Сакам кажам, не знам речам. Нешто сакаат, ама не знаат баш шо сакаат, па ај ќе гатаме да погодиме. И формула ми направил за тоа како треба да се работи. Да спомнам ли дека формулава му е копи-пејст од гугл и дека не функционира така за конкретниов случај или јасно ви е?
Вакво нешто е за пофалба. Сите што имаат добро развиени бизниси у Мк да земат пример од ова, не ќе е лошо... Позитива на денот!
Добро бе зарем толку е тешко да помине една фамилијарна собиранка, едно пријателско кафе да се испие без да се вмеша политика?! Згрозена сум од слепилото и безобразлукот на некои луѓе, најискрено сум згрозена...океј е да се изнесе став, и јас сум коментирала овде 200 пати, ама во реален живот на ниту еден роднина или пријател не сум му ги ископала очите, за политика да ги навредувам
Треба да функционирате заедно. Сакаш да помогнеш, си трошиш време и нерви и сето тоа ти оди во вода. Одбиваат помош и мислење. Ок. Повторно се обидуваш да допреш до нив, објаснуваш на смирен начин дека и двете страни треба да придонесат за да се постигне компромис. Мислиш те разбрал некој и понатака полесно ќе се реализира комуникацијата. И пак се лажеш. И пак како на ѕид да му зборуваш. Губиш трпение и оставаш да биде по нивно. Те бараат да им помогнеш. НЗС на нивно однесување? Нема. Отсекогаш си знаев дека ќе имам проблем со луѓе што не знаат математика.
Она кога газдите се смилувале и решиле да свири музика, за порелаксирана работа. И одиш во wc, свири Don't cry од Guns N Roses и не излегуваш оти сакаш да си ја дослушаш песната.
Сдк дека никогаш нема да ги сватам оние кои се прават глуви и слепи на фактот дека ти припаѓаш на друг кој го сакаш и немаш намера да го оставиш без разлика на тоа што си "млада и цел живот е пред тебе", а не на некој како нив кој што сака само "да ти го стави" и толку.
Ќе речеш живеат во Швајцарии, Германии, шитмании, ама не заборавиле да си го понесат и менталитетот со себе. Гледање од високо и потсмевање на секој кој не е таму кај што се тие. Мали, мали луѓе.
Сите ти кажуваат како да си го живееш животот и како да си го чистиш сопствениот двор, без претходно да се погледнат во нивните животи и да видат колку всушност нивните дворови се валкани
Снемува време? Поминува време? НЕ... Не може да изгубиме нешто што го немаме. Тука сме каде што треба да бидеме. Драгоцените години за склучување брак, создавање потомство и стекнување родителска улога се само стигматизиран продукт на ограничени умови што за огромна жал сè уште се прифатени и сериозно третирани дека нечиј живот е обезвреден надвор од општо познатиот модел за среќа. Толку млади, а толку очајно застранети од перспективите. Зарем не сакате да бидете свои?
Мислам дека многу луѓе ме мрзат ради мојата искреност и реалност. И овде и во приватен живот. Научени сте изгледа да ве лаже некој, да ве тапша по рамо или да ви ја ублажува вистината.Кај мене тој филм не го глеате, ако е црно-црно е.Ако е бело-бело е. Под ова не мислам буквално за лажење бидејќи и јас лажам.Зборам за реални и не реални луѓе, а ги имам многу такви во околина и ме
Немам навика да пишувам веќе на форумов, ретко и се уклучувам ама, има едно големо ама. Сакам да упатам една молба или апел до сите родители. Внимавајте на кого ги оставате вашите деца да ви ги шетаат и чуваат додека вие не сте во можност. Вчера во Тинекс влезе баба со две машки деца, немаа повеќе од 9 години. Како влегоа така трчкаа и се смееја. Бабата нервозна му се сврте на поголемото и со сета сила го удри по глава. Па уште почна на цел глас да се дере: Не ве носам нигде веќе, требаше дома да ве носам па што сакаат нека ви прават, ццц види го, види го... Да е иронијата поголема, децата не престанаа туку почнаа да и бегаат и уште толку да се смеат. Тоа ли е начинот, удри го со сета сила кај стигнеш и издери му се како неандерталец за да си ги истресеш фрустрациите и нервозата? Така ли се воспитуваат и смируваат децата? Што ќе научат децата од удари и дерење? И после се чудат родители зошто нивното дете удира, тепа, фрла со предмети по друг, гризе и е агресивно.
Двор ми е периодов. Посебно кога ќе ми речат - одговорната си ти. да се. Дека ја сум одговорна ти велам тоа и тоа да го направиш Да се замарам немам абер Да се нервирам па ич. Ме рчнаа во болна точка, единствената што ја имам а на таа се кршам - си го добија. Ќе ги видам во понеделник, ко попарени ќе бидат
Тешко ми е да се воздржам да реагирам и/или коментирам во ситуации кои одат против се' во мене и се апсолутно погрешни. Болно тешко. Тоа што нема поента да го правам истото, е друга приказна. Ама ако не јас, тогаш кој? Светов веќе не знае за што се бори и не гледа подалеку од ограниченото, себично его.
Денес бев со мајка ми да си купи нов мобилен, и избрав солиден модел, доаѓаме дома, и брат ми' ми вика дека сум ја излажала јас да купи поскап телефон, чиниш Ајфон купи жената
Треба да бидам силна за другарка ми, да и бидам подршка за тешкиот период со кој се справува, ама како да бидам кога не можам да бидам и силна за себе?
Колку пати вашиот живот бил загрозен од улично куче,но исто така колку пати од човечки фактор? Еве јас како пешак,велосипедист,во кола, од 100%. 2% од куче. 98% од човек. Што треба да ги трујам луѓето што го загрозиле мојот живот. Исто како што прават умоболните трујачи на кучиња,и нивните подржувачи.