Многу сум вљубена и убаво ми е Се чувствувам како да сум пак тинејџерка Не знам каква е поентата на постов ама нека стои вака
Не ми е јасно задоволството од ниските удари со кои се служат некои луѓе за да потценат или омаловажат некого, и никогаш нема да го разберам истото, ни во реал лајф, ни пак на форум
Со секое враќање собава станува се повеќе празна и гола, само книги и обесени медали ќе останат на крај. Заедно со работи кои не ги користам толку често таму, скриени зад врати на шкафови. И пак ја чуствувам како засолниште, пак креветот тука е најудобен, и сонот е најслаток. Временно. Градам живот на друго место.
Кога луѓето се неисполнети и исфрустрирани поради нешто ги мразат тие што го имаат тоа што тие потајно го посакуваат, но го немаат, ко да другите им се криви.
Искази, прашања, зборови.. во сите нив една именка која ми е толку blurry во сите години. Понекогаш малку се засилува контрастот, тежнее кон некаква форма, добива некаква смисла, станува причина за верба и надеж во луѓето. Друг пат пак, ми се чини како никогаш да нема да успеам да ја допрам колку и да се трудам, колку и да посакувам, колку и да се надевам. Верував дека имам доволно што да кажам, некогаш дури и отповеќе. Но сега ми се чини дека и себеси веќе не можам да си одговорам. Затоа што е премногу. Не знаејќи каде да се сокријам, наоѓам делови од она што го посакувам во нечија идеја и остварување. Одгатнувам дека всушност некои замисли полека ми стануваат далечни, а чувството на несигурност сé попознато и поблиско. Легендата вели дека нештата ќе дојдат на свое место некогаш. А дотогаш, сé што останува е малку оптимизам.
Лол Едвај си фатила еден дечко од 220 кила, не да се пикне во некое ќоше да ќути, бара причини да се исмева со други. Многу си допуштаат некои од што луѓето се добри и нејќат да навредат некого, а не треба така се да им проаѓа.
Колку можеш од далеку да препознаеш балканац во странство тоа е чудо. А кога ќе се доближиш до него и те слушнат дека зборите исти јазик ако научил збор два на германски упорно зборат така. И да пола и повеќе ве разбрав како зборевте и не оговаравте .
Една стара жена ќе ја изгазеа со точаци,и уште силни да не речам спремни да ја тепаат. Кај криви уште јаки. Кога виде дека не е сама и таа се ујача. Ај сега да ве видам градски копита Понекогаш да помогнам на друг,јас ќе си го окркам,ама тоа е
Блазе си им на оние што се родиле да станат светски познати. Сакам и јас, што се би дала да имав таква среќа.
Неосновани се оправдувањата од типот, не успеав зашто немам среќа, кога одлуката е поткрепена со колективното искуство (така ми кажаа), наспроти потенцијалот за лично расудување (изграден став). Вербата во успех без продуктивност, труд, комплетна работа на себе е поблиску до заблуда, отколку среќно склопени коцки. Сите сме во толпата, но се разликуваме... Ум и разум!
Многу се нервирам кога ке ми кажат ова си го правам по навика,епа смени ја навиката,стекни нови навики кои ке те прават посреќна,учите нови работи,старите да чинеле нема да се жалите,тоа ти е исто да сакаш да живееш убав живот со лоши мисли.
Не знам дали потешко за читање e пост во кој нема интерпункциски знаци или кога има еден куп неправилно искористени. Во ред. Сите правиме грешки и форумов не е писмена за во школо па толку строго да се пази на правопис, ама СЕКОГАШ вака да пишуваш: - Вчера на, работа една жена ми,вика да и дадам круши, а ние уште немаме, донесе но. - Излегов да, прошетам и едно дете, ми вика ќе, ми дадеш ли пари? - Многу ме, нервира кога другар, ми ми, вика да одиме кај него, дома а тој живее, дале,ку. Извини ама неписмен/а си и поарно не користи запирки. Со запирка не се делат СИТЕ рандом зборови кои се еден до друг или уште уште полошо да поделиш еден поголем збор. Колку за потсетување една запирка чини живот. - Kill him don't, wait for me. - Kill him, don't wait for me.
Sekoj sam si ja kroi srekata vo ovoj zivot se e do nasiot trud i rabotta Да де, затоа некој се раѓа кај татко милијардер, а некој се раѓа во Африка да пати во населено место каде немаат питка вода. Ама се било до нас самите и условите кои ќе си ги створиме. Зошто ти не стана иста Хилари Клинтон ако до тебе беше да бираш? Сама себе се лажеш.
Денес на полагање го гледа професорката мојот тест зошто бев у прва клупа и вика "деца рано е за докторски ракопис, некој треба да ги чита овие тестови...". И си викам ги жалам луѓето што требало да прегледуваат мој тест зошто ракописот ми е ужасен, ми дојде да им се извинам на сите професори до сега што ми биле. Ама па, не можеме сите убаво да пишуваме, мора некој и вака ко мене да пишува... *се тешам*
Има и такви песни кои на прво слушање не ги сакаме. Ама којзнае зошто и како, после почнуваат да ни се мотаат во глава и да ги преслушуваме. Па од што сме ставиле на YouTube, сега ставаме . И одат на repeat со саати.
Немам време газот на раат да си го избришам ама имам време да хејтам. Се разболело дет'то, убаво на мама, студентче, па од едниот до другиот крај на државава, право мама да му однесе лекови. ЗА НАСТИНКА правиме муабет луѓе, за обична настинка што мине со Фервекс од 32 денари. АМА ЗНАЕШ он уште не знае да се снајде....... А знае цигари и водка да си купи за на студентска, а фервекс не знае? Од здрави, прави деца правите инвалиди - со сила и тоа! Остајте ги децата да се исчеличат малце бре! Ништо нема да им биде, напротив!