Денеска ми е хаос со обврски, излезена сум од 8, факултет, работа, плус некои ситници и документи шо ради некој друг ја морам сега се да завршам. Ама толку сум лабава летам како стрела и полека си средувам се. Музиката чуда ми прави бе.
Убаво ми е денеска, среќна сум. Тешко ми е понекогаш тоа да си го признаам. Пишував вчера дека понекогаш ми е страв од среќата, страв ми е да и' се препуштам, страв ми е да сум безгрижна за да не ми се уништи нешто. Решив денеска да го игнорирам тоа чувство. Периодов ми беше прекрасен, остварив скоро се' што си зацртав и приватно и професионално, ми претстојат возбудливи денови/месеци, зашто мислам дека направив голем чекор кон остварувањето на мојот сон, на моите амбиции. А тоа не е мала работа. Се гордеам што успеав со мој труд и со ничија помош. Се' што направив, направив сама. А денеска уживам со шолја кафе со млеко, омилената музика и темно чоколадо. Денеска, барем денеска ќе уживам во радоста. Си го должам тоа на себе.
Го испратив љубовникот дома и се раскомотив во неговата соба ко кралица. Уште и уредно го известувам дека собата има нов член,за привремено. И сега не ми се мрда.
У последен период осетив дека не сум доволно вреднувана кај луѓе за кои сметав дека сум. Се осеќам прилично изолирано и деградирано како индивидуа што е отфрлена кога другите имаат розев период. Единствено нешто за кое сум детерминирана е дека ќе пронајдам нови луѓе на кои нема да им бидам само увце за бедотии и машина за совети туку човек со кого имаат искрена желба да се дружат. Подобро е човек да се осеќа осамено наместо искористено.
Најубавите и најдолгите прошетки во природа секогаш ги имав во моето родно селце, во исто време тишина и мир со себеси, многу дрвја и зеленило, стари природни чешми кои чиниш се пред распаѓање, ама послатка и поладна вода да се напиеш не можеш да најдеш на друго место. Си шеташ, се гледаш во небото, во бескрајната шума, локалната река си жубори покрај тебе, птиците црцорат, пеперутки летаат наоколу.... Незаменливо
Она кога пред личноста која си ја сонувала раскажуваш дека си сонувала убав сон од кој ти било жал кога си се разбудила без да ја откриеш содржината на сонот. И интересно е сознанието дека таа личност нема ни најмала идеја дека била дел од сонот и го направила убав. Ама ако... Сега јас знам нешто што таа личност не го знае за себе. А и така треба да остане.
Лошо е кога некоја идеологија тлее во нас наместо да се реализира, да се спроведе и рашири. Тоа создава комплекс и отров во душата. Треба да се шири и реализира, не да
Се повеќе и повеќе читам мислења на форумов како сме сиромашна држава, државата требала пари да дава државата она државата она. Да сиромашни сме, надвор возат Bmwња, Мерцедеси, Аудиња, кафичите се нон-стоп полни, Сити мол е нон стоп полн. Нема потреба во сите можни теми да пишувате како сме сиромашни како луѓето немале за леб и така натаму, нема да ја смени ситуацијата во државава. Со толку неписмено население, со толку работење на црно, со толква сива економија, со не пријавување на жители како очекувате да мрднеме од слепа точка? И пред да кукате колку ни било лошо, нека ви текне дека децана во Африка немаат питка вода за пиење, немаат улици, немаат асфалт, немаат облека освен за покривање на половите органи, немаат ништо.Не зборам за Хургадa, Боцвана Кејп Таун и тако даље. Пола и повеќе од стварите што ги носиме од кај се произведени? Во Кина, Виетнам, Индија најчесто.А зашто?Затоа што црнчат по цел ден и работат за 8$ да кажеме, а Најк на пример тие патики ги продава 20 пати поскапо.Ним не им е тешко? Татко ми беше пред неколку години службено во Боцвана, и ми рече: во градовите е супер и урбанизирано.Ама во посета на околината дете мое, е мизерија.Децата немаат облека, коските им се бројат, мајките ги носат на грб и одат со стомните километри пеш да наполнат вода.Мажи, жени сите работат што стигнат, дали на ниви дали терет креваат. Јас се ежев дур ми го збореше ова.Знам доста фамилии во моја многу блиска околина што за жал живеат од една плата.Семејствата се од 2 до 4 члена.Едната работи 2 работи да ја издржува ќерката и не се жали.Другите работат по 8-9 саати на ден во мизерни услови ама пак не се жалат.И што е најбитно иако немаат високи приходи, со ПРАВИЛНА РАСПРЕДЕЛБА на парите они успеваат да издржат од месец за месец.Имаат и за сметки и за храна и за најосновните работи, па ако остане нешто можат да си дозволат 1-2 пати во месецот да испијат едно кафе надвор или да си купат ново парче облека.И да сите три семејства ги рани жена.Работат максимално што можат, дома имаат обврски да зготват, да исчистат, да исперат, да испеглаат.Тешко им е да, на нив се чека се, ама ниедна не сум ја чула да се жали дека не можат крај со крај да сврзат.Направиле добар план и со тој распределиле како платата од 20,000 , 30,000 и така натаму да им издржи до наредниот месец. Од татко ми, како професионалец економист едно нешто што ми има кажано ми останало во глава ,, дете не е битно дали ќе зимаш 20,30,40,50 илјади плата.Битно е да знаеш како правилно да ги распределиш парите.Со тоа што сметките и храната одат на прво место, како неопходни за живот, а понатаму останатите потреби”. Верувам дека е тешко да се издржи со ниски примања, но не и невозможно.