Многу се нервирам кога наменски ќе испосредам све по дома, ќе се издепилирам, ќе се испоспремам, сите кремови ќе ги испонамачкам... и он ќе запне да одиме некаде на кафе и нема да ми дојде на гости. Се занесуем и од околу се пренемагам дека ме мрзи за ипак да ми дојде дома, а тој уште поупорен за надвор ко слеп за стап. Убаво било времево. Ок.
Не се правете либерали кога немате толеранција кон конзервативци и конзервативни мислења и други видови мислења и нивните поддржувачи,кога отворено и бесрамно прекршувате уставни права,кога ширите дезинформации за членови и членки на форумите,кога како модератори селективно бришете мислења.Вие не сте либерали,туку сте поддржувачи на тоталитаризам.Законите не го дозволуваат тоа што го правите. Немојте да мислите дека сите ќе ви ќутат. Ако овоземната правда не гледа што правите,Господ гледа и од неговата правда нема бегање! Ама,ќе се најде некој и овоземната правда да ја разбуди од длабокиот сон. Срам да ви е! Се срамотите себеси,го срамотите семејството,ја срамотите државата!
Сакам да ми помине. Ко се што ми поминало низ раце и низ душа.. Ништо не останало во мене никогаш. Нека остане така.
Колку е убаво кога нешто работиш/учиш со многу љубов и уживаш во истото. Неприметно ми пројде денеска денот, а уживав целосно во истиот. Поисполнето одамна не сум се осеќала.
Анализирајќи лични искуства и искуства споделени на форумов, се прашувам зошто сите ние одржуваме некакви нефункционални врски? Која е причината да остануваме во партнерство од било кој тип додека воедно истото претставува измачување и причина за анксиозност? Бараме да слушнеме совети, а не сме подготвени да ги спроведеме на дело. Непрестајно раскажуваме за врската која нé повредува, а не посегнуваме кон насочување на енергијата за изнаоѓање на решение. Чекаме искреност од другата страна, кога и самите дозволуваме да ги потхрануваме сопствените демони со зборовите кои ги проголтуваме. Се надеваме на чудесно разрешување на таа една врска, додека низ прстите ни минуваат шанси за десет други, и од далеку и од блиску со огромен потенцијал за успешност. Не го признаваме завршетокот како решение, бидејќи не сакаме да си признаеме дека дури и да имало некаков брилијантен момент во кој сé изгледало совршено, сепак не сме забележале дека таа совршеност доаѓала со премногу претопување и губење на себеси во потрагата по идеална човечка конекција. Не постои ништо повредно од сетилата кои неоспорно сакаме да ги придушиме. Ниту еднаш и ниту едно од нив нема да ни создаде толку нерационално сценарио колку што самите ние можеме да си создадеме само поради неизмерната потреба да се оправдаме пред себеси. Во секундата кога ќе им дадеме важност, единствено тогаш сфаќаме колку вистината ослободува.
Никогаш нема да ви го пружам тоа задоволство да ме видите тажна и повредена. Знам дека намерно го правите тоа и стварно ми е жал што нема да ви успее и покрај сите неуспешни обиди. Патетично.
Аман од филмски наслови како „Медена земја“, одма знаеш дека се од Балканот или дека имаат врска со подрачјето.
Некои луѓе, имаат изгледа премноогу слободно време. Па затоа се занимаваат со животот на другите. *Кој што направил, колкава плата земал, со кого бил во врска, каква шминка имала, фустанот од колку пари и бил...
Дојдов кај другарка во Крушево, шетајќи се поминавме од кај куќата на Тоше, се прашувам зашто и после толку години болката е иста ? Ни малце полесно од кога тој , неее, не почина, туку си замина Фалиш Тоше
Искреноста е чудна работа дали е добро или лошо да бидеш искрен зависи од тоа дали си ти тој што е искрен кон некого или дали се другите искрени кон тебе. Зошто луѓето толку лесно бараат ти да бидеш искрен, а од друга страна, им е многу потешко да бидат искрени кон тебе?
