Кога би била некоја понекомплицирана и амбициозна верзија на себе, дали би била посреќна со животот? Знам дека ќе имав поедноставен и многу полесен начин на живот. Како што знам дека никогаш нема да бидам задоволна со истиот во целост. Ама некогаш ми иде да отерам се' у три лепе и да глумам обичен смртник. Среќа бргу ми поминува.
Сдк..си го враќам филмот сега и повторно си признавам пред себе-Зависна сум од кофеин и никотин и уживам кога ги конзумирам. Одамна сум свесна дека сум зависна и од едното и од другото и онака лабаво ако паднеше тема за тоа било каде си признавав дека уживам во кафе или цигара. Кога ми е досадно пијам кафе, кога ми е досадно а не пијам кафе пушам цигари една по друга. Кога пијам алкохол или сум нервозна/напната се растурам од пушење, насабајле прва работа обавезно правам кафе и палам цигара. Свесна сум дека се штетни и кофеинот и никотинот, поготово што уште растам а ги конзумирам околу 4 годино, ама искрено уживам во нив. Сфаќам дека понекогаш, кафето ме пие мене, и дека цигарата ме пуши ама се додека уживам во нив не ми смета.И на моите дома најискрено сум им рекла дека сум зависна и дека сум огромен уживател на двете, и иако пробувале да ме натераат или помалце или воопшто да не ги конзумирам, било безуспешно. Бидете си искрени пред себе и стојте си зад вашите постапки и ставови.Правете го тоа што го сакате и она во што уживате.Животот е премногу краток за да живееме под кочница и со опирања. Уживајте.
Во 2019та академски граѓанин не знае да направи семинарска во Word или презентација во Power Point, ни меил не знае да прати, а голем дел основен правопис не знаат (пред некој ден се чудев дека некој пишува колокфиум ) а студира да биде магистер, инженер, доктор, професор... И што е најтрагично, ќе дипломира. Прашањето ми е како воопшто направиле матурски проект, презентација, како положиле мајчин јазик и како имале високи поени при упис, а подоцна кога доаѓа време да применат некои вештини и знаење не знаат основни работи. Ако ова се случува во 2019та, за некоја година од сега ќе ни се случи целосен колапс во образованието. Баш вчера читав и статија за споредба на ракописот на децата денеска и пред 20тина години, се зачудив колкава разлика навистина има. Не знаат ниту да пишуваат денеска децата правилно и ретко кој има убав ракопис. Еве не ми е срам да признаам дека сум дел од тие што немаат убав ракопис и им е навистина неразбирлив, но кога бев во основно никогаш не не тераа да пишуваме убаво, туку само да научиме да пишуваме, па затоа и така си пишувам ден денеска. Она "ако сакате да уништите една нација, уништете им го прво образованието" кај нас веќе се случува. Нека спие државата и министерството за образование, за брзо ќе дојде ден во кој ќе немаме кадар за ништо, ќе имаме многу луѓе со диплома ама нема да имаме квалитетен кадар. Допрва ја чекаат тешки денови на нашава држава.
Ги учат децава уште од мали како да се тепале во школо Ебати родителите Кога на некое ќе му дојде преку нос немој да плачете дека ви го истепале детето,кое до вчера го учевте и му викавте: Бравоо сине,така сине.
Простувам колку што можам. Но... Не можам да преминам преку некои нешта. Не можам да простам сè.Остатокот нека го на Бог. Јас морам да се приберам и да продолжам понатаму. Во животот има и убавини кои се блиску и кон нив ќе се ориентирам.
Каква стока од народ сме, ми се повраќа. Цел амфитеатар полн со ѓубре од храна, кафиња, шишиња, све и свашта, вецињата, шкртани, неуредни, да му се споврати на човек. Толку е тешко да си ја фрлиш чашата од кафе во корпа...или пак која е поентата да го демолираш тоалетот? Убила ме туџа срамота...
СДК Ми недостига @baba Rada Не остана некој на форумот да ја пишува вистината за тоа колку е сјебан светот
Со сестра ми сме како небо и земја. Секако дека ја сакам, блиски сме на некој наш начин, си споделуваме работи. Кога сме разделени е се океј, но невозможно е да бидеме заедно 24 часа а ние да не се скараме за нешто. Понекогаш навистина ме боли таа наша различност.
Не им давај ветувања на блиските кои не можеш да ги исполниш. Празните зборови не даваат решенија,туку болки.
Обожувам денови во кои имам време за себе, денови во кои времето не ми е испланирано од други. Како на пример, денес.
Додека вие другите имате свекрви кои ви наоѓаат маани за нешто што сте сработиле низ дома, и пребришуваат по вас, јас го имам татко ми Го џогирав паркетот пред малку, за да ги наместиме теписите кои беа перени, ама ми најде забелешка воден бил паркетот, и јас се налутив (стандард, тоа е ракот во мене) секогаш се лутам ако некој ми најде маана за нешто, и човекот зеде отвори прозорци да се сушел паркетот, и ене се спрема да го помине пак со сув џогер а јас дремам лута
Жал ми е за луѓе што убав збор немаат кажано. Не сакам никој да живее во таква темница. Не мора за другите, ами за себе. Еднаш да кажат дека нешто ги усреќило, макар убав сон да споделат дека сонувале, дека одлични 15 минути си поминале на тераса пиејќи кафе, дека се изнасмеале на некоја случка, дека некогаш се почувствувале убаво, пијанство на другарот, гаф некој, бисер на детето од комшиите шо има 3 години. Ништо. Се за нив универзумот не чини, господ ги нејќи, луѓето се вакви и такви секакви се само не по нивен крој и мерка, времиштево само не чини, само се разболувам, аман веќе до кога вака, државава не чини (за ова не дека не се во право, ама па друже и на Менхетен во Њујорк да живејш тие црнила ќе си ги носиш во душата ти, така да во случајов не е до државава). Се она што ти смета кај другите, не се другите туку е твоето лично незадоволство. Не можеш да го прифатиш, пошо е толку многу големо за да го лапниш. Толку големо што немаш претстава, не си свесен за истото, па преку другите го доживуваш. Прифати го. Ќе се смали. Прифаќањето е се. Добра ноќ. Ми ја испразнија батеријата за денес.
Цел ден ќе го поминеш без јадење благо, ќе отвориш фемина инстаграм, ќе видиш палачинки и чуда и ќе ти се отвори апетит, па ќе се изнајадеш...
Mускатов ми е изузетно грдо вино, ама вкусот му има одлични сеќавања. Одвратно ми е, а го уживам. ... претпоставувам дека ова кажува доста за мојата личност. Ваша М,
Престанав да пишувам прва, да молам, да барам средби, кафиња и сл. Престанаа и дружбите со личности што ги сметав за сосема океј порано. Како да ги сметам сега, кога 1+ година не сме се виделе ко луѓе, не сме испиле ниедно кафе, не сме поправиле убав муабет? А не дека се толку зафатени, ги издаваат социјалните мрежи што прават. Којзнае и настрана од нив што се случува а не објавуваат. Звучи веќе клише ама вистина е: На кого си му битен ќе те побара и ќе најди време за тебе. Се' друго е пиши пропало.