Оние школски/колеги што паничат дека ништо не знаат, а на крај положуваат - многу од нив се анксиозни, пресамокритични и имаат проблеми со самодоверба, не дека намерно вам ви се фолираат. Доста се туфкате колку ве нервираат, туку ако ви се поблиски - по можност помогнете им со самодовербата, ако не - не им обрнувајте внимание ако толку ви пречи. Thanks for coming to my TED talk
Ај не се прајте паметни.Ако во нечие мислење има нешто погрешно напишано,не значи дека личноста е глупа,туку размислете дека можеби искочило погрешно зборче поради ауто-корект и дека таа личност кога ќе ја види грешката,ќе си ја исправи. А,патем може и во вашето мислење да има грешка,па затоа не брзајте со „исправки“ на туѓите мислења.
Кога видов дека денеска некои продавници работат,градежните работници работат.... Не по своја воља туку затоа што нивните газди се лакоми за пари,немаат човечност во нив. На сите кои денеска работеа од форумов им се извинувам за мојот вчерашен пост.
Сакам да кажам дека иако си ги видов галаксиите пред моите очи, на некое внатрешно ниво мислев дека нема да ме фати глата. Ај нека боли, ама лошење, гадење, мава на расположение, ме боли вилица, ме боли на допир, па не ме боли на допир, па ме боли назад па само едната страна. Ко ќе те сечам да видам како ќе ме болиш.
Абе пукнавте, начисто испукавте од ќеф на секој чекор да велите дека сме Северна И за денот на независноста што исправки паднаа дека не сме Македонија, туку Северна, тоа чудо едно Ај политичариве ексик, ама душиве ситни што тапкаат во место сеуште, што добиваат?
Чудно... Си поминува ден за ден,година за година, и си мислиш се е исто. Но, кога ќе погледнеме назад, ништо не е исто, се се променило, па и ние. Некои ме знаат како добар, драг, мил, позитивен, насмеан... Но,за некои сум арогантен и лош... Нормално е, и човечки,никој не може да биде константно ист.. Невозможно е.. Се менуваат нештата и ситуациите, па не менуваат и нас. Можам да се смеам од срце, но може и да пролеам солзи.. За да издржам, можам многу,премногу...Но можам и да ,,пукнам" на ситница.. Навидум банална работа.Тоа е бидејќи, онаа капка што ја прелила чашата е од премногу задржаното во себе.. премолчувајќи во себе за некој си навидум мир.Како и да е, продолжувам напред, оставајќи и убави, драги и среќни спомени,но и неубави и несреќни спомени. И едните и другите остануваат зад мене.
Едвај чекам да дојде периодот кога ќе почнат сите лисја да паѓаат, се да биде покриено во златна боја, да биде ладничко па фино лепо да се подвиткам во кревет со топла пијачка и да уживам...
Календарот заврти нови 30 дена со месец што има р во изговорот, септември. Но, сонцето не се откажува од главната улога. Ги турка облаците зад себе, го развлекува синилото и убедливо потсетува на моќта, 30+... Несомнено, ѕвездите си даваат на значење. Тупотливи чекори пуштени во преполовени денови и украдена глетка во пурпурното зајдисонце на хоризонтот го исцртува динамичниот ритам. Состојки со мирис на ново мени, промена на приоритети во плакарот и игра со ентериерот за сезонска колиритност и проветрување на сетилата. Во нетрпеливо очекување на есенскиот пејзаж, премиерно ми се митари. Deja vu... безпричинското крие позадина.
Обожавам да правам планери, распореди, се што помага за добра организација. Ох, колку ми фалело да подвлекувам со маркери, да запишувам обврски и да поставувам goals кои сакам да бидам исполнети. Кај се родив ваков чудак и воркахолик.
Потрај лето уште малце , те обожавам , посебно звукот на штурчињата навечер , чаша вино на тераса , мирис на свежо косена трева во двор , поглед од високо ... убавини
Посакував да бев малку по сигурна во себе си, да верував во себе си. Ќе беше многу полесно. Да верував дека можам многу повеќе од онолку колку што мислам дека можам, бидејки можам многу, премногу...
Прашањево е супер што го поставиле во делот на прашања за полагање теоретски дел за возачка. Е, лошо е што откако ќе земат возачка 90% не го ни почитуваат. Не олеснувате на возачите почетници што ги престигнувате, им свирите и ги пцуете. И вие некогаш сте биле почетници, не заборавајте,
Така како што музиката може да те врати назад, во некои минати времиња, тешко дека нешто друго може. Намерно ја пуштив старата плејлиста. Намерно затворив очи и се вратив неколку години наназад, барем за момент. Намерно ги разбранував сеќавањата за да видам каде сум грешела а каде сум поентирала, каде сум можела и подобро а каде сум дала максимум. Не беше сјајно тогаш, за среќа сега е подобро. Сега е подобро, да, навистина го кажувам тоа. Неизмерно подобро. Но имав и убави моменти, моменти со чија помош пораснав. Моменти на наивност но и детска безгрижност која никогаш, никогаш нема да се врати. Доста беше. Се враќам тука и сега и можам само да сум благодарна за лекциите од минатото.
Која е поентата да правиш добро дело за некој, не од корист не од друга лоша намера туку исклучиво за личноста да се чувствува добро и среќно и на крај она тоа да не го цени? Ај што вика кој ми е крив што сум го направила тоа, ама трудот да не го цениш? Реторички прашања.
Денес прочитав: „Најдоброто правно лице. Честитки“. Честитаа упис Само се насмеав, ќе сфати дека не е правно лице. Убави спомени ми пробуди
Кога другар ти го оперисуваат од слепо црево дека некња сама му однесов сончоглед да грицка и одма го фати стомак... Да, така ми почна денот па и се сликал после операција...Ајде сега на посета, журим.