Бев ,,на кино" денес и само се потсетив колку мизерна земја сме. Тука во Струмица воопшто нема кино, па во домот на културата ставаат еден проектор и демек филм гледаме. Притоа, филмот почна 15 минути покасно поради тоа што немаше звук, а луѓето што работат таму не можеа да се снајдат. Друга работа, опциите од BS плеерот останаа целосно видливи. Откако успеаја некако да го направат звукот добра минута до две курсорот уште стоеше. Овие навидум мали небитни ситници ме натераа да размислам колку сме за жалење. Па иронијата да е уште поголема кога заврши филмот, Ханиленд, слушнав чичиња како коментираат дека *циганскиот* живот ко во филмот не бил вистинска претстава за Македонија. Е што е ако не е тоа? Одиш на импровизирано кино, плаќаш 100 денари за да ти го пуштат филмот на бс плеер, пред тоа народот ќе се испоколи јер на картите не пишува седиште. Завршува филмот излегуваш на плоштад, се собрале глутница кучиња, нема кој да се погрижи за нив. А луѓево дотерани, скоцкани, па искрено жал ми е. И после што ќе помислеле луѓето за нашата држава кога ќе го гледале филмот? Нека помислат гомно од држава, за никаде сме. Баш затоа и многу се надевам дека еден ден ќе успеам да најдам начин да ја напуштам државава, ако не друго бар да откријам за што би ме фатило носталгија, бидејќи сега, овде, не разбирам што би ме натерало да се приврзам за мизеријава.
Едно од нештата што можат инстантно да ме доведат до солзи се информациите, сликите од отруените животинчиња низ градовиве. И вие што ги оставате, што ги исфрлате од кола без да се свртите назад... Не сте ништо поарни. Што згрешиле? Не, грешно прашање. Какви монструми сте вие? Ми се гади и бесна сум.
Не застана денеска еден човек во близина на Кале, му се дупнала гумата, 30мин никој не му помогнал, останал тука, се изпозаблагодари дека му застанавме, па што да не частел дека сме му помогнале, да си разменел контакт со нас, ова она... Му викаме нема потреба до толку, секој би ви помогнал, еве колку коли тука има, сигурно секој би го направил истото, човечки е. Вика никој не ни застана, а и тие шо застанаа сите рекоа не можеле, брзале, вистина коли многу има ама луѓе нема... Искрено останав у шок, стварно после дур со тато човекот средуваше гумата, не одминуваа сите, само зјапаа и толку. До толку ли станавме нелуѓе...
Не мразам ниту едно животно и никогаш не би отрула или убила куче, маче и слично (добро де освен гадливите пајаци што ги убивам ладнокрвно кога ќе се појават дома ) строго ги осудувам оние што на секој чекор фрлаат отров, но исто толку ги осудувам сите оние на кои им е отруено миленичето а тие сторителот го колнат со смрт до десетто колено Е па извинете, ама не ви се виновни ништо децата, внуците и правнуците да им ги колнете на некои бесовесни што ви ги трујат животните
Некои личности не сфаќаат дека постои разлика помеѓу солење памет и давање совет. Не е совет тоа да ѝ кажуваш на возрасна личност кога ѝ се годините за брак и тоа со кого,туку диктирање како ти да знаеш подобро како треба да изгледа еден живот. Можеш и да си мислиш дека намерите ти се добри,но токму тие можат некому да му ги расипат денот и ноќта.
Замисли, може да си шкорпија или дупла шкорпија без секаде да го потенцираш истото, ко демек нешо поспецијално е ако си бил шкорпија, а не риба или водолија. Same shit.
Не можеш себеси да се оправдуваш како си таква личност и мора по секоја цена се и сешто да кажеш некому во лице Замисли, со секој твој левел на брбливост некому уште повеќе му ја рушиш самодовербата Не за џабе рекле дека некогаш се брои до 10, ама кој да сфати
Дека сите хороскопски знаци се исти може да каже само неинформиран човек. Кој што објавил во која тема (освен ако не е навреда) може да се игнорира. Најнакрај форум е кој сака ќе плаче кој сака ќе се смее кој сака ќе се кара. Темата СДК значи што сака да каже некој во моментот а дали тоа што тој сакал да го каже е интересно, досадно,разбирливо за другите,не разбирливо за другите вас ич да не ви е гајле.
Ќерка ти е тажна оти ја ставаш на страна,оти побитен ти е синот. Оди кај неа и не глеј повеќе во туѓите дворови.
Неверојатно е колку информации може да запамти мозокот кога го форсираш упорно и упорно. Ова доаѓа од личност што отсекогаш си учела со разбирање. Иако ова воопшто не е добро, бидејќи штом заврши полагањето истата секунда штом ќе излезиме од амфитеатар одма ќе заборавиме. Ама не е до мене што не' тераат да учиме материјал кој 95% е со набројувања и потточки и нема друг начин освен на памет да ги научиш.
Мало дете не е виновно што тебе на работа ти го загорчиле денот. Детските солзи нема да ти го решат проблемот. Не викај,не тепај.Не чини! Земи шише вода,оди во паркот и полека шетај.Така поарно ќе ти се разбистри главата.
Една комшика: Да дојдеш ако сакаш да ми го ставиш. Јас :Ај чекај ме ќе дојдам . Незнаев дека од тоа некој ќе го изврти муабетот. А работата беше да и го ставам бришачот,купила нов незнае да го намести Ете ти еден збор Стави ќе те стави во незгодно,еден куп муабети
Се испокараа со мене дека луѓето со право труеле улични "песој" бидејќи "им дошло преку глава". Од една страна викаа дека државата имала други побитни проблеми за решавање не биле вредни песојте, а од друга дека никој не се трудел да го реши проблемот со нив и им сметале. Оправдуваа напуштање миленик кога ќе ти здосади од него и фрлање на малите секој пат кога ќе се окучи кучката бидејќи луѓето не требало да дават пари за песот за стерилизација. А онде ми споделуваат на Инстаграм на стори слики со кученца од рандом страни само затоа што им се "слатки". Море мрш, и кон животните сте дволични, не само кон луѓето.
Зошто луѓево не разбираат дека сум непушач, ми пречи димот, нејќам у фаца да ми пафкаат и нејќам да трујам после целата на цигари ради нив. Стварно без осет, колку пати треба да кажеш за да разберат.
Ти кашлаш,се гушиш,а тие се богатат со тоа што те трујат. Добро,бре,како не им е срам? Загадениот воздух им штети и ним и на нивните најблиски. Но за пари цело Скопје го ставаат на ризик.