Животот е како еден 24 часовен ден. Игрејсонцето е исчекување на раѓање.Полно желби и надежи за убав ден.Куп планови и стравови.Време на доручеци и мекици, време на славење на новиот ден и новиот живот. Пред пладне е тинејџерството кога жежи и печи, кога ,,удира,, во глава.Кога се ти е рамно и кога не ја осеќаш жештината на сонцето ниту може тоа пречка да ти биде.Кога цел свет е твој.Некои го преспиваат, некои се трезнат, некои имаат главоболки, а некои со книга во рака го уживаат искачувањето на сонцето нагоре.Некои го буткаат животот, а некои животот ги бутка. Пладне е цветот и залетот.Прашање е: ќе гориш или ќе се прибереш.Некои горат па цел живот носат дамки, паметните се прибираат и се пазат, знаат дека денот не е само ,,точно е 12 часот,, дека имало и пред, ама има и после.. После пладне паѓа сонцето, станува поблаго, помирно,тоа е зрелоста.Тоа е период кога и да се изложиш на сонце нема никаква штета.Етапа од денот и животот кога квалитетот на денот и животот ти е поважен од квантитетот на случки.Не те храни повеќе брзината на денот, туку неговата бавност.Едноставно, сакаш да го запреш времето на одредени моменти. Постепено настапува ноќта и вечниот сон.Единствено во оваа етапа од ноќта и животот никој незнае што се случува.Сонот и покојот секогаш не носат на други места.
Зошто децата ги прават неспособни од мали нозе? Вибер групи на родителите и пишување кога се имало тестови, кога родителски, што било за учење, што за домашна. И после не знаеле да се снајдат за ништо, епа нема да знаат, секогаш се на готово дома, се спремно од родителите, домашните напишани од родителите... Немаше вибер групи до пред некоја година, па еве и ние завршивме образование, ако си заборавев домашно немаше мајката на Лука да пише во група дека имаме домашно, ќе си добиев минус, па за следен пат ќе ми текнеше повнимателно да слушам. Од нив создавате само неспособни и неписмени генерации, не им помагате со овој начин, но вие си знаете. Не е крив само образовниот систем.
Да,да смејте му се на Трамп,прајте го лош и глупав,но не се вреѓајте кога некој друг ви го прави истото. Исти сте како оној кој го критикувате.
Емоциите толку се потценуваат, исмеваат, девалвираат во јавната сфера со одвратна гордост и чувство на самопрогласена зрелост. По ѓаволите со онаа "facts over feelings" филозофија од луѓе што всушност иронично се далеку и од фактите. Вистински ослободен разум и факти во комбинација со емоција, личен независен морал и страст, се она што (треба да) го врти светот.
Денес дознав тажна вест, животот е едно кратко време, знаеме кога почнал ама кога завршува никој не знае, каде оди душата, спомените...Затоа уживајте секогаш и сакајте си ги најблиските засекогаш.
Дефинитивно сум се сменил... Порано копнеев за слободно време, за одмор, за бадијалчење по дома или маало.... Сега, осум дена дома и веќе не знаам што со себе, дури и мојата љубов (точакот) веќе не ми е интересен... Па дури и батеријата на телефонот ми треа по цел ден... Ми фали раното станување, гужвите, динамиката на работата, градот... ми фалат колегиумите, координациите, расправиите на работа, предизвиците на новите моменти... Ми фали возењето сам низ државава... магијата на секој град.. ми фалат патувањата со кола по околните држави, трчањето по аеродромите, шлаењето по аеродроми и градови каде одам прв пат... и потоа долгите пешачења, за поубаво да го осетам секое место... Ај.. од утре на работа...
Na forumot ke prasas nesto a ke ti odgovorat nesto naopaku sto ne si prashala i na kraj uste ke te navredat, budala ke ispadnesh ne prashuvajte nisto ovde.
Мразам чекање. Да, знам, никој не го сака, но јас го мразам од дното на душата. Како ли сум станала волку нестрплива...
Сакам да се родев Грета Тунберг, на 16 години да ме седнеа во ООН и да бев дете-сензација пред светската јавност.
Смачено ми е од менталитетов. Преку глава ми е дојдено од спреченоста да направам еден обичен муабет без притоа истиот да биде пренесен на некое десето лице. Од најпрости информации за што сум прочитала низ нет па сѐ до некој план или идеја. Сѐ, ама сѐ мора да стигне до ушите на личност на која не сум планирала да кажам. Чувај се од колешки, чувај се од познаници, чувај се од роднини. Ко на селска чешма, сѐ треба да се пренесе. Никој не знае да зборува за себе, да не остане за другите некажано. И после зошто сум била толку приватна личност. Ма иден разговор има три саати да ви филозофирам за времето надвор. Ќе ви зборам за тоа дали дента има кумулуси, стратуси, нимбостратуси и што значат истите, дали ќе врне или не. Ајт.
