Тоа што ми го кажуваат останува врежано во мојот памет и во моето срце. Тешки навреди,закани и уцени не заборавам. Крварам и тонам. Но,мојата надеж не умира. Само морам да останам доследна на себе.Јас си се познавам најдобро.Ќе најдам начин да зацелам. Велат дека времето е лек за се.Не знам дали во мојот случај ќе биде така,но ќе видам. Можеби некогаш ќе се појави некој кој вистински ќе ме цени и ќе направи конечно да заборавам на сите грди настани.Тоа е уште една моја надеж која ме мотивира да терам понатаму.
Она кога луѓе далеку километри што никогаш не те сретнале во животот прават да се чувствуваш подобро за себе отколку повеќето од оние што се блиску до тебе, а сепак далечни. И посакуваш да си имаш такви луѓе покрај себе, макар и самите тие. Луѓето кои успеваат да ти ја згреат душата без разлика на далечината. Луѓе како сонце. И фактот што никогаш не си ги сретнал не го прави тоа ни малку понебитно. Секогаш ќе бидам благодарна, макар и да не ни се вкрстат патиштата некогаш.
Немам бугарски пасош. Бев противник за ваѓање. Демеска, после се, прва би заминала. Фала ти државо, се надевам дека нема да се дружиме уште долго.
Времето тече безмилосно,работите не се враќаат назад,грешките што се направени не се исправаат,тие служат да си внимаваш во иднина да не ги повториш,сите велат од грешките учиме,но некои грешки се фатални. Среќа,здравје и радост нека не служи мене и моето семејство,и сите останати,другите работи сами ке си се решат.
Кога ќе слушнам како малечки искомплексирани мажиња викаат дека некоја успешна жена стигнала на висока позиција спиејќи со сите директори и шефови, во себе си викам загреота човекот. Сигурно добил стотици корпи, не почувствувал никаква женска љубов и нежност освен од мајка му, па очигледно жените ги гледа како непријатели и сексуални објекти. Не вреди да ни да го погледнеш, а не па да водиш дискусии со него. Батали, го сожалувам. Ама кога ќе видам како некоја жена дава исти негативни коментари за други успешни жени, е тоа не можам да го сфатам. Што е проблемот не разбирам. Единствено што ми паѓа на памет е завист, а друго не знам. Значи сите знаеме дека постојат многу мажи и жени кои поради сплет на околности решиле да градат кариера на таков начин, ама ти да застанеш и за секоја успешна жена (потенцирано жена) да кажуваш дека клечела на колена пред директор, треба стварно да имаш некоја тешка траума од детството. Најлошо е кога некој сам си се понижува. Таа како жена застанала да го напаѓа и го омаловажува цел женски род, вклучувајќи се и себе, мајка и, ќерка и, сестра и...Ама како? Ама зошто? Никој не знае. Највистина треба да постои задолжителна посета кај психолог заради навремено решавање проблеми и трауми од младоста и детството. Инаку еве накај тераме...
Сакам да кажам дека многу ми е жал за сообраќајната несреќа со автобусот.Од друга страна многу сум изненадена колку многу луѓе се спремни за да помогнат.Несебично.Без разлика дали на Македонец или Албанец.Секако има исклучок на некои си национилисти,но многу голем број на луѓе кои искрено сакаат да помогни.Можеби,после се има некаква искра надеж во оваа држава останата.Можеби се е до политичарите,а не е до луѓето.Барем сега сум сигурна дека немаме толку многу голем недостаток на хуманост во оваа држава и покрај се.
Ме разочара по не знам кој пат чувството на загуба на живот. Секоја загуба на најважното е болна но што да се каже за млади животи полни со надеж, ентузијазам, верба. Одиш те влече мотивот за подобро утре и останува само тоа. Велат живеј го секој момент како да е последен. А што ако е навистина последен?
Од Западот и светот има слики од, на пример, човек што едно маченце се вратил да го извади и спаси од пожар, кои со години се вртат по социјални мрежи така без идентитет и никаква „слава“ за личноста - па не се буни никој во коментари, туку луѓе ја слават и им влева надеж добрината. Ама тука во Македонија мора и во најлоши околности некои да се истакнат со своите филозофии и поделби на „вистински“ хуманитарци и „патетични“ кои се сликнале, сликнале и/или фалат други... Не, оние кои би требало нешто човечко да научат - тешко дека ќе научат од било што. Само нека се работи реално на условите во секоја сфера (оти од небо ништо не доаѓа и не се враќа), за да не се случува апсолутно никому...
