Гледам на некои им е смешен текстот на една мајка блогерка и 2-3 пати го објавуваа овде во темине под Насмевка. Но,знаете што? Ич не е смешен. Можеби вие не сфаќате,но таа се потсмева со мајчинството иако и таа е мајка.Го изедначува имањето дете со неважни,потрошни работи. А,нели имањето дете и самото дете се најважни за некои луѓе? Повторно заклучувам дека некои луѓе не ги заслужуваат нивните деца,ама ај...
Не сум вегетаријанец, ама дека месото е здраво ми е no sense, јадење делови од тела на болни и мртви животни не може да биде здраво
Често на форумов гледам дека средношколци бараат ако може некој да им напише состав на зададена тема. Сум била средношколка, се случувало да има многу тестови и испрашувања закажани истовремено, но никогаш ниту на крај на памет не ми паднало да барам некој друг да ми напише состав. Разбирам дека не секој е добар во писмено изразување, но барем да се обидат де. Не пишуваат состави, не читаат дела, не ги интересира граматика и после писмени биле. Не, не сте писмени другари. Денес таквите започнуваат меил кон професор со „Професоре, сакав да ве прашам...“. Ни „Почитуван“, ни „Добар ден“, ни „Се извинувам што Ве вознемирувам“. Пукај брате, тој тебе другарче од средно ти е. Уште пишуваат незнам наместо не знам, свати наместо сфати, фторник наместо вторник, потразбира наместо подразбира, дедоми наместо дедо ми, романија наместо Романија и уште мал милион примери на неписменост. Да не зборувам пак за правилна употреба на интерпункциски знаци. Тоа веќе им е напредно ниво, многу далечно и недостижно. Па потоа доаѓаат оние кои не знаат да состават две реченици на литературен јазик, без употреба на дијалект. Секако дека дијалектот е нешто што треба да постои, но да не си способен да се изразиш некогаш и без употреба на истиот, значи дека образованието не ти е на потребното ниво. И секако, најважното е дека не знаат да доловат поента без употреба на уличен речник. Се прашувам како ваквите функционираат на работно место, како учествуваат во службени состаноци, како влегуваат во дискусија со колеги или шеф без да употребат некој уличен израз и дали воопшто се способни да ги направат сите овие нешта?! И после „Ама јас 5 имав на матура“. Да, имаше. Со готови состави, препишувања и чуда, а книгата за матура ниту еднаш не отворена и ниту едно дело не прочитано. Супер што ти е дипломата убава за око, ама речникот ти е еднаков на необразуван човек.
Многу значи кога некој ќе ти е поддршка и ќе ти рече "ти можеш", "верувам во тебе" или еден мал комплимент од тип на "оваа нијанса кармин прекрасно ти стои". Ситници се ама многу значат и може многу да влијаат на самодовербата и да делуваат охрабрувачки на некого.
Петок ми е, и главата ми е тешка. Уживам во тишината. Толку ми е напорно кога е тука... пријатно, но и исцрпувачко. Сега и другата ќе си дојде каде и да е. Супер ќе биде ако не си дојде директно. Уште неколку минтути на само. Сам тингс невр чејнџ
СДК1 Добро,бре,зар толку не знаат стариве дека не треба да влегуваат во веќе преполн автобус? А,бре,може да се преврти,не дај Боже! СД2 Многу се изнервирав од ситуацијата под број 1,но се погоди еден мој другар во истиот автобус и помуабетивме малку,па ме орасположи. Убаво е да видиш некој надвор од социјалните мрежи. Комуникацијата лице в лице е многу позначајна.
Едвај чекам да си одам од тука, да де тргнам од луѓево кои гледаат само нешто лошо да ти направат, да те исмејуваат, оговараат, место да си го средат својот живот, туѓиот го средуваат, завидуваат на секој твој успех. Дали само јас се радувам на туѓите успеси и достигнувања? Мило ми е кога некој ќе ми каже дека постигнал нешто во животот, успеал во нешто. Живејте си го животот за себе, а не за другите.
