Јунак на денот... https://fokus.mk/jane-se-obrati-vo-...enost-mi-prechat-barierite-vo-opkruzhuvaneto/ Јане се обрати во Обединетите нации: Не ми пречи мојата попреченост, ми пречат бариерите во опкружувањето На овогодишниот Светски ден на детето, единаесетгодишниот Јане Велковски, застапник за деца со попреченост од Македонија, му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк, каде што побара да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата и да престане дискриминација.
Татко ми купил прасе. Цимер веган. Го кријам ко глушец тел. Whatever.... Среќна слава тато, жив и здрав години 100,многу ми недостасуваш.
Боли многу кога во блиска фамилија се случуваат тешки не убави работи,а рацете ми се врзани да помогнам,немам сила нити финансии тоа да го сторам
Многу се вознемирувачки оние коментарине кога некој наш ќе направи нешто неумесно,она што го говорат и пишуваат,она путуј/патувај Европо без нас,не нè чекај... Толку ли сте лековерни,бре? Во членките на ЕУ има повеќе криминал и беда,а некои од нив имале или имаат финансиски кризи,па пред банкрот се. Верувале или не,има и полошо од нашето.
Она што треба да се знае за луѓето без цврст карактер, е тоа што, кога се насамо, во нивната теорија вежбаат говор како некому ќе кажат НЕ за одредена услуга, или наводно ќе одбијат несакани гости, ама во пракса се е сосема поинаку, веќе наредната минута
За жалење сте обидувајќи се да си го претставите животот како совршен на социјалните мрежи, а далеку од совршен ви е, ве знам. Живеете во некој си нереален свет, побарајте помош што поскоро.
Кога гледам видеа од дадилки и воспитувачи во градинка како малтретираат дете, помислувам и на сите деца кои во својот дом го трпат истото од сопствен родител, а за жал ниедна камера нема никогаш да сними таму.
Немој да ги гледаш чудно сите што ти приоѓаат до дуќанот.Некој само гледа какви производи има. Не се сите крадци! Со гледање попреку ги бркаш муштериите!
Сакам да направам нешо шо досеа не сум напраила. Пример кога ќе ме прашаат дали имам дечко или зошто сум сингл, да ги прашам кога изгубиле невиност/зошто се уште невини. Штом се осмелуваш да ми буричкаш у приватноста...па мислам...редно е да се стаиме на исто ниво. Хехе.
Имам една НГ желба-да ме остават на рает,на мира,сите околу мене оти ќе полудам(ова не се однесува само на мм и децата)сите друѓи да.....оставете ме ве молам
Кога веќе долго време си близок со одредени личности и дури сега сфаќаш колку работи всушност не биле како што треба во текот на овие години , односно сега си признавам дека постојат нешта што сум ги преќутувала а не требало затоа што ми фалела храброст...е сега е предоцна да се навраќам на работи кои поминале и ќе си размислувам како требало на време да расчистам со нив.Многу измешани чувства имам, многу.
Зошто повторно дозволија да се пуши во затворени простории? Барем добра вентилација да имаше задолжително. Не се влегува бе в кафич, сите распушени со цигарите, права биртија. Магли внатре, зачадено до немајкаде. И најлошиот дел е што откако ќе излезиш косата, алиштата, се' на тебе смрди корни на цигари. Добро како луѓево се поднесуваат, не си смрдат сами себе што упорно пушат цигара по цигара во затворен простор? Арно си беше кога беше забрането пушењето, тој што сака да пуши ќе излези надвор или да се направи посебен простор за пушачи како некаде што има. Не го бива ова вака, човек не можи на раат да поседи в кафич едно кафе да испие. Потоа Европа ќе ја бараме, да. Баш вакви бараат таму.