Секој ден се повеќе се разочарувам од луѓето во општествово.. Станица после Државна болница една стара и изнемоштена бабичка со кеса лекови во рака и некои резултати од доктор и плус со помагало за одење сакаше да се качи во автобус, но едвај одеше, не па сама да успее во тоа. Најпрво никој ниту место сакаше да направи, сите се тепаа да влезат на врата и не ја рецкаа, а не па да и помогне некој, како да беше невидлива и на никој не му беше гајле. Среќа еден човек беше тука до мене што ме примети дека гледам наоколу некој да погледне што се случува, бидејќи сама немаше да успеам, па и помогнавме и се качи, а автобусот преполн, млади луѓе седнати сите по седиштата, сите ја гледаат, никој не станува. Им реков да стане некој ако може, ќе падне жената, не може ни да стои, сите ми свртеа глава и се изнасмеаа едни 2 онака со реакција "шо и е на будалава, ќе не станува за некој, што ми е гајле"... Бабичката ми вика "ќе се снајдам јас, остави, нема да стане никој", автобусот закочи, да не ја задржевме ќе отидеше жената. Едно девојче само 14-15г од позади кога не виде, стана па ја седнавме... Се испоразочарав од луѓево, многу сме станале сурови и без никаква емпатија... Единствено светла точка ми беше девојчето што без размислување стана, но се надевам нема и она да стане со тек на време иста како сите во општеството... А, уште повеќе ме разочара тоа што 80% од младите во автобусот се ученици во средно медицинско или студенти на Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки и наместо како некои кои што треба да се најхумани и со највеќе емпатија, тие ни трошка од тоа не го поседуваат... Отидовме во неповрат.
На еуфоријата и нема крај,само радости и среќа,се ближи крајот на очајот,дојде време за нов почеток. Ке биде добро.
Колку се начитав книги периодов. 7 ма по ред од денес во рок од еден месец. И убаво ми е. Посебно мирисот на книгата.
Имам братучетка која е професорка во Германија и воедно членува во многу организации, групи, курсеви и триста други активности. Преамбициозна и многу успешна за нејзина возраст. Напредува со брзина на светлината. Постојано се шета во разни земји, градови, мориња, океани и има преголем круг на познаници и пријатели. Баш си ужива во животот со шетања, журки, учења и постојани надоградувања. НООО!!!!! За некои луѓе од нејзината родна земја, таков успех не е битен пошто не била мажена. Имала над 30тина години, па кога ќе се мажела? А дете кога ќе роди? А свадба? Џабе и било се, ако немала маж. Подобро во една соба да седела во зеадница ама да била мажена, отколку во Германија да биде професорка а да нема маж. И после истите тие луѓе се секираат за преговорите за влез на земјата во ЕУ Само за таму сте вие
Се осеќам од една страна празно, од друга страна олеснато. Во последно толкав терет носев, што мислев дека ќе полудам. Работите не испаднаја во најдобар ред, ама барем им го видов лицето на некои личности. Дали беа изманипулирани од сосема трета личност или беше нивно мислење не знам, ама понавредена во живот не сум била...
Неостварените амбиции на родителите, се најголем товар на децата. Полошо кога родителите сон не ги фаќа ако за нивното дете у суперлатив не се збори.
Ако цел ден ми трубите над глава,не сте вредни за да си го трошам времето на вас. Ќе прифатам да откачам некоја од моите маани,но нема да се сменам целосно. Нема поради никого! Нема да се изгубам себеси!
Дојде време да те сметаат за нестабилна личност ако си повреден и имаш повремени емоционални"испади". Луѓето треба да сфатат дека не секоја личност е јака да се спротистави на некоја работа, и дека не секој може да реаѓира на ист начин како оние кои "солат" памет. Бтв, денов убав, ама ќе прилегнам, се разбудив рано наутро и повеќе немам сила во себе.
Ги плука Бугарите за приграбување на Гоце Делчев,а има Бугарски пасош. Ги плука Грците затоа што ни го сменија името,а оди на Грчките плажи и пазарува во Солун. И после прашува зошто му пцуеш сè по список. Ах,бре,Македонче...
Откако почнав да свирам гитара, најубаво ми е кога занесено си свирам нови мелодии и одеднаш осеќам топла прегратка од него. Зад мене застанува и цврсто ме гушка околу половина, а главата ја потпира на рамо.
Секогаш кога пијам вино имам една лоша особина, едвај се воздржувам да не го побарам идиотот од бивши, 100 пати го земам и оставам телефонот, и добро е што колку и да е "пијан" разумот, сепак тој победува на крајот
Мотивација за станување у 6 и одење на факс ми е "ајде стани, ќе одиш до факс и ќе си купиш од најубавото лиснато со зденка и маслинки"... И после дебела, епа дебела...
Не постојат безгрешни луѓе. Но,може да се поделат на добри и злобни. Разликата помеѓу нив е во тоа што добрите си ги признаваат грешките и се каат за нив,а злобните не. Првите секогаш имаат емпатија,а вторите никогаш. Со првите сакам да сум опкружена 24/7,но за жал тие се бројат на прсти.
Ако нешто им сугерирам на блиските од категорија совет, тоа е да го зголемат трпението, а да намалат да форсираат работи во несозреани услови.
Денов тапа ,и си мислам толку ли никој не го боли заб??? И ми текна ,подоле има погребално претпријатие. Што ли си викаат тие коа денов им е тапа..... п.с.малку црн хумор..ама стварно тоа ми помина низ глава
Сакам кога во јавност се почитуваат правила и прописи, и јас цврсто се држам до тоа, но поттикната од вчерашниот ден, слободно ќе речам дека господата од Центарот за култура во мое село, синоќа претераа, буквално за време на цел филм изиграваа "редари" одеа низ луѓето и им забрануваа да зборуваат и да снимаат кратко со телефон, буквално сите беа нервозни од таквиот однос, како да сме дечиња од 7 години па така некој да не опоменува, глупости бе Мислам и јас не сум за тоа некој да си зборува гласно, да му ѕвонат телефони, да остава ѓубре на седиштата, и слично, ама да не смееш да снимиш едно е*ено стори од 10 секунди, или да не се насмееш со друштвото ми е тотална глупост
Знаеш дека си претерал со учење кога некој ќе ти пише во чет "аа, тоа ли било" и ти го читаш како "артерии, тоа ли било"...
Често ги читам оние "паметните" луѓе кои на моменти звучат себично со она - Бегајте од депресивни и често нерасположени луѓе, кои цицаат позитивна енергија а потоа кукаат како биле оставени на цедило зошто никој не ги прашал како се кога се наоѓаат на нивно место, поточно на место на депресивните. Да ве прашам паметњаковци, кога последен пат сте прашале искрено некој како е и сте го ислушале?