што не' чуваше си правеше муабет со една као демек "немаш научено, па си препишуваш, ајде малку само" а друг некој да мрдни ќе го избркаат.

    Друга дошла скроз неспремна па ќе ми вика мене да сум и кажувала а јас се трудам да останам концентрирана да напишам како што треба. Ќе ти кажам мало морген, така ли се иди на испит бе. Стана си замина. Арно.

    И потоа нестручен кадар имало секаде. Епа ќе има. Таквите само ќе останат во оваа вукојебина каде се функционира само со врски и партиски книшки.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, SV1911 и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.684
    Пол:
    Женски
    Од кога престојувам во оваа држава, успеав да забележам само како мнозинството од луѓето негативно реагираат на одредени психички болести и состојби како панични напади, депресија, PTSD, анксиозност, кои инаку не се ретка појава, односно самите околности во животот може да те доведат за тие да се развијат.

    Навистина не можам да објаснам од каде потекнува мислењето на овој менталитет дека психичките болести не постојат или пак се нешто од кое еден човек треба да се срами и да го крие тоа од остатокот од светот, кога тоа е нешто нормално и може секому да му се случи.

    Претпоставувам дека ова произлегува од недоволната запознаеност на луѓето во поглед на психичките болести, односно би рекла дека немаат ни елементарно познавање од психијатрија и психологија.

    Односно, како што можат и другите органи да се заболат, и да се бара третман за тоа, тогаш зошто тоа не може да важи и за мозокот, кој инаку е еден од најважните органи во човековото тело?

    Токму поради тоа луѓето не можат да сфатат дека и психичките болести влијаат врз човековото тело, дека човекот кој има развиено психичка болест едноставно не може, односно нема капацитет да размислува и да функционира како една психички здрава личност. И обратно - поединецот кој е психички здрав, никогаш не може да знае како е да се чувствуваш и да размислуваш на местото на поединецот кој страда од одредена психичка болест.

    Најлошото сценарио од сето ова е што поединецот кој се бори со одредена психичка болест е комплетно оставен сам на себе, и дури и кога би се обидел да побара поддршка и помош од некого, истиот веднаш би бил отфрлен од оние кои не разбираат, и со тоа влошувајќи ја неговата состојба.

    8a646ad636df4ca81bc8397ed7324349.jpg
     
    На senjorita-v, Purplelilac, Milobebence и 27 други им се допаѓа ова.
  3. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.266
    Пол:
    Женски
    ...сакам да кажам
    на форумчево, доколку не си член на „заштитени привилегирани членови“ коментарите се бришат со брзина на светлина! (facepalm)
     
    На anastasijaki, Petra777, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Да бегаш од грешките кои ги правиш во животот е кукавички,да не си признаеш дека грешиш е погубно,биди си тоа што си,не се предавај,не се потценувај ,секој си е посебен на свој начин.
     
    На Selest му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Право на родителите да очекуваат од децата да одат по нивните стапки и стандарди во животот – образовен, деловен, љубовен.
    Право да им наметнат религија уште од најмали нозе.
    А сега сѐ повеќе се бара право и избор да не ги вакцинираат децата по своја одлука и да ги лекуваат на свој начин. Право да ги доведуваат во опасност и своите, а и туѓи деца...
    Што е следно?!
    Каде е правото на детето?
    Децата пред сѐ имаат право на родители доволно информирани, спремни и со отворен ум за родителство.
    Очигледно на онаа конвенција за која учевме во прво одделение треба да ѝ се обрне повторно и многу повеќе внимание!
     
    На Purplelilac, N.2106, JollyGirl и 15 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.077
    Допаѓања:
    131.257
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од неправди.
    Нема да седам напразно.
    Ќе делувам. :@|(]:):)
     
    На hermosa и Animali им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Од убави мисли преферирам внатрешна среќа.
    Кога се чувствувате ослободено внатрешно чувствувате мир и спокој.
     
