Дали кога ги вработуваат на шалтер или еве конкретно во студентска служба критериумот е да бидеш крајно дрска и нервозна личност? Која е потребата да си 24/7 нерасположена, намуртена и да се дереш постојано? Не губиш ништо ако си насмеан, љубезен, фин и пристојно одговориш на тоа што луѓето те прашуваат...
Слушам: „Што се замараш со тие луѓе, си се спасила од нив!“, си мислам: „Или можеби тие се спасиле од неа“
Некои членови ќе отворат нова тема и модератор ќе ја стави во канта. Ај,разбирливо,ако е дупла или безвезна,и треба таму да иде. Но,модератор отвори нова тема која може да ја загрози приватноста на членовите поради нејзината непромисленост,а и такви мислења веќе се ставени во една тема,што ја прави новата непотребен вишок. А,никој не реагира! Браво,народе!
Кој би рекол, ние што сме верни во врска/брак сме станале ендемски вид. И пазете, не сме светици, само си го сакаме и цениме она што го имаме.
СДК1 Во ред е женската особа да поштува друга женска особа и да го брани цел женски род, колку и да не заслужува поради одредени индивидуи да речеме што го грдеат родот. Ама секогаш ќе постојат исклучоци и тоа е во ред, не треба да се генерализира... Поентата е дека машкиот род се поддржува, и не само по форум - сегде речиси ги плукаат девојките на најгрд можен начин и си се поддржуваат. Нормално дека тоа не нѝ дава за право да плукаме род или човек по било која основа, но факт е дека ние сме со повеќе секирации, поемотивни, грижливи, дефинитивно нервозни чоечиња. (Ретко ми се дешава машко да чујам како прима седативи на своја рака). Не дека го оправдувам ова, исклучоци ќе си постојат, а со тоа и емотивни машки, ама речиси на сите машки антидепресив им е пивото и се најискулирани типчиња и не ги боли уво за ништо. Да, зошто да не се поддржиме една со друга, да си дадеме комплимент и да си се подигнеме една со друга? Да си признаеме дека ни вишок килограми, ни салце, ни години, ни изглед, ни килограми не нѐ прави грди. Да речеме стоп на несигурностите и да почнеме да се сакаме сами, а и меѓусебе. Да бидеме задоволни и комотни со родот, со телото, со сѐ што го носиме како особина што нѝ е, Боже мој, припишана. Не сакав јас да крварам 7 дена во неделата, не сакав да носам штикли па да одам со плускавци, не го одбрав животот и одговорноста секогаш да бидам мазна, без влакна, средена, исчупана, издепилирана, без надраснат корен, со цела рутина за лице... Не одбрав ни да раѓам деца, ниту да носам човече во мене 9 месеци. Тој живот ме одбра мене, бидувањето девојче/девојка и жена ќе ми е одговорност цел живот и го сакам тоа. Секогаш чувствував несигурност околу родот и мразев што сум женско, а кога ќе прочитам некој што напаѓа феминист, душава ме боли. Никој не рече дека улогата на феминистот е да ги прави жените супериорни иако го злоупотребувате тоа, не мислам дека ако го возвишува родот е за да ги навреди мажите. Може е само за да се почувствувате убаво. Греота е да плукате по жено-сакачи. СДК2 - Испадна премногу долг пост и заборавив што сакав да кажам. Бидете поздравени и сакајте се.
Зошто секогаш ми се соспива во точно определено време и секогаш во тој час? Значи колку се восхитувам на целава природа на функционирањево на работиве... Прекомплексни сме, тоа сфаќам, ама сѐ што некогаш нѝ треба е да сме разбрани, па и тогаш кога не се разбираме самите.
Кога стануваш со помислата да забележуваш жолти бои, и првото излегување од дома како некој да те облеал во жолта боја, секоја ситница пред мене ја забележувам... Колку само животот е интересен, и ништо не е случајно.
