Ќе трпам уште неколку години.Потоа ќе си се тргнам некаде на страна и ќе си правам што сакам. И сама да сум,ќе терам некако.Ако во меѓувреме се појави Господин Вистински,уште поубаво ќе ми биде. Толку ќе ми биде доволно.
Повеќе ни денар не позајмувам на луѓе што не сум сигурна дали ќе ми ги вратат парите. И не, не се работи за сума од 5, 10, 20 или 50 денари па да рече некој дека претерувам. Се работи за цели 350 денари. Можеби на некој и тоа му е малку, а на друг и претходните суми многу да му значат. Поентата ми е во имањето/немањето грам култура и срам кај луѓето. Да велиш неколку пати дека ќе ги вратиш и тоа никогаш да не се случува. И не се работи за немање финансии сигурно, некој што нема финансии не порачува секоја недела од интернет различни работи, не излегува секој ден на кафиња и ручеци. Гневна сум да, од летото претходната година ми ги "враќа" парите. Имало ситуации кога стварно ќе ми послужеле. И сакам пак да речам, само вината пак на мене ќе ја свртат. Како и за се' досега. Аман од вакви (не)луѓе.
Чуваме мачор со Вобли синдром. Воблеровата болест е невообичаена деформација при која малиот мозок не му се оформил целосно и е осуден да живее со нарушена рамнотежа со повремено тресење на нозете и главата, неспособност да се искачува на високи места, понекогаш ни да стои. Ама истовремено, тој е највеселиот мачор ever! Толкава енергија, толкава хиперактивност, колку е само секогаш расположен за игра, за натпревар, колку е жеден за живот! А ние луѓето? Како Квин Латифа во "Last Holiday", чекаме да ни соопштат дека утре ни е последниот ден, за да ни текне да почнеме да живееме. За да тргнеме да си ги остваруваме соништата. Зошто? Зошто сме толку... 'глупи' ли е зборот? Неговата болест синонимно е нарекувана и 'Пијаниот морнар', а нашата како?
На едно мало девојче вчера му оставив лиснато од Ла Делишес.Му купив го остави. Денес го гледам истото девојче. Имав 50-60 денари ситни, и ги давам и и викам сакаш да ти купам за јадење?Негира со главата. И викам за тебе се парите?Ми клима. И ги оставам во кутијата.Си заминува. 50 метра подоле ја фрла кутијата у ги дава парите на татко и. Пред мои очи.Како не бев машко да му стегнам 2-3 бокса. Какви гниди.Преку децата прават пари и ги трошат на цигари и лепак дување.Гниди едни.Ми доаѓа како што го гледам овде да му се пуштам лом да го направам.Ете зашто радо оставам храна место пари.Бидејќи им ги зимаат за лични ќефови.За дрога и цигари Ваквите позади решетки само!!!
Кога читам во темата Смешни и слатки зборчиња на децата, во глава ми доаѓаат зборчињата како ги кажува детско гласче, вклучувајќи ги и фаците или реакциите со кои се проследени.
СДК... Се изјаснува како голем верник кој не пропушта да присуствува на свештеничка литургија за време на верските празници, а во меѓувреме молитвите ги заменува со посета на гатачи и бајачи Возрасна жена стигнала на ниво очај и незнаење што со себе??? Кога ќе се истурка целта, чија е заслугата?
Случајно во 40ка ја видов темата за машко-женски пријателства. Па јас стискам, овај кршам палци другаров да ми се изјасни дека има чувства за мене . И глеаш сеа од тие ретките другарства било кај шо само ко другарка ме глеа .
Во глава ми надојде сеќавање од внук ми кој како мал беше преинтересен. Така еднаш одиме на гости и внук ми ми вели:"Бам бам". Не обрнав внимание, ама ми остана на мисла, тогаш се брзаа да си заминат и не прашав што е всушност бам бам. Помина една година, повторно се видовме и повторно истото зборче "Бам бам". Држи тој количка, јас багер и ми вели "Бам бам", седнати на тепих да си играме и само бам бам слушав, си велам веројатно сфатив за судар вели бам бам. Следниот ден одиме да купиме нова играчка и тој пак вели "Бам бам", се чудев. Искористив прилика ја прашав братучетка ми и таа вели: "Бам-бам му е багер, знам и нас ни требаше долго време да сфатиме". Кога ме фати смеа 7 години поминаа и ден денес за багер си вика бам бам. Срце
Никогаш не ги сфаќам луѓето кои не почитуваат предупредувања од доктори. Иако имаат здравствени проблеми и забрани, тие пак си продолжуваат по старо и мислат дека ништо нема да им биде. Никогаш нема да ги сфатам луѓето што се во врска со некој рандом човек што го неќат, ама во моментот се осамени, го искористуваат другиот, си поигруваат со неговите чувства и му даваат лажна надеж. Никогаш нема да ги сфатам они што живеат за другите луѓе, а не ги слушаат внатрешните чувства, желби и мисли. Никогаш нема да ги сфатам оние кои постојано се споредуваат со други, или оние кои секогаш ги осудуваат другите без да се видат себе. Никогаш не ги сфаќам луѓето кои ја мразат геј популацијата, другите раси, националности и религии. Никогаш не ги сфаќам и оние кои нервозата ја истураат врз вработените по маректи или хигиеничари. Уште помалку ги сфаќам оние што се срамат од каде потекнуваат и кои им се родители, а најмалку ги сфаќам оние што те виделе еднаш во животот, па се осмелуваат да ти кажат што да правиш со твојата иднина.
Кај брзате бе луѓе? Нели размислувате дека со вашето брзање се загрозувате самите и останатите околу вас. Секоја будала шофер стана
Убаво е кога 'никој не е незаменлив' нема да се потврди па на своја кожа ќе осетиш (и ќе осетат) колку уствари не си заменлива бар таму 5 мин сладење. Цел живот гордост.
Го замислувам Лагерфилд, сега се искачува по златни мермерни скали, а таму на врвот го чека Коко, шешир што надвиснува елегантно над нејзината глава, облечена во црно-бел твид, а златните копчиња од нејзиното сако отсјајуваат во неговите темни очила. Го пречекува и го фаќа под рака. Заминуваат на прошетка низ Версај, да разговараат за следниот моден подвиг. Беше величествен, бидејќи се до денес ја одржуваше Шанел во живот, најверодостојно, најавтентично го пресликуваше нејзиниот дух во секој цртеж. Беше човек од визија што знаеше што е мода. До последно тримфираше на сцена и му благодарам за тоа
Постојат и луѓе кај кои интелигенцијата (не емоционална) и богатиот речник им се само шминка за грдиот карактер и ставови. Wasted potential и доста тажен призор...
Незнам зашто напнувам за некои работи да ми остварат кога за тоа нема потреба,тоа што си е мое ке си дојде,ми треба трпение. Треба да работам на себе си.
Посебен тип на мизерни личности ми се оние персони кои се здрави и прави а се паркираат на места наменети за инвалиди.
Се повеќе гледам ефтини вина во скапи чаши Се изгуби вредноста на виното, зашто се помалку од дегустаторите ги интересира какво е, која берба е, од колку малиганско грозје е правено и дали е машински муљано или мануфактурно-со нозе газено. ...само да знаете дека на Моетот шишето е поскапо од самото вино внатре И со луѓето е исто. Не џабе е речено дека фаса куќа продава