Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам... (без цитирања)

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од RainBow, 5 февруари 2019.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Да се разбереме, Возачка дозвола за секоја будала НЕ Е:!:
    Многу сум револтирана од возачите, кај не почитуваат ни семафори, ни знаат да се приклучат и исклучат на кружен тек, не ти застануваат на пешачки, па уште и ќе те "чукнат" и ќе избегаат како п*чки:devil:
    Имено, вчера со другарка ми додека одевме низ населба кај друга другарка, една лудачка на која и отстапивме место да се разминеме, и го скрши ретровизорот на другарка ми, оваа излезе од кола, а лудачката нешто почна да пцуе и избега.
    Се' се случи во секунда, ни регистрација и снимивме ништо, не промислив и јас, а другпат со телефонот во раце сум останата.
    Не дека штетата е голема, ама поентата ми е дека, таквите лудаци утре може да го турнат некого од пат со се автомобил, или да го повредат и да избегаат:@
     
    На SnowWhite8, teaiva, senjorita-v и 3 други им се допаѓа ова.
  2. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    77.255
    Пол:
    Женски
    https://deca.mk/ako-ne-si-trpela-bolki-ne-si-dobra-majka/
    Тажно ама вистинито. Еднаш, една мајка ми рече: Ти не си права мајка, си родила царски. Што мака си видела ти, си легнала и те успале, кога си отворила очи бап детето у раце. Штом не си ги осетила болките при раѓање, не си мајка.

    Ако е толку убав царскиот драга моја, зошто ти не го избра полесниот пат?
     
    На Love 83, JollyGirl, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Се мислев долго, барав совети, мислења, подршка околу мојот неостварен сон за кој што се надевам дека наскоро ќе се исполни. Да аплицирам за Америка, и после долго двоумење, конечно решив, ќе аплицирам, ќе заминам далеку од овде доколку ми биде пружена прилика да добијам можност и да не се враќам долг период.
    Сакам да го прошетам светот, да запознавам нови традиции, луѓе, средини, обичаи и навики, да одам на концерти, да испишам нова страница од мојот живот, да пробам нова храна.
    Секогаш мечтаев да заминам со еден ранец од дома, да заминам во непознат правец и да стигнам некаде каде што ќе се чувствувам мирно, среќно, каде што ќе припаѓам.
    Ми се допаѓа што сум авантуристка и немам страв да направам нешто што го сакам, сакам ризик, сакам успех.
     
    На Love 83, Purplelilac, dayla и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Она кога на испит ќе ти се паднат прашањата за она што највеќе го знаеш, па и уште ти е прв испит у живот, а проаѓаш перфектно на полагање.
    Значи тргна студентскиот живот, а? :d::dance:
    Priceless.
     
    На Love 83, Purplelilac, Bozica1980 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Вечерва буквално цела една голема боенка со автомобили избоивме со внук ми, во сите можни бои боевме, ептен шаренила во секој еден автомобил, ама ептен ме опушти боењето, боевме со дрвени боици и тоа лежејќи на стомак, онака скроз мрзливо и опуштено:rofl::D
     
    На Love 83, ivi1987, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Помина денов...тежок, глупав, во исчекување, во надеж... нормално, ништо не дочекав.
    Кога сум под таков вид на притисок, давам лоши резултати... често и носам погрешни одлуки, ама... што е совршено во животот, па јас да мора да бидам...:fubar:
    Афтер ворк во 9 вечерва ми беше лош избор, сега сум позбркан..
    ми се јаде...сакам секс... ми се пие уште...
    Изгледа ми треба пауза од неколку дена... од се и од сите.. без исклучок...
    леле...поминало 2 ...(facepalm)
    Ај чао
     
    На Bozica1980, Rama, prominent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    40.159
    Пол:
    Машки
    Слика на денот:

    [​IMG]

    Спасител и мало маче кое му се фрлило во прегратка во разрушениот Лондон од бомбардирањето во WWII.

    Да не се заборават сите неопеани жртви животни кои невино го загубиле животот како акт на каприци на најинтелигентното суштество на планетава, човекот, мај ес.

    Хаил.
     
    На Peperutce1115, Love 83, JuLleE и 26 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Стојам и чекам, а во близина контејнер.

    Иде мачка и копа во ѓубрето. Си наоѓа нешто да џвачне и си оди.

    По две минути иде куче и душнува. Наоѓа лушпа од јајце, ја јаде, и си оди.

    Цело време, во близина се вртка човек. Стари алишта, ама испран и закрпен. Прво мислев дека оди да ги брка животните, ама не, сврте 2-3 круга околу контејнерот, пробуричка во ѓубрето и си отиде со празни раци.

    Македонијо, те мразам.
     