Паркирани возила на : Тротоари. Велосипедски патеки. На улица пред пазари,маркети. Прост народ има бесплатен паркинг,но стоката научена е да паркира кај сака. Не бе не се тие виновни, виновни се тие што треба да ги репнат по џебот. Така стоката ќе се опамети. А другите кои имаат потреба од тротоар,велосипедски,улици,нека летаат. Највеќе ми е жал за луѓе со инвалидски колички,мајки со бебешки колички. Јас ќе се симнам од точак,ќе се снајдам да поминам,но тие како ќе се снајдат,без да го ризикуваат својот,и животот на нивните деца,од други будали кои се движат по улиците. Европо чекај не доаѓаме,да ви ги паркираме кочиите на забранети места. Не треба името да се смени за влез во ЕУ, треба мозокот да се смени на некои луѓе. П.с Уште јаки се,ќе се тепаат кога ќе им кажеш
Срамота за сите вакви работодавци. Нема да пропадне светот ако бутици и маркети не работат за време на празник. Доволно е да има дежурен доктор и аптека, се друго не е потребно и не мора за време на празник да е отворено. Путуј Европо, не не чекај.
Многу ама многу сила имам да замижам очи на се она што ме тишти, многу сила да завртам грб на реалноста и да се тешам дека и ова ќе помине, и навистина ќе помине како и се досега. Најважно ми е само да не се препуштам и да ме завладее повторно анксиозноста и паниката... Можам јас
Благодарение на тоа што си имав работа со расипани луѓе во минатото, сега многу добро научив веќе како од одма да проценам такви. И успешно одбегнав периодов баш такви особи, горда сум на тоа што на време одбегнав негативни ситуации и негативна енергија околу мене. Една битна лекција и работа научена периодов. Вистина било она дека со тек на годините и искуството си станувал помудар. Кога ќе ми текне каква бев пред некоја година и каква сум сега, се добива смисла веќе, ништо не било без причина, се се одвива во позитивна смисла. Којзнае па за 15г од сега колку други работи ќе научам и дознаам, па ќе "прогледам" и нешта што сега не можам сè уште да ги согледам. Интересен е животецов.
Кога некој ќе ми рече, ако си толку либерална и не судиш, тогаш треба да го почитуваш и да не го судиш и моето мислење А со неговото мислење навредува луѓе од друг пол, националност, религија, раса, сексуална ориентација, неретко и им се заканува. Викаш дека сакаш да убиеш некој, и јас на тоа треба да речам аха, кул, твое мислење?! Секако дека нема, не можам да бидам рамнодушна кон работи кои се фундаментално и фактички погрешни.
Те носев 9 месеци, толку болки имав на пороѓај не е никакво оправдување за ќотек и психичко малтретирање од страна на родител или аргумент кога детето покажува непочит спрема него.
Сретнав една бивша соученичка на каса у маркет и пошо се погоди огромна гужва и ред, морав да правам муабет кој можам да го прогласам за еден од најглупите досега шо сум ги правела. Вака се одвиваше: Она: И се запиша ти на факс видов на нет, а и овие со тебе само шо се дружеа запишаа факс од цел клас, така? Јас: Не ни знам за другите дали се запишале, искрено не ме интересирало до толку... Она: Ја пак паднав матура у август, си земав завршна, секако не планирав ни факс да идам, а не ни работам, ни па ми се работи. Си уживам сеа, цело време си искачам, си барам и некој дечко богат да најдам, нека ме финансира он, за мене вие сте будали што отидовте факс и шо учевте у средно толку. Да не ви рече некој браво што у средно учевте, па и ние и вие завршивме, џабе било шо се замаравте толку. И од факс дипломата џабе ќе ви е. Останав без зборови. Дојде време значи у кое ти се смеат зошто сакаш да си стоиш на свои нозе, да не живееш од родителите цел живот, ни па од некој маж или не знам што. Будала си ако решаваш да се посветиш на образование, да правиш нешто за себе, а не си будала ако живееш како лешинар, паметен си тогаш значи. За жал и вистината си ја кажа, во државава секој зема диплома, веќе ништо нема вредност тука, а секој трет и магистер и доктор на науки стана, а на една рака може да се изброи кој од тоа вистина го заслужил, па еве и вака се смеат, наместо да се засрамат што имаат диплома од некоја област, а ништо не знаат од истата. Ех, мојата чудесна Македонија.
Педагошки треба е најтешкиот факултет за да те примат, а пред тоа треба да се спроведат задолжителни психолошки тестови и тестови за интелигенција. Како бе некој што нема три чисти да биде оставен да учи мали деца? И после зошто биле неписмени новите генерации. Не учат ништо до петто, па мораат предметните наставници да се расправаат со деца без никаква основа. Таа возраст е најбитна за развитокот на децата, најмногу прашања се поставуваат, што значи дека наставниците треба да имаат најшироки познавања од сè. Коса ми се крева кога ќе видам какви загубени луѓе ќе стануваат наставници.