Веќе го разбирам односот на далечина, во смисла да не комуницираш со некој постојано а да сте стварно блиски, и после извесно време да продолжите како ништо да не се случило. Секогаш сакам доза далечина во односите, ама тоа е лесно со луѓе кои не ми значат толку. За тие што ми значат, намерно оставам простор за да не си дишаме во врат гушејќи се, бидејќи горе-долу би убила за нив. Па ми беше многу тешко секој пат кога скроз губев комуникација со некој, оти сум толку приврзана што мислев дека губев делови секогаш кога врската прекинуваше. Сега немам проблем, и прифаќам дека некогаш е во ред така да биде. Ми се допаѓа како растам. И обично, тоа се луѓе со кои добро се знаете, ма да ни самите не знаете колку добро се познавате. Лесно се разбирате, лесно комуницирате, сте стигнале на ниво каде нема компликации од ситници. И тој еден саат лесно го уживате и нема никаков проблем за да се опуштите барем за момент.
Посебен круг во пеколот за оние кои дечкото постојано го ставаат пред другарките, и наместо да одделат еден саат за другарката, тие и тој еден саат го поминуваат со дечкото, иако пред тоа цел ден биле заедно Сте слушнале дека денот има 24 часа, и дека со добра организација, има време за се и за сите на овој свет? Ама кога мажињата ќе ве шутнат или изнервираат, ех тогаш магично ви текнува на сингл другарицата
Досаден Подосаден Најдосаден Тип на човек што никој не го прашува за ништо и сам си дели мудролии и совети, па и коментари на сите за животот, а за себе не си погледнал... Ах, да едино подосадни можеби се оние со семе синапово цитати што сами демек ги напишале, а ги превеле од нет, па уште и книги од тој тип издаваат, збирката на нивните мудролии...
Пред некој ден купив неколку парчиња лампиони, вечерва пред излегување отидов до маркет по мастики, а завршив и со балони во раце.... СДК, не дека ви е гајле, ама повозбудена и поопседната со Новогодишната магија не сум била во живот, ни како дете дури а да, гледав и на нет како да декорирам кутии за под елка Јас бе, онаа што цел живот не ја биваше за декорации и со мал прст не мрдаше за ништо Не знам што ми е, ама добро ми е
МакедонАц не е македонац ако не испотенцира дека заминал да живејт на југо у метрополата, во секоја реченица.. Ушобољ и очобољ. Човек може да излезе од село, но селото од човека никогаш.
Она кога ќе си најдеш мислење од пред 5+ години на форумот и ќе сфатиш дека всушност си исполнила тоа што тогаш ти било само детска фантазија. Priceless
Некои (не)луѓе секогаш се ситат на туѓа несреќа. Од каде толкава омраза во нив? И да ти згрешил и да не ти згрешил и тој е човек како тебе. Немој да се ситиш оти не чини. Господ сите нè гледа какви сме.
Какво време дојде, веќе немаме емпатија ни кон жртви што настрадале во природна катастрофа, не па помош да ти треба, ни рака некој нема да ти пружи. Се појше се уверувам колку човештво веќе и нема...
Тонам. Полека, но сигурно. Изгубена скрос. Разочарана од се'. До мене ли е, до другите ли е? Нервози и стрес, поради неуспешни колоквиуми. Три недели затворена дома. Учење. Глупа сум?
Дај некој нека им објасни на денешниве уметници дека нема да ја дигнат свеста кај народот преку содржини кои кутриот не ги разбира (како што треба) Упс, заборавив дека уметниците намерно своите пораки ги предаваат во завиткана форма, знам колку е тапа да се говори заеднички јазик со широките маси и колкукратно желбата да се биде кул во таинственоста и различноста од мноштвото е појака од хуманоста.
Колку е грдо кога не си стојат на збор, а ти кажале време кога да се подготвиш точно, и наводно и тие ќе биле точни Грдо е кога чекаш некого скроз подготвен, уште обувките да ги ставиш... Мај есс точни Точно, точни.... Што е уствари точно во животот? И ова уствари, требаше да е всушност
кога сме кај земјотресот,гледам на фб нели молете се за Албанија и пази коментира соговорникот до мене е кого му е гајле за албанците,Бугарија и ние од Струмица пративме пожарникари,а големите сили и играчи не им е ни гајле.Па што по толку духовна празнина?И да ќе се молам за Албанија и ќе помогнам ако сум во можност,само што коментарот ме онерасположи.
Сите имаме ставови и мислења како би реагирале во одредени ситуации и моменти, но многу често реалноста излегува поинаква. И она Јас никогаш не би ќе остане само да лебди во воздухот кога ќе се фатите себеси во таа ситуација во која не сте се замислувале. Со времето што ни носи нови искуства, се менуваат и нашите погледи, кон доста работи. Не сме превртливи, само растеме. Живот...
Најинтересни ликови ми се оние што се преселени со години и кога ќе им речеш дека сакаш да се иселиш од тука те прашуваат „А зошто?“. Па не знам бе брат, ти зашо се исели?! Дека рози цветаат тука, а ти алергичен ваљда.
Најдобро правам нешто кога ќе го направам ради "инает". Инает да се прогласи како мерка за мотивација у животот.