Ако успеам вечерва да заспијам добро ќе биде. Како едни прелиминарни резултати толкава паника и стрес успеаа да ми направат...
Значи про сум станала во порачување секакви ситници од алиекспрес. Среќа се евтини ситници, и такви што ми требаат и такви што воопшто не ми се потребни. Секогаш кога имам пари на картичка, а ставам поретко и нешто ситно, ги трошам истиот ден, како да ме "чешаат" парите на картичка. Затоа отсега ќе ставам само кога ќе имам потреба. Јас самоконтрола немам, само си ставам граници. Ова не ви е најдобар совет, ама е функционално. И да, возбудливо е кога чекаш месец за нешто што си го порачал. После го забораваш и те буди поштарот со пратка од Кина. Priceless.
"Јас немам мани само што си пивкам" Човечево има 30 год ;а повише има алкохол испиено од вода . "Јас не сум алкохоличар" ми вика вчера. Се извадив од кожа .Му викам доста локаш бе не е убаво.Џабе им објаснуваш дека е штетно.Длабоко се навлечени и не се свесни за тоа.Цироза ,канцер,горење органи и да не набројувам кој се последиците.Свесте те се луѓе. И да АЛКОХОЛИЧАРИ сте и точка.
Се разочарувам од слепото гледање на работите, се разочарувам од еднолични мислења за одредени области, се разочарувам од неможноста да се погледне подалеку од секојдневието, од носот што се вика.. Сега ако не експериментираме, кога? Сега ако не се трудиме, кога? Сега ако не пробуваме нови работи, кога? На 60години ли ќе направиме нешто што сме сакале сега? На 60години ли ќе пишеме прв пат на симпатијата од спротивната зграда? Тогаш ли први ќе кажеме "те сакам"? Времето е сега, времето само оди и си заминува, не ни прозборува, не ни дава знак дека сега е утре, денес е утре, а утре е нова шанса. Млади и не млади луѓе, навикнати на едни па исти работи, еден па ист ден, секој ден. Разочарани, намуртени, истоштени.. Секој ден имаме шанса за промена. Секој ден имаме шанса за успех, за среќа. Сите го заслужуваме ова. Заслужуваме да сме среќни, заслужуваме да сме успешни, не само на професионално поле. Заслужуваме да бидеме исполнети. Заслужуваме да потрошиме пари на нешто што ќе не направи среќни, без разлика дали потоа ќе рече некој "ТОЛКУ ПАРИ ДАДЕ ЗА ТАА СИТНИЦА?". Таа ситница, мене ми го смени цел дел, цела недела. Лицето ми светеше колку бев радосна.
Уште некој ако ми пише денеска порака дали ме примиле и колку поени имам (да ми пресметале ако ме мрзело), ќе почнам да блокнувам веќе. Што радознал народ ќе беше ова.
Мразам кога некој не ме побарал подолго време, и ќе му текне да ми се јави додека оди пешки некаде, читај да го дружам да не му биде досадно по пат, барем нека не си кажува дека тогаш само ѕвони, не дека јас пак не знам, преочигледно е, ама кога ќе ти го кажат тоа уште повеќе иритира
Која е поентата правење фешти и циркузи за прв роденден на бебе? Што тренд е тоа? Почнала една и сите мајкички по неа. Во кафана или игротека со жива музика, мандолини, на кое кутрото бебенце му е повеќе гњаважа од забава и се подразбира нема да се сеќава на тој хепенинг. Па година унапред се осмислува темата за роденден, бидејќи до пред 5 месеци беба гледаше Маша и медо, сега гледа телетабиси и драгони. На фотки на фб, дали 7-8 родендени изгледале топ. Масата богато средена. Интересни и разни видови на колачи. Отмено. Све останато ноо. Торта, мафини, и капи роденденски..секаде исто. Секој со свои можности, ама ако немате, не правете циркуз од роденден. И едноставна забава дома со најблиски е топ.
