Тој пишува полошо од шестгодишно дете,а се чуди зошто луѓето не му ги разбираат прашањата. А,возрасен човек е и има голем син. Па,ако не знаеш каде е некоја наша буква на тастатура,поарно прашај отколку да се бламираш на форум.
Понекогаш имам чувство како да сум мајка А не сум Вчера на роденден кај внука ми, цели два саати со една мајка зборувавме за деца, т.е многу беше досадна со муабет за нејзиното дете во колку саат го доела, па како сакало да спие во гужви детално ми опишуваше, па колку било мирно, па ако и ѕвонеше телефонот, веднаш се тресеше да не случајно и плачело бебето, и јас да "разбијам" малку досада, почнав да правам споредби со внука ми Абе милина да не гледа човек, што фино си разговаравме, а и не е првпат, обично секогаш ми одат муабети со мајките, си имам повеќегодишно искуство поради внуците, за болести, за јадење и нејадење, за каки, за први чекори и прво забче, за први паѓања на земја и уште што не, и можам да им парирам во муабет. Вчера малку ми беа напорни тие муабети, инаку баш ги почитувам мајките и ги бранам кога е потребно
Не се сите луѓе себични и идиоти, има прекрасни луѓе кои сакаат да помогнат, да направат нешто убаво, да играат фер и да победат или изгубат достоинствено и ФАЛА ИМ. Се викаат среќни луѓе.
Ако бар малку се почитувате себе ,пишувајте го т.е. зборете го тоа што го мислите, зашто таа слобода и достоинство немаат цена. Не се огледувајте и нека не ви бидат пример оние кои го зборат и пишуваат она кое во даден момент најскапо се плаќа. По чесно е да живееш во своите отколку во туѓите заблуди.
Моите: Аман, дете, па да живееше сама некаде без нас, да студираше во друг град, па зар само тостови ќе јадеше, ништо друго не знаеш да си направиш, не ли ти здосади да јадеш тоа само, цц... Исто така моите: За доручек ако правиш тостови, направи и за нас, преубави ги правиш ти.
На сите им велам дека рано е да китат елка, а јас денес зедов ја накитив и ја откитив, не ме држеше место да видам како ќе изгледа Ништо посебно, ама ќе биде #СлаткаМала, кога ќе ја накитам официјално за Свети Никола Сега ми е криво што 100 години не сум китела елка
Мојата баба е легенда. Жена на која и' се воодушевувам, од која научив многу малку работи, од која сакам и ќе научам уште многу, пример како да правам во животот. Ја гледам како спрема, мислам дека сите играат на мојата музика кога сум тука, и ми е криво за сите моменти кои ги испуштив со неа а никогаш нема да си ги вратам. Инаку, сум централно колаче и влегувам во секаква форма. Ги знаете формите за колачиња? Има пластични и метални. Срце, круг, детелина и лист се оние кои можеа да се најдат од дамнешни времиња. Епа јас сум некакво делче кое влегува во сите калапи, но не е она правото. Можам се' да бидам, ама не знам што конкретно сум. Ме зае*ба системот јако. Се сеќавате не примерот со учителката и ученикот, што сака да биде кога ќе порасне? И јас сакам да сум среќна сега. Очигледно уште не го разбрав животот. Јак ПМС следува во најава. Нема да е поразлично и во реалноста.
Вежби од 8 сабајле: *стануваш у 6, едвај си спиен 3ч* *трчаш по автобус, едвај влегуваш кроз врата, нема место, се бориш за воздух ама си викаш ај морам да одам со овој бус, ќе закаснам иначе* *стигнуваш* *касни асистентката, ти пушта 2 видеа за клетка од по 3мин и ти вика у 8ипол ајде одете си* И после ќе речат: AkO DoAgjAjTe nA VeZbI Se KjE NaUcItE....
Многу е убаво кога човек знае да се извини, знае да признае грешка, знае да се покае. Да стане свесен со текот на годините дека порано грешел за некои работи, дека порано размислувањата му биле погрешни за некои работи и дека се сменил на подобро. Лошо е ако не се смени, ако остане мрчатор и ги мрази сите што живеат подобро од него. И, ако постојано збори против сите и не знае да каже убав збор за никој туку само оговара. Човек што се радува на туѓа среќа а тагува за туѓа несреќа е човек со големо срце. Малку се, ама ги имам во животов и пресреќна сум. И во реалноста а и тука на форумов имам пишано или кажано работи за кои подоцна сум се покајала. Во афект и лутина сум се испонашала како ѓубре и искрено ми е жал. Ненамерно во лутината сум навредила и можеби повредила луѓе со некој збор и искрено од срце се каам. Животов направи да почнам од почеток, периодов ми се менува животот од корен на подобро. Среќна сум, ништо и никој не ми смета, сите ги сакам
Само што планирав деновиве кога ќе имам слободно време и јас да номинирам во темата "Форумџики кои ја одбележаа 2019", сега случајно истата ја гледам заклучена и not open for further replies...
Според нив,тој не е за жалење и тој се преправа... А,не му ни биле во близина за да зборуваат така. Изгледа не виделе како изгледа болен човек. Не бидете вакви,бре! Не се знае што носи животот! Наместо да судите на друг,одете и погледнете се во огледало.Длабоко погледнете. Можеби ќе видите нешто скапано.