Долга беше ноќта пред него. Уште цели 5 часа до повторното излегување меѓу мртвите. Помеѓу луѓето кои не ги сака но мора да биде со нив. Закован помеѓу себе и слободата, Ријад мораше да зјапа во темнината пред него велејќи си себеси дека заморот од држењето отворени очи ќе му донесе сон. Броејќи ги секундите, а потоа и минутите не беше забележал кога се телепортирал повторно кај неа. Среќен што ја гледа брза со чекор да ја стигне иако повторно не му доаѓаат зборови ниту тема за која би знаел дека ќе ја интересира. Патот до неа е подолг од вообичаено. Ријад чувствува дека секој чекор му станува се потежок, секое поместување на ногата е чувство како да влече сидро со него, а секој обид да зграпчи чекор почнува да станува невозможна мисија. Застанува за кратко да опсервира, неговата сила секогаш била разумот кој му вели дека никогаш не се откажал од предизвик ако има логична разврска и секогаш знаел како да го надмине. Додека стои така и се обидува да го одгатне и ова, забележува дека веќе е во жива песок. Свесен дека не смее повеќе насилно да влече напред прекинува да земе воздух и да најде излез. Додека полека ја крева главата нагоре и очајнички го бара излезот забележува дека пред него не е повеќе една, туку две силуети. Сликата е она од што се плаши најмногу. Дакота е веќе во прегратките на друг. А оној другиот изгледа баш онака како и што го замислуваше, залижан тип со полузатегната кошула со отворено копче од кое се гледа златен ланец. Шпиц кондури со мирис на колонска вода од кој она се труе. Со едната рака ја држи за половината, а со другата е потпран на масата на која му стои клучот од БМВ и пивото кое го пие. Ријад не знае како понатаму, одеднаш сите слики кои ги предизвикува оваа му се појавуваат во глава. Добро го знае и типот со неа, обичен идиот чиј најголем успех е добиената диплома од средно образование. Лигав тип на кој тој последен пат обратил внимание кога во доцните часови се движел низ неговата улица како криминалец кој проверува чија кола е заборавена отклучена. Одмавнува со главата и по стоти пат пред себе си изговора, нели веќе не, нели батали, нели не вреди, и повторно оправдување секако не одев во тој правец не ме ни интересира, како е таа мој проблем. А што ако ме чекаше? Зарем сонцето не свети исто во секој град? Можеби и требаше некој кој ќе и каже дека заслужува сонце дека не секогаш врне кога е со него, дека.... одеднаш започнува музика а тој се плаши од ѕвоната кои ги слуша, се плаши дека таа е пред олтар а надвор тој само слуша како стариот клисар чука силно. Сепак не, сепак алармот повторно го спасува Ријад од ужасните кошмари кои доаѓаат со недели наназад. Утро е, морам да подготвам кафе пред да се вратам меѓу нив. Тие се таму, мртвите се секогаш таму.
Една од особините за да се вложи и изгради квалитетна пријателска и љубовна врска, малку треба, а многу вреди.... лојалност. Секогаш е време за нови предизвици и цели... Ништо не губиме, а може да ја имаме таа сигурна и доверлива личност.
Како личност која што често порачува производи од интернет , сметам дека е многу некултурно доставувач да те праша, доколку не можеш во моментот да ја подигнеш пратката дали имаш некој друг дома? Не, немам никој дома , ете ти адреса, можеш слободно да пратиш некој да ме ограби или што ти знам, кога сум рекла не можам, значи така е, а не да испрашуваат детали од типот кој имаш/дали имаш и онака се јавуваат кога ќе им текне. Можеби претерано размислувам ама какво време дојде, човек треба да пази што зборува.
Многу ме нервира немањето осет за другиот. Пола ден ми мине со луѓе без осет што морам да ги трпам оти ми се нашле некако во непосредна близина. Кој што сака си прави. И работава е баш, к*р ми е, двор ми е. Еден пушта музика и трешти цел град, друг пече ајвар и насекаде чури, трет се опил и се тепа со жена му, четврт скајпа од дворот со роѓата од Чикаго без слушалки, у маркет се буткаат со колички у тебе дека занесени по полици, на пешачки спремен е да те гази ако стаса некаде 2 секунди порано, у банка редовно има силвер фокс чопори спремни да се тепаат оти не знаат да извадат 500 ден на банкомат и така... Колективно лудило. Некна бев спремна и јас да се тепам со еден на пешачки. Ти улав, ја поулава. Жими мене, на раб бев да удрам со рака по хаубата ама шо дека? Раката ќе ме боли само. Ми застанува кола да минам на пешачки, он паметен, ја претицува и оди на другата лента да си помине. Ќе ме газиш ли бе другар? Ќе ме лежиш ли? У светот возачки зимаат за така ама тука си само уште еден што ќе се претопи во толпата. Дишиш длабоко и гледаш карти за у еден правец. За подобрување на психофизичкото здравје.