Дојде време да живееме живот како на бојно поле. Незнаеш од која страна може да те погоди некоја граната наречена ,,Автомобил"
Хм.. Ко вчера да беше. Кога утрото беше исто како и денес. И дур се будам тивко ми пееш на образ.. Шаљи анџеле чуваре своје јер је душа душе моје, брани је од зла боже кад не могу ја... Почивај во мир. Те носам со себе како и секогаш. Веќе навикнав да губам. Потпис, твојата ризница на зборови.
Не знам зошто ама отсекогаш деградирачки и потценувачки ми делува кога некој низ разговор додека ти објаснува нешто или си правите муабет едноставно, и ќе ти рече сфаќаш, или капираш, и тоа не еднаш, ами повеќе пати низ муабет
Неколку дена по ред те мислам и се прашувам дали дружбата наша ти недостасува како што ми недостасува мене ,секогаш се чекавме пред да почнеме со предавање на "нашето место" те засакав премногу како личност и како пријател пред се ,ти ми велеше дека уживаш секој момент со мене ,не постоеше тема за која не сме зборувале од љубовни проблеми до аниме ,буквално за се можев да разговарам со тебе .. Највеќе ми фалат прошетките после факс до "нашиот " кафич секогаш ме испраќаше .. Но одеднаш се се смени ти дозволи нашето пријателство да се распадне како кула од карти и тоа многу ме повреди .. Никогаш нема да ти простам те сакав и почитував како вистински пријател а јас сум личност која не може да се дружи со секој ,но овој пат многу погрешив во изборот .. сега се каеш и сакаш се да е како порано но не можам да ти дадам уште една шанса затоа што никогаш нема да е како порано и затоа што не заслужуваш а ова мене нека ми биде лекција за во иднина да размислам два пати кога некој нарекувам пријател.
Читајќи, како многумина им даваат предност на другите, а јас го безицирам приоритетното место единствено за себе, се прашувам дали тие се толку великодушни колку што сум јас егоистички настроена без пардон или сакаат да си создадат простор за возврат, па кога ќе добијат помалку внимание од очекуваното, следи разочарувачки гнев. Одговорот нема да ја промени мојата егоцентричност и не целам кон таква потреба, ама можеби ќе биде поттик некои да ја преиспитаат листата на достојни личности за внимание и доверба пред фактот дека никој не е повреден од нас самите...
Нејзините деца само во странство ќе студирале, никако тука, сите биле будали што дозволувале децата да им учат тука и во државните школи поготово. После од каде детето и омаловажувало, правело булинг на други дечиња, сите биле испод неа... Супер, убаво за твоите деца, нека студираат во странство, но не значи дека тие што учат тука имаат шуга и дека сите се неписмени. Страшно.
Зборови и изрази што полека но сигурно почнуваат да ми одат на нерви: Позитивна енергија Позитивни мисли Мотивација Тимска работа Иновативност (листата може да се надополнува) Нема ништо лошо во нив, само што некако почнаа да ги злоупотребуваат и да ги користат во контекст каде што не припаѓаат.
Психопати,манијаци се шетаат по улици,а во затвор се оние кои пробале да ги спречат во намерата. Лежат како осудени за:Убиство,или нанесување на тешки телесни повреди. Затоа што кај нас немало и нит ќе има Полиција(чест на исклучоци) која треба да ги штити граѓаните. Напротив таа ги штити психопатите,манијаците. Скопје се повеќе станува небезбеден град за живеење,ова го кажувам и не може никој да ме разубеди во тоа. Грозно,жално до кај отиде човечкиот свет....... Спојлер: 18+
Во 00:00 часот на полноќ, излегов на улица по пижами другарка ми да ми даде сончоглед бидејќи ми направи форест кога се слушнавме и ми кажа дека грицка сончоглед, и како за инает баш тогаш додека ја чекав со сад во раце, поминаа 1636 луѓе