Не знам кому му треба (а, ич не сака) да го чуе ова, ама... Ич не ви е гајле всушност за гладните деца во најсиромашни земји, ако ги спомнувате само кога треба да омаловажите некој што во нормални услови сепак се залага за нешто битно што не ви одговара. Ич не ви е гајле за деца кои изгубиле родители, ако на нив помислувате само кога треба да банализирате проблеми на деца со родители живи и покрај нив, ама токсични. Ич не ви е гајле за жени кои се борат со неплодност, ако ви се само причина зошто не сфаќате некоја да не сака деца или скраја да е да абортира. Ич не ви е гајле за положбата на жените во неразвиени и најзатуцани земји, ако ви се само аргумент дека наводно на запад сè е мед и млеко за жените. Ич не ви е гајле за тешко болни и хендикепирани луѓе, ако најчесто си спомнувате за нив во контекст дека оние навидум целосно здрави (и психички) немаат право да се жалат. Најранливи категории луѓе за кои е очигледно колку животот не ги милува, не ви се само предмет во вашите игнорантни умови и усти за да ги користите за омаловажување на останати проблеми на луѓе од секојдневието кои не ги разбирате.
Следиш некоја јутјуберка повеќе години. Редовно и ги гледаш видеата и ја обожаваш пошто е слична на тебе. Имаш чувство ко цел живот да ја познаваш, зошто баш во некој посран период ја гледаш неа ко виртуелна утеха. Си викаш дај барем еднаш после сите овие години да и коментарам на видео. Иако има милиони коментари и сигурно не ни ги чита, ама нема врска. Коментираш вечерта, а утрото гледаш известување дека и се допаѓа твојот коментар....Ти оставила срценце. Навистина се израдував во моментот. Од милиони коментари и следбеници, она баш мојот коментар го видела и му оставила срце. Муабетот ми е: Колку да неќам да ми зависи расположението од социјалните мрежи, сепак некој знае со еден збор/гест или да ми го усере денот или да ми го направи поубав. И така од сабајле си се порадував на тоа мало внимание што ми го посветила типката која не знае ни како изгледам
Го сакам денов, особено овој период. После цела недела надвор од дома и враќање само за спиење, денес така мрзеливо цел ден излежавање, јадење и пак истото во круг. И како и секој претходен викенд се чека мајка да направи некое од нејзините месени јадења. А мирисите од кујна те огладнуваат уште повеќе...милина.
Немој да се чудиш што луѓето те прекоруваат бидејќи носиш немирно дете во маркет. Не е во ред да се фаќа туѓото и да се задева некој. Не е криво детето,туку ти како родител кој премногу го размазил. Детето ти е невоспитано затоа што гледа од тебе.И ти си невоспитан. Опрај се прво себеси,а после со вистинските зборови превоспитај го детето и потоа никој нема да те прекорува. Едноставно е,само треба да се потрудиш!
Не знам дали сум наивна, не знам дали сум единствена што размислува вака: Секогаш би избрала работно место каде што ќе го работам тоа што го сакам, каде што ќе работам со задоволство, па дури и за помала плата отколку место со поголема плата, а секој ден да ми се плаче при помислата на одење на работа. Unpopular opinion maybe, но тоа е.
Жал ми е за луѓе што животот го живеат со утеха дека немало подобро од тоа и дека се помириле со нивната судбина. Подобро има ама треба од комфорт зоната да се излезе. Или можеби не се ни свесни длабоко во себе колку се несреќни.
Мигот кога скролаш низ социјални мрежи и гледаш доказ дека личност што си ја сакаш и почитуваш си го исполнила сонот. Миг кој ми предизвика солзи и толку измешани емоции. Миг во кој сфаќам дека јас сум сè уште далеку од својот сон, но истовремено не можам да бидам посреќна што некој друг успеал да се избори за својот. А колку ли ќе плачам кога она што сега ми изгледа толку далечно, ќе ми стане блиско и познато... Среќна сум за сите емоции кои можам да ги искусам.
Веќе фали уште за храна девојка во 20тите или помлада, немажена и без деца, да си каже свое мислење од типот дали ананас одговара на пица или не, и сезнајниве мудрици над 30 (со уште бонус поени ако се мамички) и за тоа да почнат да ја убедуваат дека кога ќе созрее и види како е - ќе дојде на спротивното. Не мора ни да пише, у малце пофантастичен концепт - едноставно пред огледало трипати нека си каже сопствено мислење за било што и ќе се здаде некоја повикана на задача ко Блади Мери да ѝ го девалвира, да ја спушти, да ѝ ги негира преференците, идеалите, надежите. Барем да се договоревте и усогласевте малку за традиционалниве концепти брак и бебе, дали се најмагичното природно нешто на светов кое на секоја емоционална индивидуа му треба, или хаос во кој не можете ни у вц да отидете и полека згаснување на сите мали нешта во љубовта, пошто вака многу измешани сигнали ни праќате. Ма само "ok boomer" за вас, арно си знаат овие по социјалните мрежи со meme трендовите, повеќе и не заслужувате...
Се што лета не се јаде, рекле старите...и во право биле Или... Да го имав овој памет, 25 кога имав....
Две нови нешта кои ги научив изминативе денови на форумов: - Емоционалната интелигенција и оупенмајндeднес не секогаш зависат и се развиваат правопропорционално со степенот на образование; - Слично како што глупоста е апсолутно бесконечна, таква може да биде и заслепеноста од нова животна улога.
*гледа слики од острови, прекрасни плажи и си прави планови лето господово 2020та кај да отпатува* *за 2 дена полага колоквиум и ако продужи да прокрастинира сите колоквиуми ќе ги падне и од одмор само спремање испити за септемвриска ќе види* Животе, свадба без пирошка.
Дошол на форум да кажува како треба жената да се однесува и што да трпи со криви дрини од пред 500 лета. Зошто вакви типови имаат привилегии,бе?
Ако ме прашаат да си го опишам животот во еден збор. "The fuckening" ќе го долови перфектно. И кога ми е убаво одреден период, не уживам во истото доволно туку се чудам како сум се нашол во тоа стање, па јел то могуче?! И оп, срање. Како ќе му дое ова на Македонски? Изебан/преебан ден? Епа ви посакувам да не го искусите никогаш.
Многу ми се интересни оние ликови кои до вчера биле исти како вас, и заедно сте правеле 5376 срања на ден, и оп одеднаш добиваат просветлување, и прекинуваат со тие тие ваши глупости, и веќе наредниот ден ти солат памет како ти грешиш, без притоа да спомнат дека до вчера тие биле и бетер од вас
Ако во 21век не си човек од корист, лицемерен, оговарач, завидлив, не се споредуваш со другите и си гледаш за себе, честитки, ти си поредок вид и од леопардите што се останати на планетава.
Ако може човек да има разбирање и да ви даде поддршка, не значи дека ќе треба тоа да го злоупотребите и да се заебавате. Не немате само вие проблеми...и ние имаме.