Некои луѓе се плашат од висина/височина,други од пајаци,трети од височина,четврти од друго,петти од скоро сè,но никој од себеси. Како ли спијат ноќе?
Има една книжарница позади мојата зграда и секогаш ми е ќејф да отидам и да си купам или исфотокопирам нешто од таму. Секогаш имале фин персонал, но една од вработените се издвојува, не се меша дур си бираш пенкалца/маркери и баш секогаш на раат може човек да си одбере што сака, секогаш дава некои ситни комплименти од тип многу убави ти се менѓушките, супер ти стои ваква должина на коса (зошто ме памти од порано кога имав ептен долга коса), кога копирав документи за упис ми посака среќа, секогаш е насмеана и секогаш од таму излегувам со позитивна енергија. Од луѓе, вакви, што шират позитивна енергија. И секогаш ми е пример дека колку и да ми е безврска денов треба да си останам насмеана, зошто наоколу ќе биде поубаво ако ширам позитива. Камоли секаде да беа вработените вакви, а не намуртени и исфрустирани ко да си им седнал дома на троседот у дневна...
Не знам за други, ама за себе најнегативна особина која еден човек може да ја поседува е преголемата емотивност. Низ безконечно многу светови минувам во текот на еден ден, за сето да се сведе на чиста емоција кон сите други само не и кон себеси. Уште треба за да научам да се почитувам.
Секоја година мора да се разболам ова време Ај на воздух ќе излегувам,излегов надвор осеќам смрдеа почна плуќа да ме боли Да неможе човек да истрча,ни куче да прошета
Секојпат кога ќе падне некој од внуците, кога ќе се удри, кога ќе крене температура, кога ќе плаче, мене животот ми се крати, постојано ги анализирам, им барам белег по телото, им ги проверувам вените по телото, ги фаќам на чело да не имаат температура и што уште не Денес, цел ден ми се жали малата дека ја боли кај срценцето, сега цела ноќ ќе мислам на тоа...аман. Ете затоа не сакам мое дете, не планирам да си го доскратам животот со такви жртви и трауми
продолжен викенд му е на баграта скопска фатија усвет во грција ние од поштени куќи скромно, прошетка на воздух
До сите новопечени "странци" кои ја напуштиле МаЌедоЊа: Полека малку со горе- доле, полека со споделувањето на импресии за тоа каков живот живеат тамошните и потценувањето на овдешните, полека со лудилото, оќе? Прво, не сте отишле на Марс, ништо ново, второ- не сте единствените, некои личности на кои им продавате латинки, веќе биле таму и знаат како е. А и да не биле, има нет, има споделени искуства. Па нема некоја разлика за некој да ти ситни сол над глава. Затоа што 70% работите физички работи за да прехраните фамилија исто како и луѓето овде, ама тие не пљампаат како вас. Неизживеана малограѓанштина. Секој го бара своето место под сонцето, нормално. Ама начинот на кој го правите тоа, е тоа е важното. И ве издвојува како луѓе. Илине. Друго, до сите непромислени шофериШТА таму некаде, полека исто, оќе? Не знам како сте земале возачка, не е ни важно, ама кога веќе не мислите поради не знам која причина, се надевам дека сакате да си поживеете подолго, безразлика дали сте едноклеточни и повеќе клеточни организми, кога- како нели. Па, гледајте каде терате кога сте учесници во сообраќајот, особено пак кога сте позади волан. Дебили. Фала многу, непријатно.
Со саати седите на форумов и чекате жртва на која ќе ѝ рипнете оти немате толеранција кон другите. Да,да,досаден ви е животот,сфативме!
Штом и на форум ви пречи различниот од вас,ако утре во очи ви кажат дека сте злобни,не им се лутете оти вистина е!
Преку глава ми е од луѓе кои само се негативни, кои само гледаат лоши работи што чуле и виделе да ти кажат. Аман, задржете си ги за себе, доста труете околу себе со негативности не мора ако на некој му е по*ран денот и мојот да стане таков. П.с и форумов не е имун од такви.
Ги знаете оние личности кои се први за бегање од часови се први. А, после се правдаат по професори со "ама ја неќеше, со сила ме натераа". Во превод-се прават жртвени јагниња само за да испаднат добри во туѓи очи. Е такви ги има и во реалнот живот и на форумот. Секаде ги има.
Уште си се чудам самата на себе како сум толку јака и цврста покрај сите работи што ми се случуваат, и пак имам надеж во мене и пак гледам светли точки и не се откажувам. Оваа 2019 година тотално ме научи како да се борам со секој предизвик, како да ги прифаќам работите на најдобар начин и да се справам со нив.
Постојат многу начини да се покаже непочит кон некого, ама нешто најглупаво е тоа кога соговорникот ти зборува, а ти не го рецкаш јер и на 30 години лупаш игри на мобилен, а од друга страна се расфрлаш со зборовите колку културна и начитана личност си
Не за џабе се кажало-Остај го да се удави,јер ако појдеш да го спасуваш ќе те повлече и тебе... Сите нп ги знам,ама џабе кога не вадам поука од нив ...или па предоцна ги ,,разбирам" истите
Декември..ме потсетуваш на сè што измина, на неубав, тажен начин. На начин кој ми кажува дека изминале уште 365 дена, на начин кој ме потсетува дека годинава се збогував со уште една личност која беше сето мое детство, тинејџерство и сите мои растења и менувања, сите пофалби и критики, сите посебности од мојата личност кои ги издвојуваше и се гордееше со истите, сета поддршка, сета разнобојност на животот која сега ја гледам преку она што највеќе го сакаше – цвеќе. Ги растеше и одгледуваше со толкава љубов и посветеност, што нема ден а да не си помислам кој внимава сега на секое ливче, на секое гранче, на секој нов зародиш. Постојано сме во брзање да го зграпчиме животот и не застануваме ни за миг да одмориме душа, да подариме љубов, грижа, да посееме семе кое ќе се менува и ќе расте заедно со нас. Се надевам дека низ времето нема да заборавам на ова. Ми недостигаш.
Ми треба време "за себе" ... без никој околу мене .... може само чаша вино, некоја музика, без тв, без телефон....