Ја читав темата што сте правеле пред една година ова време и почнав многу наназад да се враќам... Пред една година ова време, една од најпаметните одлуки во животов. Иако тогаш мислев дека можеби грешам, исходот вика поинаку. Пред две години ова време, еден од потешките периоди во животов. Егзистенцијална криза. Почнав на поинаков начин да гледам на некои работи. Пред три години ова време една од најтажните и најдосадна есен. Паметам колку се испотресував за небитни ситници. Колку вложував и инвестирав во работи што не вредеа толку. Пред четири години ова време дипломирав, уау. Ништо посебно, само она, едно гајле помалку-I really felt that. Пред пет години ова време, се сеќавам многу рано залади таа есен. Имав ептен кул цимерка, да ти е мерак муабет да правиш со неа. Пред шест години ова време, потежок период, финансиски кризи, лош семестар на факултет. Тежок. Нервно попуштив. Пред седум години ова време одење на различни предавања во различни факултети во ист ден. Хаос. Се сеќавам кога ги искачував скалите на ПМФ и лисја попаднати и влажни од дожд ми се лепеа на чизмите. И стресот од прв колоквиум по физика. Веќе од пред осум години и наназад, како да немам спомени. Се сеќавам на настани, ама не можам чувството што ми го буделе да си го вратам. Како сето тоа некому друг да му се случувало. Инаку есен ми е најдепресивното време. Си напраив ретроспектива на полноќ, таман го измасирав умот и сега ќе дежурам.
"Само јас...?", "Само мене...?" - НЕ. Макар и кретен да си, не си сам. Макар и најдобар чоек да си, не си сам. Па во толку луѓе, не, не само ти, не само тебе ти се вакви чувствата и светогледот.
Неверојатно е како од најлоши случувања,може да те треснат и најубави...каков круг е животов алал да му е
Не е оправдување дека си немал време, па затоа не си се избањал и константно смрдиш на пот и шеташ со мрсна коса. Се можам да разберам ама во 21век, да не се бањаш редовно и да не оддржуваш хигиена, едноставно не. Не знам сами како се трпат луѓево... Убила ме туџа срамота.
Кога со некого разговараш и пробуваш да му докажеш нешто што тебе лично ти значи да го разбере и личноста упорно, ама упорно си стои на своето и се инаети, иако е очигледно дека воопшто не е во право ...нема круната да ви падне ако некогаш признаете дека грешите бе
Многу е лошо кога очекуваш да се случат некои работи и на крај се пропаѓа во вода и денот отишол во неповрат...
Јас, кога некој ќе пише на форумов „Не се прави светец/светица“, „Многу се правите светици“. Како да ви кажам, ама не постои нешто како „правење светица“. Ако не се согласувате со нечие мислење или ако нечие мислење ве прави да се чувствувате како да имате жичка злоба во себе, тоа не значи дека личноста ви е виновна. Може па и ја имате таа жичка во себе. Sorry not sorry.
Одамна не сум била во кино,се решив отидов и ми се вратија некои спомени поодамна кога кината беа многу актуелни,но поради техниката која излезе двд.то а сега и гледање на нет филмови некако опадна одењето во кино. Многу ми е драго што пак некако се врати кино манијата.
Сакам да си одам дома. Ми фалат моите. Ми фали мојот кревет. Ми фали мирисот на мојот дом. А го мразам овој град. Не сакам да сум овде. А кај би отишла? Кај би студирала? Можеби требаше во странство, но касно е веќе. Скоро две месеци си немам отидено. Се гушам. А тек ми почнува колоквиумска.
Аман луѓе со таа предновогодишна еуфорија, глеам една девојка и бус, носи подебела блузичка со пингвин. Ноември сме, сеуште. Кочете малку.
Еден од малку познатите факти е дека женската мода за време на Втората светска војна имала за цел да го покаже љубовниот статус на жените, според тоа како ја врзувале машничката на косата. Какви фејсбуци, какве п*чке материна. Жениве имале појака фора тогаш. не морале на улет да викаат: "Одјеби. Имам дечко." А кој баксуз сум јас, ако живеев во тоа време и налетав на Ann Mitchell, инстантно истата ќе ја спуштеше панделката позади кога ќе и пријдев.
Чувството кога бивши број 1 и бивши број 2 ќе се најдат на исто место. Среќа, не сум у Мкд, ќе се закопав сама.