Знаеш дека е некој македонски филм што ќе се емитува, чим содржината е животот во 17ти век... И 2020та ќе дојде и толку се досадни нашиве филмови, не знам како не им здосади едни те исти содржини да снимаат и после се чудат зошто немаат луѓето интерес за гледање на наши филмови. Знам дека за вкусови не се расправа и има луѓе кои “паѓаат у несвест“ на ваква содржина и филмови, но сепак не знам зошто не мрднеме малку од мртва точка и не се модернизираме со некој друг тип сценарио...
Оригиналноста им припаѓа на оние кои умеат да го создадат своето јас допрено, но непотонато од туѓите суштини, имагинации и креативност. Самооткривањето е единственост која не може да биде предвидлива, претерана и одземена. Секој иден истражен свет од себе е гаранција за автентично растење и созревање. Од себе, за себе.
Имам впечаток дека има на форумов ликови што си умислиле во главата дека малтене го поседуваат форумов. Па уште кои мислења биле релевантни, кои не. Сфаќате дека на крај на денот сте само алатка за traffic? Не а? Ок...
Ќе споделам искуство со вас од пред неколку дена што се случи. Требаше да идам до цветен пазар за да земам цвеќе за подарок и отидов, но се мислев повеќе време кое цвеќе да го земам. И отидов во неколку продавници за да видам повеќе цвеќиња. И се вратив во првата продавница кај што бев и продавачката доста дрско се однесуваше со мене. Ми вели девојче за министер да не ти е цвеќето? Срамота е ова што го правиш. И јас ја прашав, а што правам? И ми одговара идеш од продавница до продавница. И јас ја прашав само забрането е?! И реков дека имав намера да го купам цвеќето но поради нејзиното однесување нема да го земам. И излегов од продавницата и земав од другата. Јас сметам дека не беше во ред однесувањето на продавачката. Мое право е јас колку ќе се мислам и кај колку продавници ќе идам.
Ги паметите оние книги 1000 зошто, 1000 затоа? Википедија на децата од 90тите. Обожавав многу да ги читам, па и денес си следам на фб страници со слична тематика. Прочитав пред малку нешто интересно на една од нив, па да го споделам со вас. Share is care. Знаете ли од каде потекнува зборот БОЈКОТ? Потекнува од Ирска, а почнал да се користи кога извесен Чарлс Бојкот кој рентал станови, му прекипело и решил да ги остави на улица сите свои 11 подстанари од неговата зграда. Тогаш решиле цело градче му се одмазди. Луѓето го избегавале, децата не му викале добар ден, не сакал никој да работи за него, да му продава леб во продавница, да му носи поштарот писма. Го бојкотирале Бојкот.
Мислам дека мирот со себеси целосно ќе го постигнеме тогаш кога ќе почнеме да уживаме во самотијата, јас веќе почнав...а колку само порано ме гушеше истата таа самотија
Видела жабата дека коњот го потковаа, и таа ја кренала ногата.... СДК Скопје ги видел Милано, Париз и Њујорк дека праат Fashion week и тој напрајл.... страшно значи.... И облеката и посетителите облечени а и манекенките катастрофа..... Се умислиле дека се Бела Хадид па тоа фрла нозе, фрла колкови....
И додека некој сега се буди и му е добро утро, мене ми е време да легнам и да си ги опуштам малку дланкиве и очните капаци. Обожавам да седам доцна во ноќта, будна без разлика што да правам, денес „куцав“ вредно ја завршував работата за деновиве. Штотуку завршив, решив да одморам и еве ме пак тука, пишувам. Изгледа ептен ми нема крај во пишувањето. Обожавам да пишувам. Досега си го собирав мојот т.н „креативен хаос“ којшто го создадов околу мене, листови од скрипти, книги, пенкала.. насекаде расфрлени. Добро ќе беше да си завршев целосно. Ајде се тешам ќе биде. Идам да одмарам коски. Бонус трака пикачу <3 Спојлер
Бев на интервју за работа и можам да кажам дека беше катастрофа. Директорот ме праша за работно искуство, му одговорив и потоа ме праша дали ќе ја прифатам работата. Јас го прашав колку е платата и добив одговор: 'убава е платата, ти потпиши договор, а платата е супер.' Му кажав дека нема да потпишам договор така, па една од вработените почна да ми вика и да се дере како јас сум можела да поставувам правила, туку сум требала да прифатам.
Убавите и добрите работи не доаѓаат лесно,па ни се чинат недофатливи. Но,со пот,крв и солзи сè се постигнува.Животот е кучка,но ние треба да сме поголеми.
Во мое време Чунга лунга мастиките беа најубави на свет, денес зедов од внуците и мислам дека забите ќе си ги искршев од толку што се јаки, и вкусот веднаш им помина. Исто ми текнува дека тогаш имаше и едни мастики во форма на лубеница беа, вкусот им беше малку киселкаст, подобри мастики мислам дека нема да измислат никогаш Ах времиња
Е така ми е коа не си легнувам порано, наместо да спијам сеа ја случајно и несакајќи дечко си фатив. Ај лека ноќ.
Добро,бре,кога ќе научите дека не смеете да паркирате возило пред приватен имот и на улица? Очигледно,сообраќајните казни треба да се зголемат!
Запознаваш предобар дечко. Културен, фин, те почитува, имате иста смисла за хумор и ве интересираат исти работи. Полека и ти се заљубуваш и ти прираснува за срце човекот, но доаѓа денот кога го гледаш гол па забележуваш дека има мал пенис и фино лепо го напушташ човекот. Како може каркатерот да е поважен од пенисот бе? Како може ништо од тоа погоре да не ти е битно и само дека има мал пенис толку лесно да го откачиш? Никој не вика дека сексот не е битен во една врска, битен е, ама во денешно време кога на секој чекор има секс шопови, триста интернет страни за совети и милиони видеа со разни пози, зар врди да го откачиш некој предобар само зошто имал мал пенис? Читајќи по форумов сфатив дека на некои луѓе побитно им е машкото да има 20 цм во гаќи, отколку да биде добар, верен и да ги сака. И после ќе кажуваат дека нема љубов, сите се исти, сите лажат... Ок.
Јас не разбирам потреба зошто некој се правда каква врска имал на форум или било каде, па објаснување, па 300 чуда. Имаш врска само за секс, океј. Имаш врска без секс, пак океј. Не си у врска и имаш некој со кој сте friends with benefits, океј. Имаш дечко со мал пенис и си со него и покрај тоа, па океј. Нејќеш партнер со мал пенис, сосема океј е и тоа... Се е океј, се е нормално, сите живејте си како ви е убаво. Нема потреба никој на никого да се правда, ни да се осудува. Ни едно, ни друго не е погрешно. Simple as that.