Се молат мажите кои се палат на трансексуалци да не се декларираат како стрејт и алфа мажјаци, а притоа да плукаат по хомо и бисексуалците. Пошо по сами себе плукаат. Фмп!
Сакам да кажам дека треба да има посебен круг во пеколот за педерчиња и пичиња во душа.. На пример, такви што ќе те извреѓаат во коментар на ФБ, па ти елегантно ќе му вратиш дека нема мозок повеќе од еден петел, па ќе ти рече - ти прва почна да ме вреѓаш. Скриншот бејби, моќна работа...Е*би се, испод чест ми е да губам време за дискусии со мажи без муда.. Друго нешто сакав да кажам... Гледаш некој објавил оглас за работа и под него 50 души дискутираат како тоа е мала плата... Епа драги мои македончиња, што сте се фатиле за суќната на мамичка, мамини синчиња што чекате мамичка да ви даде 200 денари за кафе и цигари... одете по странство и крваво заработете ги парите, за да ги цените малку повеќе. За да го цените тоа што мамичка ви го дава.. Или засукајте ракави и работете 350 дена во годината по 12 саати и не се жалете дека се нема.. Се нема ако не се работи.. Па слушам муабети од типот - леле син ми/ќерка ми заврши факултет, па нели е греота да работи во маркет за 200 евра? Не е греота тетке, не е.. Остави ги сами децата твои да си заработат па после кога ќе успеат да се искачат некаде погоре со плата од 300-400 или 500 евра, да се гордееш со нив.. Седиме, губиме скапоцено време и чекаме некој друг да направи нешто за нас. Нема никој ништо да направи, барем не онака од што сме му убави.. Или ќе платиш за услуга или ќе си завршиш работа сам.. толку е просто, ама никако да разбереме. Убаво е додека лежиме, ама спомени нема од лежење..А богами и пари не паѓаат од плафон... Ние сме ти во глобала смотан народ.. веруваме на бајачки, гатачки, на комшијата што ќе ти среди за германска виза со термин во Црна гора за еден месец, затоа што тука многу се чекало.. Веруваме дека може некој така од Марс паднат без престојувалиште во Конго да речеме, да се појави во германска амбасада во некоја си пустелија во Конго и да рече - дојдов да поднесам барање за виза.. со насмевка од 6ка до 6ка.. Од мозокот си патиме... од тој што го немаме де.. #ЗаМакедонЦкитеРаботи...
Некои луѓе забораваат дека се родени од луѓе. Не можат да живеат без да навредат и понижат некого. Страшно,еј...
До мене е, или навистина е тотално непријатно кога средовечен маж на интервју за работа ќе праша дали имаш дечко? Па, после као случајно има a sudden change of tone and mood. А, и никогаш не сфатив зошто им е битен брачниот статус кога и онака договорите за работа ги даваат на по еден месец, па ако евентуално се задоволни од она како ти им акаш за ич пари, ќе продужат на по еден месец, соодветно.
Другарка само што ми кажа дека веќе родендени немало да слави затоа што за роденден и носеле ѓубриња и не и вредел трошокот да го прави, она правела роденден за поклоните. Малце се осетив навредено зашто за да и купам поклон со денови тргав на страна од моја заштеда и џепарлак за да и купам нешто појше ситници кои знам дека ги користи, омиленото благо, омилен накит што го носи, козметика што ја користи, а и кога си средношколец или студент не ни имаш луксузи за поклони од по 2-3илјади да купуваш на некого. И мислев дека повеќе луѓето гледаат колку си се потрудил отколку колку си се потрошил. Или барем јас така гледам, повеќе ми значи како е завиткано и трудот потрошен на тоа, повеќе се радувам кога некој ќе ми донесе чоколадо што ми е омилено и убава порака со него отколку злато кое што нема ни толку многу да го носам. Дали сум јас ненормална што родендени правам за спомените, убавото друштво, да се собереме сите и се што би славела во иднина или ненормални се овие обратните од тип поклон во плик подарок уште не ми е јасно. Ама знам дека ми се гади од овој материјален свет и дека другпат не се ни појавувам кај вакви особи веќе. И многу се разочарав, пред се со кого сум се дружела, не можам да си поверувам.