Луѓето со електричен тротинет правеле хаос во сообраќајот... Ма,немојте! А,пијан возач во џип зарем не прави хаос? Ех,смотан народе...
Знаете дека јас кога се зачленив во далечната 2014 година бев тинејџер кој мислеше дека знае се,а всушност бев полуписмена? Благодарение на Фемина Форум јас станав колку-толку пописмено човече.Местово беше толку позитивно,секојдневно се отвараа нови теми,се беше фино.Ваму онаму по некое лицемерие и толку.Имаше теми за се и свашта и се беше толку културно,толку позитивно.Секојдневно висев на форумов. Ми беше пре пре интересно,се беше живо. Јас станав човек со овие мислења,благодарение на Фемина Форум јас сфатив што е либералност,што значи да почитуваш туѓо мислење. Немаше теми за различни генерации,немаше поделби на конзерви и либералци. Немаше праќања нудс во ЛП (барем за мене) Си игравме лудо и така. Во 2019 година кога веќе сум повеќе жена од што сум тинејџер не ја гледам Фемина Форум како катче за релаксација.Насекаде вришти лицемерие,потбуцнувања,потсмевања.Некои членови се прават високоинтелигентени и се во фазон „ја нисам одавде“.Не се вклучував едно време,но секој нареден ден е се полошо.Пишуваш мислење во една тема,а ти враќаат мислења од сосем трета во која си пишувал пред 100 години.Некои си имаат и мал број фанови,па си се замислуваат дека се нешто нереално.Си се вклучувам јас и си пишувам во „сигурни“ теми.Теми во кои знам дека ќе нема да бидам лошо сфатена.Веќе не ми се пишува во некои теми пошто знам дека ќе ме цитираат и ќе ми испревртуваат зборови.Сите сакаат да се во право и мислат дека се центар пажња на форумов.Дека без нив ќе пропадне „животот на форумов“ (кој патем,и онака одамна го нема).А,искрено без нив и подобро е.
Хахахаха, пуста јас. Да ви кажам една финтица. Ако сакате да избркате некој од вас, само употребете го мојот сарказам уз муабет, 101% функционира, магла фаќаат. Само доаѓа и со side effects. Може да избегаат од вас и кога не сакате. Јбг.
Пишување дипломски труд е досадна работа дури и со омилената тема, а можам да замислам како е со некоја "наметната"... Или, можеби дека сè си знаеш за својата тема, па некоја "неистражена" би била поинтересна... хммм.
Уживајте максимално во убавите моменти. Особено оние кои знаете дека нема да траат долго.. Дека еден ден ќе станат само спомени врежани засекогаш во срцето.... Посакувам да потраеше ама, се е привремено. Иако знаев дека ќе дојдеше до ова, сепак посакувам..
На секој просечен човек со мислење на секоја можна тема му е јасно дека капитализмот е лош, за експлоатацијата на труд во него итн., ама кога во реалноста некој не би прифатил радо да работи во дискутабилни услови и за најниска можна плата - за многу од истите веднаш оди муабетот „младите се пребирливи, мрзливи, паразити, чекаат пари од мама и тато за кафе“ и слично. Practice what you preach, м? Не иде така, другари...
Лесно им е на другите, оние што ме имаат мене. Лесно е во мене да се верува, на мене да се смета. Немам гордост, не терам инает, не играм игри. Ми треба во животот личност како мене. И мене да ми биде така лесно.
Не значи дека е некој глуп ако гледа и приметува се, а не реагира, значи дека нејќе да се замара едноставно.
Колку малку е потребно за мислите да запловат во водите на несигурноста? Една песна, еден филм, една фотографија или личност и ете сме за миг се обидуваме да одржиме рамнотежа помеѓу она што некогаш сме биле и она што сме денес. Вечерва се вратив години наназад, кога поимот Самодоверба ми беше нешто најдалечно и недофатливо. Се прашувам како ли се изборив за себе? Сите лоши спомени мислам дека ги прегазив во мигот кога стапнав во местото во кое бев само странец. Сфатив колку всушност не постои калап во кој треба да се вклопам. Тоа беше само имагинарна творба која ми ја наметнуваа ограничените умови со кои бев опкружена. Постојано предочувајќи ми ги моите несигурности, кршејќи го мразот онаму каде беше најтенок. Градев тврдина околу себе, обод, а тие сепак успеваа да го најдат начинот за да ја разнишаат сета моја „цврстина“. Како измамата со Тројанскиот коњ, ти се приближуваат навидум љубезно и пријателски за потоа кога најмалку очекуваш да те симнат од тронот наречен Себепочит. Успеаа неброено пати во тоа. Сѐ додека не сфатив дека јас бев жртва само и единствено во нивниот свет, во нивната креација. Сѐ додека не сфатив дека треба да го завладеам својот свет за да не бидам потчинета и во нивниот. Денес после толку време, еден од нив се срамеше да ме погледне во очи. Ветер и магла ги разнесоа сите мои сомневања во себеси уште кога се појавив како странец. Се потсетив на Несигурната јас на неколку секунди, исто толку колку што требаше за да ја одминам таа личност со поглед свртен кон различното, разнобојното, сигурното.
СДК 1: Кога можете на форум да пишувате и објаснувате какви биле и што правеле некои други, трети, петти лица, може поарно ќе е нив да им ги кажете забелешките, наместо тука? Поголема корист ќе има. Исто и со она као дискретна посвета на член, па ќе се пронајде кој што треба. СДК 2: Ми се допаѓа што високите температури се зад нас, оти цело лето не можев убаво да го изнагушкам либе без да се препотиме. Сега ќе си се топлиме и убаво ќе ни биде.
СДК дека поради нечија тврдоглавост го претворивме форумов во Грамафина. Не чини да си тврдоглав цело време.
Сакам да кажам дека некогаш сакам одредени песни на рипит. И постојано и постојано. You're never gonna get it I'm a hazard to myself I'll break it to you easy This is hell, this is hell You're looking and whispering You think I'm someone else This is hell, yes. Literal hell. - Andy Black
Не знам зошто, но во општествово најгласни се простите луѓе. Паметните и едуцираните луѓе многу ретко да ги слушнеш да се расправаат, да се прават дека знаат се на секоја тема на муабет, да се дерат, наметнуваат и да користат уличарски речник. Малку зборуваат, но се што ќе кажат вреди како да кажале премногу. Едноставно се забележуваат тие луѓе, што немаат потреба да се пренамагаат со тоа дека мозок им тече нив од што го имаат премногу и да се прават сезнајковци. Но, за жал често пати ако е некој мирен и тивок, резервиран и не сака да е вмешан во ништо го сметаат за глупав, не зборел ништо и слично.
Секад добро ми идел муабетот со личности родени во септември. И тоа до онесвестување добро. Најслатките симпатии ми имаат роденден во септември. Имав план месецов да им посветам некој ден на сите тие и групно да ги испоштовам. Од далеку и без да знаат. Јас ке ги отпивам скришно, а они нека ми оживуваат спомени. Еве неделно, додека чекам да ми допере машинава ми делува како сосем соодветен ден за тоа. Нека им врнат радости и среќа во домите! , Ваша М
Читајќи ја експонираната тема Машки кои се шминкаат, а јас како женско непознавач на шминкерската техника и либерална по убедувања, од љубопитство би ѕирнала во козметичкото катче на дотичниот и така среден би прошетале со "заменети улоги" Колку е едноставно ако секој ги користи сетилата само за вистинската функција...
Трпение спасение. Морам да си ги повторувам зборовиве постојано и да верувам во нив, иначе тешко мене.