Оставете ги работите на времето. Времето ќе покаже сѐ. Дајте време на времето.... Што ако поради помислата дека има време испуштиме некоја добра шанса? Што ако немаме друга прилика да ги средиме работите? Што ако не обрнуваме доволно внимание на блиските со помисла има време следен пат ќе им посветиме повеќе внимание, а следен пат нема? Совеста ќе нѐ гризе. Секој момент треба правилно да се искористи и треба да се поминува повеќе време со блиските луѓе бидејќи никогаш не се знае колку време имаме.
СДК 1: Во основно им ги намалиле часовите. Ние како прва генерација деветолетка и генерација на експерименти го пројдовме образованието на најтежок начин со по 7ч четири пати во неделата. Изгледа видоа дека тоа не придонесе ништо ефективно, па еве им текнало за новите генерации да направат по еднаш неделно да имаат само 7ч. Браво, фала богу сфатија дека квалитетот е побитен од квантитетот. Во средно едвај се доседуваат 7-8ч поради пад на концентрација и умор, не па во основно. Првпат да ми се допадне некоја реформа. СДК 2: Човечки е да подадеш рака на човек кога му е тешко и да помогнеш, но нечовечки е да заборавиш кој бил со тебе кога ти било најтешко и кој ти помогнал. На сите понекогаш ни треба подадена рака во одреден момент од животот. Не треба да ја искористиме добрината на некого и после откако не ни треба да заборавиме на се и на него. Многу сме неблагодарни ние луѓето...
Aко некој ве праша за совет или мислење, тоа не значи веднаш дека сакаат да ве копираат. Тоа значи дека ви веруваат дека може да им дадете добар совет и притоа за истото да не се расфрлате со комплименти за себеси и презир за другиот по форуми.
Јас мислам дека има тука одредени членови кои се пооооолни со нервоза постојано. Како ви се мрчи бе цело време, како ви се нервира за глупи работи? Нели ви е убаво да си каснете лубеничка, да се олабавите и да не се нервирате толку? Нели ви е убаво кога се позитивни па и таа енергија ќе ја пренесете на некој друг, па и тој да биде позитивен и да му биде убав денот? Или сте вие тие кои сакате да патат луѓето? Не сте ми сфатливи.
Си имам една колешка од работа, и двете сме ваги во хороскоп абе исти скрос, за многу мал период едноставно ја прифатив како најдобра другарка, губиме по цели часови на телефон во разговори за све и свашта. Едноставно ми требаше таква личност и многу сум благодарна што е дел од мојот живот.
Другар: Абе женско џандар,мислиш манекенка во полициска униформа,види ја. Јас: Ќути бе неможеш до средно водно со точак да искачиш,ти си нашол да збориш Да бе ми паѓаат во кома на првата угорница А се тркавме со едно женско од Државна до средно,душата ми ја извади и ме победи Доказ дека не е важна големината на човекот,полот,туку спремноста на телото. На пример: Џабе набилдани батки кога на Водно изгледаат како желки
Не очекувај дека по дифолт ќе те бранам, оти си ми пријател/роднина/колега... Ич не ми е гајле кој си... Ако не си во право, нема шанси да се сложам со тебе 'од култура'.
СДК... Фалбаџија = дегутантен збор. Spoiler: . Молчењето не значи неправење ништо. Препуштете им на другите да ја раскажат приказната за вашиот хуман гест ослободен од потребата за билдање на егото во виртуелниот простор низ патетична фотографска серија. Човечноста постои пред мизерното споделување. Не е терапија за лечење огорченост, а најмалку за самопомош.
Најдобрата ми другарка на приемен изгубила само 3 поени и е примена помеѓу првите на државна квота . Колку сум се прерадувала сабајле, цело лето вежбаше и се спремаше, се израдував ко за мене да се работи. И викам "ајде, брзо спремај се и да идеме да прославиме негде за ваква убава вест", ми врати " нема никакво славење дур не видиме утре со тебе што биднало, како тоа мислиш да славам што ме примиле, а ти уште да си под стрес зашто не знаеш дали си примена, ако славиме ќе славиме зошто и кај двете има нешто убаво, ако нема кај едната убава вест исто ко да нема ни кај другата ". Ако ова не е права другарка... Се надевам утре вечер ќе имаме навистина повод и двете за да прославиме максимално за новиот почеток и успех во животот.