    На cresa-jagoda, dayla, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.036
    Пол:
    Женски
    Многу голема маана ми е тоа што зборувам без да размислам. Особено во ситуации каде сум ептен нервозна, знам да кажам многу лоши зборови (кои мислам дека се соодветни додека трае таа нервоза), но откако ќе се смири ситуацијата премногу се каам за тоа што сум го кажала ама не можам да докажам дека јас тие зборови всушност, не ги мислам. И пак, зборовите ќе останат врежани во меморијата на луѓето а не моите вистински чувства што ги имам кон нив. Сакам да го поправам тоа.
     
    На 1209, christinnn, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Кога ќе си заминам од државава, не планирам апсолутно со никој да се поздравам. Ќе си заминам толку брзо, што некој нема да сфати што се случило.

    Доста ми е од токсични и пасивни другари и роднини. Сфатив дека имам 0 роднини и 0 пријатели. Нема да биде веќе разочаран од вас, себични, дволичини, токсични, емоционални вампири, егоисти, и што уште не.

    Ќе ме барате вие мене да ви помогнам да дојдете таму каде што сум, знам многу добро дека ќе го направите тоа, пошто тогаш ќе ви бидам интерес и секако ќе имате своја корист како и по обично. Е тек тогаш, ќе ве пречекам на нож, имам спремно посебно за вас што и како да правам, едвај го чекам тој момент.

    Нема да бидам веќе пријатен, фин и на тапет на секој од вас кога ви треба нешто.
     
    На honest girl, Feminka192, Dadusicka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    Знаете ли дека имало полошо од ненајавени гости? ^_^ Дочекав ненајавени гости да мe прашаат зошто сум ја заклучила влезната врата од мојата куќа среде бел ден. И да, навистина чекаа објаснување! (heidy)
    Па после кога ќе прочитам некаде статии од типот: "4 брзи рецепти што може да ги направите набрзина за ненајавените гости" и сл, за ненајавените гости најбрзо што можам е и ролетните да ги спуштам :smoke:
     
    На JoanaS, senjorita-v, blackwave и 27 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Некогаш, не можам да се помирам какви прекрасни девојки завршуваат со какви... битанги.

    Учени, шетани, начитани, борбени, свои - прекрасни! И еден мајчин ќе ја убеди дека вреди помалку од денар најден на улица.

    Им перат мозок, бе. Бесрамно ги репрограмираат, малку по малку, месец за месец, година по година.

    И да, се гледа тоа. Се гледа толку многу, што од далеку се гледа дека нешто смрди.

    Погледот што и' го дава преку масата ако деколтето е предлабоко или здолништето прекратко, иако реално, не е.

    Сликите што магично ги снемува од социјалните мрежи по неколку месеци, затоа што наводно, нема зошто девојка со дечко да има „такви“ слики, иако се сосема нормални и пристојни. По некое време, профилот или го снемува или станува заеднички.

    Документите испратени за работа и студии низ белиот свет се „губат“ - шо мајка бара таму без него?

    Другарите стануваат непостоечки затоа што пријателството меѓу машки и женски не постои. Другарките се ретчат - и остануваат само „добрите“, односно, тие што се во исто ср*ње ко неа.

    На работа не смее да има колеги. Црвениот кармин да не е прецрвен.
    ,,Таа" да не се става пред ,,ние".

    Оправдувања милион. Ама он е добар. Ама он ме сака. Ама он само така...

    А после...

    Празни погледи, лажни насмевки, шака апчиња пред спиење и липање, за да не те чуе свекрвата дека плачеш од другата соба. Оти е срамота - треба да си благодарна!

    И сето тоа мене би ми било океј, да знам дека тие се среќни. Ама не се, им гледам во очите дека им згаснала жарта - ама трпат, оти тоа било љубов.

    Љубовта не гаси. Љубовта не стега. Љубовта не боли - напротив.

    Љубовта е слобода, полет, великодушност. Како лук во таратур. Како ликерот во коцка чоколадо. Како свеж воздух во летно вечерие.

    Кога сакаш другиот да е среќен, макар и без тебе.

    Камоли да можев да им дадам да се видат од страна, со моиве очи, можеби навреме ќе бегаат да спасат глава.

    Не дека мојата врска е идеална - впрочем, има ли нешто идеално? - ама откако на потешкиот начин ја научив лекцијата, никогаш, ама никогаш, нема да се ставам себеси на второ место. Или уште полошо, целосно да се изгубам во вртлогот наречен ,,љубов" и да заборавам која сум, што сум и зошто сум.
     