Па ако ме држи снагата и две работи ќе работам, и тоалети ќе чистам ако треба, и теписи ќе перам, од работа нема срам.Господ нè дал здрави, прави некои и работоспособни, зашто да не го искористиме тоа?Колку мои другарки летово и лани работеа по кафичи.Која беше на шанк, која келнерка која кај сладоледи, место да уживаат во распустот кој им следи они работеа некогаш и прекувремено за поголем бакшиш бидејќи условите така им налагале.А не сме толку сиромашна земја како што зборите, само што кај нас младите, а и постарите се срамат од работа. Некои се без факултет со средно, и логично е дека нема да имаат административна работа, ама не како они ќе биле келнери, како ќе метеле улици, како ќе чистеле туѓи домови.Како?Епа седи со скрстени раце и чекај на државата може и ќе дознаеш како.Кога ќе си го спуштите носот малце и ќе се приземјите ќе успеете. Баба ми и дедо ми ( на татко ми неговите) се кој од по Дебар, дедо ми од Србија бегал кај стигне.И не се со факултет.Баба ми од 16 години работела во текстилна фабрика, дедо ми работел што стигнел, дали автобуси возел, дали сервисирал нешто.Успеале една барака да изградат ( во ‘63та зградата кај што живееле се срамнила со земја) и да им обезбедат кров на татко ми и тетка ми и леб.Не им купувале нон-стоп нова облека, не се шетале, не излегувале.Не живееле како другите деца.Ама татко ми сфатил дека школото му оди.Дипломирал на економски и почнал да бара работа.Веќе не чекал на дедо ми и баба ми, срам му било на 20 и кусур години да го издржаваат. Денес после 33 год работен стаж.Има кренато уште еден спрат, има купено 2 стана и на 4 години зима кола.И да, баба ми и дедо ми сега он ги издржува, он им ги плаќа сметките, јас им купувам некогаш од продавница и се им е подмирено. Што сакав да кажам со ова?Иако потекнувал од сиромашно семејство и немал услови какви што јас имам денес, тоа нему не му било пречка да го искористи својот потенцијал и за тоа што го бива.Со користење на умот, успеал да заврши на јак просек за почеток да најде добра работа, за да може на раат снаата да ја донесе дома без да бидат нивен терет и секој да си има раат.Научил како да ги цени парите, бидејќи се што имаме и што создал не е од небо паднато или поклонето, спечалено е со пот и со труд.И ден денес не се луксузира со скапи облеки, одмори на егозтични места, секој ден ручеци и така натаму.Може да си дозволи да, ама не сака бидејќи знаел колку пот и труд вложил за се она што го имаме денес.И не се расфрла со пари или се чалами бидејќи знае колку е тешко кога немаш ништо освен кров над главата и леб на масата.И мене пробува да ми го пренесе тоа, за утреден да ценам што имам. Затоа колку и да имате луѓе ценете го тоа.Ако сте здрави прави, подработете нешто, нема срам од работа.Бидејќи работата ќе ви донесе леб на масата и ќе ве засити, срамот не. Најлесно е да се жалиме и да чекаме само, треба нешто во свои раце да превземеме. *видела жабата го потковуваат коњот па и она кренала нога. Кој сфати, сфати
Човечкиот живот е поделен на два дела. ...На добро и лошо , како и нашето срце што е поделено на два дела со една тенка преграда.во едната е среќата, во другата тагата. Кога сме среќни ако се смееме прегласно можеме да ја пробудиме тагата...Но кога сме тажни, ако премногу тагуваме, можеме да ја убиеме среќата. Затоа треба да сме умерени и во среќата и во тагата.
Откако ги оставив цигарите ми зборат дека сум се разубавела, ама јас мислам дека е до другиот порок кој ги замени
Ах првпат оваа година осетив дека доаѓа есента. Колку и се радувам немате поим, најомилено годишно време ми е, и точно за еден месец ми е роденден. Уште сега мислам што да организирам, ќе бидеме само најблиските а од околу секако ќе надојди уште некој. Наместо сега да бев под ќебе со кафе или чај и некоја добра книга ја дремам на работа ама ако бе, не се жалам. Вечер едвај чекам да ги видам моите најмили и да се изнажуркам до сабајле. Радувајте и се на дента, и бидете ми насмеани, ве гушкам.
На форумов членуваат луѓе на возраст од 20+ години кои имаат дупли профили и сами себе си лајкуваат мислења. То е.
Недела. Омилената песна пуштена во позадина, нескафе и чоколадца со рум до мене, од прозорецот во собата ѕиркаат сонцето и сончевите зраци, а во душа мир и спокој. Нема поубаво од ова.
Денов го резервирав за плажа. Тамн нема многу гужва, нема деца, нема прскање пред да влезеш во вода. И секако друштво ми прави пивото.
Какво ли разочарување е кога ќе добиеш прекрасен комбинезон за подарок од Австралија, за кој што вриштиш од среќа, го пробуваш и гледаш дека не ти е точен!!!!!!! Зоштоооооооо
Сите оние кои не им значи ништо празникот: Ден на независноста на Република Македонија утре да се нацртаат на работа И во школо се разбира Нема торта за вас
Со мене, не е ништо мало. Не е ништо едноставно, не е ништо безвредно. Јас на се` давам душа, давам боја, давам значење. Големина. Ќе најдам длабочина во навидум обичен гест, обичен збор, поглед, допир. Во животот гледам уметност. Неверојатно е.
Многу ме нервираат луѓе шо оставаат seen сред муабет. Може едно чао барем, 2секунди работа е. Мене ми е незгодно на смајли да не вратам дури, може треба и ја да поработам на тоа вака да им праам на ваквите.