На Инстаграм дур листав ми излезе спонзориран профил од градинка Грин хаус. Отворив и што да видам, секој чекор на децата сликан и ставен на нивниот профил. А нешто што најмногу ми падна во очи беа слики од дечињата по купачи, голи и боси сликани од различен кадар. Ај градинката ја сфаќам, си се рекламира па трупа профил со тон слики, за следачи, лајкови и поголема заработка се ќе направат, ама не ми е јасно како родителите дозволуваат. Отклучен профил, јавно достапен за сите. Жалосно е што им е дозволено децата да ги користат за профит и тоа на таков начин.
Нема оправдување за тоа да сликнеш/снимаш рандом човек во јавност што си брка своја работа без да штети никому и да постираш сликата/видеото каде се гледа неговиот идентитет без дозвола јавно на социјална мрежа. Стварно и социјалниве мрежи не се за секого...
Она кога си верник, посветено и доброволно (поради љубов кон Бог и затоа што сосема ти е убаво, а не поради страв) следиш заповеди, а истовремено ниту си заглавена во патријархат, ниту си ограниена на било кој начин. Да, можно е. Иако најчесто едно со друго оди рака под рака, но не мора. И додека гледаш, слушаш, читаш како се оправаат кој е во право, кој не е, ти само се насмевнуваш, затоа што, она што го чувствуваш не можеш да го објасниш. Задоволство, мир, среќа. Знаеш што, зошто и како те довело до тоа духовно ниво. На крајот од денот, важно е што носиме во себе и колку мирно можеме да заспиеме.
Што им е толку тешко на луѓето да ти прозборат кога ќе те сретнат, а заедно сте учеле/работеле со години, сте се дружеле најнормално...Од кога стана полесно да се свртиш на другата страна и да глумиме дека сме странци? Океј мислам и така сум се повеќе алергична на лицемерие и комуникација ради реда... ама едноставно глупо е...или барем тие што имаат осет знаат дека е глупо.
Типови членки и членови на форумов: - Членови кои коментираат бидејќи уживаат и сакаат да споделат свое мислење - Членови кои бегаат од својот мизерен живот и го наоѓаат спокојството тука. - Членови кои имаат проблеми и бараат совет, како и сите ние. - Членови кои ги преполнуваат темите во категоријата "Форумски игри", бијдеќи не знаат дека less is more. - Членови кои не знаат дека тие мислења не се бројат - Членови кои имаат одличен вкус за музика и филмови (дечки, животот ми го имате сменето). - Членови кои се саркастички и на тој начин се справуваат со светот. Тоа е океј, и повеќе од океј. Сите ние/вие сте/сме прекрасни луѓе. Овој форум нема да е тоа што е без вас! Се најавувам со задоволство, и уживам во Вашите мислења. Но, со секое добро има и лошо. - Членови кои имаат 2-3 профили за да си лајкнуваат или биле испровоцирани од друг член, па сега се прават јаки од лажен профил. Ве знаеме кои сте според начинот на кои пишувате, не сте многу паметни. - Членови кои доаѓаат само да се караат! Дечки дај бе пукајте се надвор со реалните луѓе кои ве изнервирале, никој не е должен тука да трпи да се понашате коо на улица. - Членови кои лајкнуваат мислења само заради името на тој што го напишал, а не заради тоа што е напишано. - Членови кои откако сум тука немаат напишано ништо позитивно. Како може да живеете со таа негативност, не сте ми јасни. - Членови кои се прават многу паметни (моите омилени). Лажам, сега ќе ви кажам кои ми се омилени. Омилени ми се тие што ја полнат категоријата "Канта". Добро бе, вие слепи ли сте? Има горе копче или прозорче на кое пишува ПРЕБАРУВАЈ. Пишете што ви треба и јас гаранитрам дека тоа што ви треба ќе го најдете. Немора да го полните формуов со непотребни работи и да им отварате уште толку работа на модераторите. Па јас мислев паметни сте.. И вие што барате семинарски, загрејте го столчето и направете си сами, и вие што барате есеи на книги. Добри ли сите? Прочитајте ги книгите за да си го зголемите вокабуларот, за да уживате, за да избегате од реалноста. Поентава ми е, сите сте прекрасни луѓе и јас морав ова да ви го кажам. Ве сакам сите!