СДК1 Она кога келнерка у Немачка се доживува како способна, тоа другото у Нортот неспособно било, она била способна. ОК. Наредна будала. СДК2 Форумов ми е навистина отприлика бескорисен.
Секој ден има огласи за молери,келнери,помошници во кујна,пекари,рецепционери,менаџери,правници и медицински персонал итн. Компаниите преку праксите нудат и потенцијални вработувања. Ама,пак младинава вика дека нема работа во државава. Море има,но на некои помалку платените професии им се испод чест... Епа,не може сите да бидете директорчиња!
Се враќам од работа по напорен работен ден, и наместо да одморам, јас седнувам пред компјутер полна со нови идеи, да се подготвувам за деновите што следат. Никој не ми рече да го правам тоа за утре, не е итно, едноставно имам инспирација. Убаво ми е да го правам ова. Го правам затоа што сакам, не затоа што морам. И душава и срцето ми се исполнети до даска. Налетав на тема на форумов дека работата е модерно ропство. Знам дека многу луѓе така гледаат на тоа, за жал. Ете, можеби сум имала среќа, можеби сум имала и доволно смелост да ги следам соништата и да бидам упорна. Но за мене работата не е ропство, чисто задоволство е. И можеби ова е тој момент кога човек сфаќа колку си ја сака работата.
Можеби ќе звучам злобно, но, навистина мразам личности кои секојдневно се жалат за нешто. Јас разбирам дека сите имаме моменти во кои ни дошло преку глава и се прелила чашата и тоа е океј. Но, не можам да разберам секојдневно жалење за работи со кои се соочуваме сите ние во помала или поголема степен. Мислам дека ми пренесуваат од нивната негативна енергија, и воопшто не се чувствувам пријатно.
Добро,толку ли ви е досаден животот што единствено што ви текнува е да ширите дезинформации за членови и членки на форумов? Да ви се плукнам во недозреаниот памет!
За мене најубавото опуштање и уживање е она со шолја капучино,неколку коцки чоколадо,серија и во друштво на најомилениот крзнен пријател кој преде непрекинато.
Се се учи, нели? Не знам колку е за восхит и гордост, ама научив да одолеам на многу предизвици, па дури и на искушението. Тој не успеал, ама јас несакајќи развив умешност. Ех, да беше жив Оскар Вајлд...
У книжара запнала ме убедува 10мин таа вработената тој од 6000 бил подобар атлас од тој од 4000 ама ја сум си знаела сепак. И викам шо е разликата, сам да не се учи тој од 6000денари случајно? Па се заќуте. Нели им е срам на секој чекор од студенти да земат да печалат...
Колку гнасен и злобен народ чекори по земјава. Да можат дома низ прозор ќе фрлат отров за да ти го отрујат миленикот. Тој што ми го отру кучето и сите кои трујаат и/или поддржуваат труење да се удават еден ден во сопствениот отров заедно со сите дома. Отровот со кој трујате е неспоредливо помал од оној кој го носите внатре во себе. Не го заслужувате патетичниот живот што го живеете и кислородот кој го трошите.
Секогаш кога зезнам нешто низ дома, махер сум да го средам тоа, и на крајот се смешкам тешејќи се со зборовите- ни лук си јал, ни лук си мирисал
Не учам од туѓи грешки, тоа го знам. А не учам ни од сопствените. Не и не... А тоа е лошо. Лошо е кога човек се гори постојано од ист оган. Упорноста понекогаш граничи со глупост. Добрината исто така. До кога ќе бидам онаа што губи, а мора да се смее?
Реков не се ситам на ничие здравје. Ни на несреќа, ни на непознат човек. Не се ни објаснувам. Не се ни трудам. Едноставно е.