Како во државава, така и на форумов. Лудило пуштено на најјако. Кој остане стабилен, веројатно ќе живее изолирано. Убава сабота.
Пишале за загаденоста во некоја општина и го спомнале градоначалникот. И коментар од газолижачи: Да му се фатите на Градоначалникот П.с Ко божем тој не дише од загадениот воздух. Ама за паричка баце и шупче ќе лиже,не воздух загаден да дише
СДК... Долгометражен разговор без суштина е пополнување време, а губење енергија и нерви... освен ако на двете страни им одговара однос, ништо не се случува.
Реклама за пенкало во Офис плус, од 6000ден намалено на 5650ден. Случајно само да не полага испити и колоквиуми?
Уште од авион се гледа на прво предавање со кој професор маки ќе си мачиш. Професори со високи титули,а уште заглавени во среден век со мислења и методи на предавања. Страшно.
Она кога не можеш да заспиеш, па на памет ти паѓаат неколку прашања во врска со порно актерите. Онака рандом, од чиста мира. 1. Воопшто ли не им е глупо на актерите што сите познаници (да дури и родителите) може да им ги видат интимните делови? 2. Што кажуваат дека работат кога ќе се запознат со нови личности? 3. Како спијат мирно нивните мажи/жени кога знаат дека овие имаат секс на работно место? 4. Дали двајца актери се заљубиле дур снимале порно? 5. Дали после работа колегите пијат кафе, иако за време на работата биле скроз голи? 6. Како им кажале дома прв пат ко аплицирале и добиле таква работа? 7. Дали родителите се горди ако актериве добијат награда или се унапредени на работа? Е сега, пошто не познавам порно актер/ка во живо ваљда никогаш нема да добијам одговор на овие прашања. Ептен необична и интересна професија у пм.
Кога луѓето ке заминат од тебе,тоа не значи крај на твојата приказна...Тоа значи крај на нивното дело во твојата приказна
Силно посакувам барем за кратко да бидам како оние личности кои не се замараат толку со учење и факултет, кои знаат да уживаат и да бидат исполнети и среќни покрај се. За разлика од нив, јас постојано размислувам што, како, кога. Не сум под стрес толку од самото учење колку што сум од мислењето како ќе постигнам се да научам. Јас не можам да спијам ако не ми е се подредено под конец, не можам да спијам од загриженост и мислење како да го организирам времето. Дури и тогаш кога ќе најдам време за мене и моите најблиски, повторно не сум мирна, како да ми тежи нешто на срцето. Се мразам поради тоа.
Нели Сдсм имаа решение за загадувањето? Имаа решение џебот како да си го наполнат,како претходните. Ако ни е нека не тркалаат кога сме глупи. Таков народ сме,прост и само кукаме... Воздухот,воздухот,мали плати,мали плати..... Да излеземе 50 луѓе да свртиме неколку круга и се што не труе ќотекот,така ќе заврши ова труење. Пошто тие што се платени за тоа се неспособни.
Сакам да не ми беше гајле за ништо, да не си земав се на срце и вечер да можев да спијам мирно, а не да се будам цело време со кошмари, со мисли да не се успијам случајно, па како ќе поминам и се тоа само зашто утре полагам обичен колоквиум за кој имам уште 3 сесии у најлош случај.
Ни јас сама не знам кој враг ме тераше да чачкам по фб и најдов коментар каде бившиот ми ја објавил песнава.Се насмевнав,ми дојде топло на душата. :Фала ти што одреден период ти бев се' во твојот живот.
Никогаш нема да ми бидат јасни родителите кои ги тераат своите деца да редат 5ки, а на факултет 9 и 10ки, додека студирав сите лабаво не се замаравме само едно девојче доаѓаше и се тресеше, не не јас морам да положам 9ка ок би ми било, не знам што, јас кога ја добив првата 9ка во трета година моите ми викаа што учиш толку, не се замарај, впрочем во оваа земја човек не треба да се замара, ми било гајле само сакав да завршам, ама тоа потресување и стварање трауми за оценка (демек една бројка мене ќе ми одреди знаење) ми е болест, кои стресови ги доживуваат децата за што? За утре роб да му бидеш на некој, а некои од професорите ќе си запишат роднина на тој ист факултет и без полагање 10ке му стават а ти акај си ја главата...
Се повеќе сум сигурна во мојата одлука дека не сакам да имам дете, точно е дека многу ги сакам децата и умеам добро да се справувам со нив, но мое дете, не фала
Мисли дека само поради тоа што ме родила и мене ми се допаѓаат исти алишта. Сите сме во нешто различни,но кој да сфати и прифати...
“Жената е единственото суштество кое може да плаче и да се смее за иста работа, а често пати и во исто време“ – Жан Баптист Молиер. Колку само е точно ова, ме опишува целосно, и тоа не само кога сум во ПМС , туку и општо, и малку е језивко чувството
Да бев сега матурантка и да го имав истиов памет, немаше шанси да се запишам на факултет. Секој еден денар даден во Македонија за школување е исто како да си го фрлил во ветер. Вади работна виза и заминувај со време во поразвиена земја, пошто во Македонија само ќе заглавиш и наместо да напредуваш ќе одиш надолу. Уште од млади години ако заминеш во странство ќе имаш можност јазикот перфект да го научиш, па со тек на време откако ќе заработиш пари, со голема волја и амбиција таму ќе студираш. Ако се родиш сиромав не е твоја вина, ама ако така умреш тогаш ти си крив. Исто како што не е твоја вина да се родиш во заостаната земја со заостанат менталитет, ама ако останеш таму тогаш ти си крив и не се жали. Не се каам за дипломата и знаењето што го стекнав на факултет, ама подобро би било човек на време да се спаси од толку уназадена земја, отколку да губи нерви и после никаде да не ти е признаен трудот.
Не признавал производ за бренд ако тој производ чини помалку од 1000 евра. Бре,бре,ѓубре распрдено и покварено... Ваков треба да се остави 3 дена во пустина без ништо.