Добро утро Македонијо. Вчерашната вечер ми беше прекрасна, излеговме на прошетка покрај море и фативме муабети, се заборавивме. А мислам дека таков муабет немам направено ниту еднаш во мојот живот. Ќе се промени се, за нечие добро ама таа промена носи големи бремиња. Да си го сркнам кафето и право на работа.
Обично се трудам да замижам очи на сите глупости во околинава ама оваа појава едноставно ми е трагикомична. Живее во странство, доаѓа тука по 2недели у рок од 2години, нели Македоунија не и е на ниво веќе ама на интернет е прва да плука за се шо е у Македоунијата и веднаш споредби „тука не е така“, „јас каде што сум“, „тука платата мене толкава ми е“, „знаете ли тука кај што се доселив што сум ја“... Во ред е, сите знаат каде живееш, што работиш, колку плата земаш и дека тука ние сме сиротињи и за ништо не не бива, не мора 100 пати секаде да го напишеш истото.
Абе многу лажете или стварно сте у некој розев свет како шо пишувате на форумот. Камо на сите така да ни беше, да ни "цутат китки" секоја ден.
Јас незнам што им е на сите во последно време.Еден пишува многу правописни грешки,друг бескорисно било да се пишува тука,трет дека сите глумеле дека им е сјајно.Аман бе луѓе па ова е форум,тука ќе пишувам што сакам.Сакам да глумам некоја друга личност ќе глумам.А може и тие луѓе навистина се среќни.Единствено што неможам е да навредам некого иако понекогаш ми се случува морам да признаам.Правописни грешки правам и ќе правам додека пишувам овде и си раскажувам.Не сакам да бидам како под присила да не згрешам нешто кога ќе дојдам тука.Овде ми е за рекреација.позз и убава ноќ
Форумов е полн со манијачишта кои мислат дека овде може да си најдат женска за секс. Уште тие ни фалат да ни го разубават форумов. Изгоревме по такви.
Кога ќе помислам дека сите ние сме суштества со прекраток животен век на некоја толку мала сина планета во огромна галаксија во уште поогромен универзум сфаќам колку си ја замарам душава со премногу небитни и пролазни работи. По некоја година од сега ова најверојатно воопшто нема да ми е битно. Многу малку време сме тука за да дозволиме други луѓе толку да не' исцрпуваат. И нив еден ден ќе ги нема. Се' ќе помине. Живејте онака како што ви е најубаво.
Изминатава недела ми беше премногу бурна,нестабилни емоции и неискажани зборови... Едно е видливо и не можам да го оспорам,не сум ментално добро,точно,не сум воопшто среќна,исто точно,главата ми е хаос,животов уште поголем хаос..Ама сето тоа е океј,исто прифатив дека е сосема во ред да не си добро,да кажеш на глас,на некој,да заплачеш пред некој,да се срушиш пред некој,океј е,човечки е. Мислев дека ќе ми помине за брзо,дека ќе заборавам на одредени мигови,дека ќе се средам и полесно ќе закрпнам...Мислев дека ќе успеам да направам промена барем кај таа една личност,која најмногу ме убива. Сепак и благодарам за едниот одговор и покрај останатите милион мои пораки,сепак и благодарам за финансиската помош...Сепак тука фали нешто,ама во ред,поминало толку време,навикната сум,ќе си траам уште толку.Само се грижам за денот во кој сигурно ќе пукне нешто во мене и се надевам дека нема да биде страшно како што замислувам. Ако мислиш дека се уште плачам зад затворени врати сама,ако мислиш дека повторно ќе ме повредиш со истите зборови,ако мислиш дека ќе ме придобиеш на таков начин,многу си погрешил,веќе НЕ! Доволно време поминало,за јас да се зацврстам и да ги дигнам високо ѕидовите околу мене,за никој да не ме повреди,најмалку ти!Едноставно не се трудам веќе за тебе,не ми е гајле што ќе правиш или нема да правиш!Ќе живеам од сега за мене и само мене! Секој ден секаде среќавам постови за diversity и equality,дури и го учиме тоа,баш неделава имав и таква презентација,преубави одбрани зборови и поговорки за тоа како сите сме уникатни сами по себе,и дека никој не треба да биде дискриминиран по било кој основ.Користиме и методи како да се справиме со дискриминацијата и стереотипите,но никако да ги примениме.Жална слика и болни сеќавања од некој кој се обидел да не повреди само затоа што сме различни од другите.Сите некогаш сме го направиле тоа,повеќе пати сакајќи и осудувајќи ,и без притоа да ја знаеме другата страна и што таа чувствува. Еве за почеток,обидете се да бидете повеќе емпатични и прифатете ги тие разлики,не избрзувајте веднаш со осудите. Промената е во вас
Денеска летам од среќа, прекрасни работи ми се случија, и на работа и на факс. Колку само е убаво кога живееш со позитивни мисли и се трудиш сам да се направиш среќен без да зависиш од другите.
Најлошо нешто е кога сакаш нешто да смениш а рацете ти се врзани, едноставно не можеш ништо да направиш во врска со тоа, можеш само да гледаш како ти се руши светот..
Ти зборуваат зад грб, не знаат дека сосема случајно си им го слушнал муабетот, продолжуваат да ти прават лице пред тебе, се прават арни, за да продолжат да те искористуваат. Но, штом си слушнал што ти зборуваат зад грб веќе не може ништо да биде исто, се правиш како да не знаеш ништо, како да е сè најнормално, ама веќе знаеш дека не заслужуваат да им помогнеш кога ќе им треба помош. Туку таквите да гледаш ако можеш да ги искористиш само, да им наплатиш за нивната злоба.
Кога не познавате некого лично не треба да кажувате дека таа личност не користела козметички средства или дека не се разбира од ефекти во фотографии. Не знаете колкаво знаење има и затоа е подобро да се воздржите од кажување навредливи мислења. Ако вака правите некому,не очекувајте дека ќе ви премолчат.
Повеќе од третина од животот ми помина со таа серија. Заврши, толку. Штотуку бев станала тинејџерка кога ја загледав, а сега сум возрасна личност. Лекциите кои ги научив од неа многу ми влијаеја. На позитивен начин секако. Од една страна боли, пецка на еден посебен начин, од друга страна многу сум среќна што пред 7 години случајно налетав на една епизода и одлучив да се внесам. Едно знам најсигурно, и по 10 години од сега нема да ја заборавам и ќе ми буди носталгични чувства. Ако имам деца во иднина и тие ќе ја гледаат. Ќе научат, како јас што научив. Колку пријателството е магично. Животот продолжува.
Не сакам ни да поминувам повеќе покрај обична раја. Ќе мине некој небањат и сега ми се расипа вечерата, не можам да јадам, а пола саат помина.
Дали сум ја будала што враќам на секој што ќе сака да ме праша нешто или му треба помош за некоја работа или другиве се премногу нељубезни и сурови, којзнае..
Драга јас, Не дозволувај да ги земаш неповолните вести здраво за готово и да се трудиш да го направиш најдоброто спрема ситуацијата- биди агресивна и одлучна, налути се и искажува го твоето мислење. Нека се плашат другите од твоите критики! Агресијата ти е пријател.