Се обидувам да мислам дека е се во ред и дека се е убаво после тоа. Едно време навистина и беше така си течеа деновите, се до вчера, кога се изненадив од наливот на емоции. Ама тоа беше последната пуштена солза. Солза за ослободување.
СДК нова мода е изгледа да се кажува "моето дете има 23, 38 или 42 месеци" Се збунив рачунајќи, колку години има детето. Толку ли е тешко да кажеш дека има "година и 2 месеци, или 3 години и 3 месеци"
СДК кога слушам некои луѓе што зборуваат се чувствувам како да ми умираат мозочни клетки. Имам толку многу контра аргументи и објаснувања за се што кажуваат, но сфаќам дека не вреди да трошам зборови на некој кој нема капацитет да разбери нешто поинакво од она на кое е научен и мало дете не му е рамно во интелигенцијата. Само се молам да престанат да зборуваат што поскоро.
СДК кога некои луѓе се толку безобразни ги минат сите граници а се прават наудрени како ништо да не е било.
Понекогаш има моменти каде што се плашам да ја потпрам главата на перница затоа што знам дека не би можела да се борам против мислите. И ја користам секоја една тема на форумов само за да го забавам процесот на легнување. А, свесна сум дека нема да го запрам природниот процес никогаш. Ниту пак ќе ја претворам ноќта во ден без да преспијам. Ќе сфатам дека утре цело тело ќе ми е со недостаток на енергија и сабајлето ќе си се обвинувам зошто не легнав и зошто дискутирав самата со себе, дозволив да ме обземат мислите.
Секој месец го почнувам со иста надеж. И пак одново, чувствово дека ќе биде подобро едноставно не изсчезнува. Знам, ќе биде и ќе дојде тој ден
Нема ништо поубаво од тоа кога ќе дојдеш после работа преморен и ќе го пуштиш мозокот да ти вегетира и да пасе по некои имагинарни пасишта.
На критиките можам да им се придружам, ама пред комплиментите сум беспомошна.. Поштедете ме од изливи на ласкање пред кои немо се топам додека вашата развлечена насмевка очекува повратна реакција од непристрасник на вербално фалење. На критиките можам радо да се надоврзам, особено на поглавјето за мојата карактерна негативност, па и да добијам мотивација за отворање тема на разговор, ама немам соговорник кој ќе има доволно доблест, искрено и директно да "разговара" а да не е под пресија на озборувачки симтоми што се манифестираат насекаде, освен пред тој на кој се однеснува "незадоволството". Се пријавувам за доброволно озборување на самата себе подлегнувајќи на личен тест до каде сум со неподобноста. Хм... Бидете храбри и намалете ја туѓата безобѕирност така што ќе покажете објјективност и зрелост што е реткост како виножито во последниве месеци. Битно, одлично целите кон метата, без да се ставите во центарот и да се свртите кон себе. Во спротивно, голема е опасноста да пропадне надалеку распространетата рубрика "трачарење по список" која и тоа како е мелем за егото кога сите успеале, а вие се губите во лавиринтот.
Го знаете оној филиг кога ќе станете од спиење, но се чувстувате одморено и полни со енергија? До вчера ќе речев и јас НЕ. Но денес, денес е друга приказна. Денес мислам дека можам се да направам! Баш се. Ќе се потрудам да направам повеќе што можам, бидејќи ретки се овие денови. Убав ден девојки (и момци) денес. Направете нешто добро! Сакајте, поздравете го лутиот комшија, купете некому за јадење, погалете кутре, пуштете луѓе на пешачки, купете си го омилениот кармин од продавница, намирисајте се со нов парфем и најважно од се, смејте се. Ако немате причина за да се смеете, јас ќе ви ставам една слика тука, што на 90% од вас ќе ви предизвика насмевка.
Здраво. Каков ден, не се знае кога грее сонце кога е облачно. Тажно. Пијам кафе, вообичаено за понеделник сите на работа, а јас дома. Станав, собрав по дома, средив и нели домаќинско кафенце на раат да уживаш додека се е тип топ. Правам една to do list-а во глава, што да правам денес. А до тогаш кафето ми иде, прв пат од кога сум овде баш како што сакам јас. На раат да скролнам да прочитам нешто. Најчесто читам тука, но и сајтот кафепауза. Упс, ме дружи и чашата сок од портокал. Have a nice day.