    На malerozna, ivi1987, Harper и 58 други им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Искрено го отупевте со ова морбиливе.
    Леле мајка а црп добро ли е?леле мајка а какаше ли на време.Леле мајка а кс добро ли е?А ова, а она?
    Многу се напињате самите себеси, а со тоа и околината и децата.
    Ако сакаш вакцинирај ако неќеш ич не мораш.Ако сакаш пикни го во мол со 300 души од кои 50-60 може да се носители на вирусот.Или пак затвори го дома.
    Форумов стана дежурна амбуланта.
    Отварам форум:
    Прогласена епидемија на морбили.
    Ова она аман
     
    На N.2106, anastasijaki, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Прогласена епидемија од нечовечност.
     
    На Milobebence, honest girl, Chanell* и 10 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Зимава предолга бе, едвај чекам уште еден месец да помине. Да светне ден, ќе ја славам пролетта како најголем празник да ми е. Ете, по пагански ако треба и гола ќе се соблечам и околу оган ќе играм. Љубовни магии ќе правам, и цвекиња ќе расфрлам, и Остера ќе ја славам. Само да светне ден.
     
    На x.Daisy.x, Dadusicka, Sexybaby86 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Постојат луѓе од кои ти се одмилува форумов и тоа малку убавина и хармонија што владееше ти го одмилува член кој полесно на душата му е да биде злобен.
    Квалитетни членови напуштија,а останаа тие што лечат комплекси и се грижат обавезно дијагноза да дадат мислејќи дека се интересни.
    Прстот на чело, време е да си го ставите.
     
    На Dadusicka, N.2106, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Мразам кога се полнам со негативна енергија ама некои луѓе посакувам да ги снема од лицето на земјата.
    Не ме учела мајка ми да бидам злобна и дрска ама некои со својата појава ме тераат да се чувствувам празно.
    Дали е време да свртам грб на некои луѓе и да свртам нова страница во животот без нив иако некогаш ми се наоѓале?
    Изгледа ќе морам.
     
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Ќе си земеш еден слободен ден од обврски поради здравствени причини и баш тој ден на сите ќе им требаш, ќе ти ѕвонат, ќе те вознемируваат...
    |(
     
    На Dadusicka, cresa-jagoda, MrenaRiba и 15 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.223
    Допаѓања:
    176.029
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам (без цитирање) дека, колку и да ми е тешко од моменталната ситуација поради не ваксери и други личности кои се лечат со етерични масла и се woke, имам тон црн хумор под ракав. Јбг. Adapt, overcome. :wasntme:
     
    На blackwave, N.2106, Tan4ence и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Чудно.
    Исклучување од случувањата, напорен и тежок период во друг свет, а сепак посакувам да останам во истиот.

    Во меѓувреме сонувам неколку чекори напред, иако многупати ми се докажало дека понекогаш ден не се планира а камоли месец, година, живот. Случаен сведок на неколку убави случувања и очи веќе се насолзиле како за мене да станува збор. Всушност е исполнувачко чувството дека барем некој успеал.

    Каде јас сакам да се видам?
    Секаде. Со повеќе оптимизам, повеќе смеа, повеќе луѓе, па да посакам да го прегрнам сиот свет од среќа.

    Идеи.
    Зошто да посакаш да украдеш нешто кое те прави уникатна, своја, неповторлива? Зарем вреди да си поставуваш граници на имагинацијата, на душевната и психолошката разнобојност по цена на загарантиран успех? Зарем тоа не е криење зад туѓа маска? Себепотценување?
    Да не веруваш во себе, иако ги немаш испробано и откриено сите начини за валидација.
    А зарем не беше најважно самите да веруваме во себе?
    Никогаш нема да разберам.
    А можеби и не треба.
     
    На x.Daisy.x, cresa-jagoda, N.2106 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    70.714
    Кога нешто ти фали, сѐ друго нема значење... Ни храната нема вкус, ни ликот нема свежина, ни денот е ден, ни ноќта е ноќ... Ни сонцето не топли, иако силно грее...
     
    На senjorita-v, blackwave, Dadusicka и 17 други им се допаѓа ова.