Бегајте подалеку од личности кои поради лични фрустрации и незадоволство шират негативна енергија. За таквите не треба да има место ниту во онлајн светот кој го користат како прибежиште од вистинскиот живот. Прав канцер се во општеството.
Едно од понеубавите чувства е кога гледаш личност која добро ја познаваш како се менува во спротивна насока од идеалите кои отсекогаш ги застапувала. И сето тоа за да биде одлично прифатена од општеството. Ме боцкаат во душа зборовите дека сега се чувствувала посамоуверено и послободно. А знам дека и при еден негативен коментар од рандом особа, би се срушила. А дали е слобода моделирањето на себе според очекувањата на општеството? И воопшто дали постои начин да бидеш идеална и за себе и за опкружувањето? Не верувам. Само знам дека исполнувањето на туѓите замисли не води и кон себеисполнување.
Како може да си професор ако не знаеш што е анксиозност? Како може да си опкружен со тинејџери и да не знаеш дека многу луѓе (посебно млади) се борат со анксиозност? Како може да си професор, а да не си слушнал за дислексија? Како може мирно да спиеш кога ученик ти се жали дека е малтретиран и има проблеми, а ти не го сфаќаш серизоно пошто мислиш ќе му помине само до себе? Како може да си класна и да не забележиш дека некое дете од твојот клас постојано е само и сите го исмеваат? Или забележуваш, ама подобро е кога се правиш наудрена. Како може да се наречеш професор кога на родителски средби зборуваш само со родители кои се доктори/директори/адвокати, а за останатите не ти е гајле ни дали дошле? Како сакаш да те почитуваат учениците, ако излегуваш секој викенд заедно со нив и се пијанчиш до онесвестување? Како може да воспитуваш други лица, кога ти самиот не си доволно воспитан и треба уште многу да учиш? Ако порано професорите биле учени и ценети, сега се со партиски книшки. Секоја чест на исклучоците кои се трудат да се посветени, искрени и еднакви кон сите. На прсти се бројат добрите професори, а веќе пола од нив се спремаат да си одат од подмитената мизерија.
Знаеш дека си невиден животен малер кога на крај од лето се поцрвенуваш во фаца, а притоа те чека важен ден во животот, а ти баш тогаш си унакажена И да, си го мразам ова дух бело лице
Откако научив да не обрнувам пажња на многу работи околу мене и да не си земам ништо на срце уствари станав многу посреќна. Другар ми денес рече се зачудил од мене ама сум била на добар пат да станам од тие "од едно уво влегло од друго излегло" и да си чилам, па кој сака нека се нервира што не допрело до мене тоа шо требало да ме изнервира. Има напредок.
Фала богу што не ме сакаат сите. Фала богу што не ми се потребни истите тие. Имам своја етика. И точно е дека сум строга. Ме нервираат неработници и џабелебари, ама капа долу пред луѓе што трња изоделе. Секогаш ќе пружам рака зашто и мене ми пружаат. Ама фала богу не ме сакаат сите.
Од обично возење велосипед ,колку да излезам од дома,да не мислам на некои работи,возењево ми се претвори во challenge,секој ден се повеќе возам,вчера 22км ,не можев да поверувам,се изненадив,ама и нозете ми пукнаа што се вика,не можам скоро да одам,запнав јас рекорд да поставам .Ете ти сеа Не само физички,и умствено сум изморена,секој ден исти проблеми и дешавки,секој ден исти зборови се говорат,исти осудувачки погледи се посочуваат.Има ли крај? Се обидувам да најдам светла точка во се,се смеам и на сила,да ја насмеам мајка ми,баба ми.Гледам од ситницата се да искористам,гледам од тоа што го имам повеќе да го вреднувам,гледам какви зборови употребувам...Но вечерите пак пред спиење попуштам,се предавам на пустите солзи,се предавам на загушливата темнина...Толку е тешка и неподнослива,затоа и не ја сакам.Сакам што побргу да се раздени и одново да се обидам да се трудам...