    На Emy867, sparklie, GoodGirl45 и 36 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.319
    Пол:
    Женски
    Оваа година ми се чини или навистина кафичиве и дискотеките буквално ПРЕТЕРАА со цените за Нова година.
    1500ден минимум за 2 пијачки и "мезе" т.е мини сендвичиња со едно парче шунка и кашкавал, 4-5ч слушање на некој бенд или диџеј кој никој не го ни знае али битно на флаерите стои "НАЈЛУДАТА НОЌ, ПО ЦЕНА ОД САМО 1500ДЕН, 2 ГРАТИС ПИЈАЧКИ, ЈАДЕЊЕ, СО ПОЗНАТИОТ ДИЏЕЈ "ПЕЧУРКА", НЕ ПРОПУШТАЈТЕ, ЗАБАВАТА Е ЗАГАРАНТИРАНА".
    Ма, марш бре. |(
     
    На Ladybug98, GoodGirl45, Peperutce1115 и 19 други им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Чувството кога другарка ти ќе ти се јаве да ти каже дека ќе дојде во 22 часот после работа, и ќе ти рече дека ќе донесе хамбургер и по една лименка пиво, а ти и велиш дека малку ќе ви биде по една лименка, и одиш купуваш едно големо "домаќинско" пиво:D
    Јадете, ама таа само една чашка пивнува од пивото и легнува на кревет да се тажи слушајќи песни од Каролина од 2000 и некоја, а ти си пиеш пиво, и без тажење се ти е полно и рамно:D ова чувство беше синоќа, ох стомаку мој, извини што те пренатрупав;( а после те обвинувам дека си голем:drunk: ама шта чеш, око лакомо|(
     
    На GoodGirl45, Peperutce1115, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Најубаво ми е кога кармата одма делува и на вистинските луѓе им враќа тоа што заслужиле.

    Кога некои зборуваат невистини за мене зад мој грб или се ситат за нешто што ми се случило, баш ми е ќеф на душата кога после некое време сѐ им се враќа кај нив.

    За тоа што идиректно ме навредуваат и повредуваат со остри зборови, со тоа истото се справуваат за некое време. Епа не да ми е мило, туку најубаво ми е. :f:

    Не знам кој е одговорен за ред низ вселената, ама фала ти.

    Од мене секако само игнор добиваат, ама ете ваљда има некој ферски ред па како бумеранг им се враќа. (poolparty)

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115, Love 83 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Ги гледам родителите уморни од работа, едвај разговараат., се утепуваат од работење. Во тие 33 години брак еднаш си немаат дозволено достоен одмор, па решивме со брат ми да им подареме патување за празниците.
    Да ти се пљукнам во држава во која некои не мрдаат со газето и имаат се на тацна додека некои други работат од утро до мрак.
    Да ти се пљукнам во држава каде што не ти се цени и плаќа доволно она што го работиш.
     
    На Tea678, 1209, cresa-jagoda и 37 други им се допаѓа ова.
  13. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.644
    Допаѓања:
    252.699
    Ќе слушнам ли утре тоа што сакам, ќе се тргне ли оваа вина која не ми дава мир?

    Зошто правам погрешни чекори, ќе горам знам, ама многу ли барам?

    Што значеше ова денес? Што треба сега јас да направам?

    Пука филм на совршена и идеална жена, без валкање, без гревови. Пука филм на совршента татина ќерка и гордост.
    Пука, оти е несреќена.
     
    На AngIv, cresa-jagoda, JollyGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.688
    Допаѓања:
    39.779
    Пол:
    Женски
    Најразочарувачки ми е кога од блиски луѓе од кои очекувам да добијам поддршка, не само што нема да ја добијам туку и не ми го ценат ни трудот што го вложувам. Браво за вашиот огромен инает и лицемерие!
     
    На AngIv, cresa-jagoda, LittleChili и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Keiner

    Keiner Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Како тоа ги запоставувате старите ''блиски'' другари/ки и одите да им се улизувате на други се додека не ви станат другари/ки? Бедни сте до бескрај...:puke: Се надевам дека кармата ќе си ја заврше својата работа за брзо време..:)
     
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful, Blue.Sky и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Пред неколку дена почнав да собирам железни парички во каса, реков дека нема да ја отворам до празниците, ама изгледа ќе ја отворам сега, оти некако почна да ми боде во очи, не сум јас човек да чувам пари:tmi:
    Таман ќе има за грицки и вино, ќе си пуштам некој филм и ќе си уживам вечерва сама, што ако е викенд, ги надраснав и надминав викендите со пиење и играње по дискотеки и кафичи:D
     
    На Nigredo Odor, cresa-jagoda, JollyGirl и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Крајов на годинава е време кога си признавам на самата себе дека не знам како да одржувам близина со луѓе кои се илјадници километри далеку, без разлика колку и да сме биле поврзани во минатото.

    Не знам, ама не ми е тоа-тоа гледање и слушање во кое се размислуваш дали да раскажеш нешто подетално што ти се дешава или да си поќутиш за да не ги секираш.
    И тие со истата мисла веројатно, па од многу „добро сме“ на крај испаѓа дека никој не е ниту добро, ниту па сè му е рамно.
    И така до недоглед..
     
    Последна измена: 14 декември 2019
    На Herrera, Ladybug98, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.107
    Допаѓања:
    56.015
    Пол:
    Женски
    Вистината е дека не го заслужив ова што ми го направивте, што ме шутнавте така ладнокрвно и без објаснување, навистина не го заслужив. За многу работи би рекла дека ги заслужив, ама ова навистина не. Знам дека направив некои глупави работи во минатото, како недозреана тинејџерка, но ни блиску не се споредуваат со тоа вие што го направивте после.

    А ги забележав знаците, ги забележав тие црвени знаменца, откако почнавте да комуницирате со новите пријатели „тајно“. Откако ми дававте до знаење дека веќе не сум доволно добра за вас, како тие што се. Тие беа комуникативни до немајкаде, јас не. Тие сакаа да се забавуваат секој викенд до раните утрински часови, јас не. Тие сакаа секој можен ден да се излегува на кафе, јас не, ми требаше време да се одморам од социјализација. Тие беа секогаш тука за да оговарате, јас не.

    Со други зборови, веќе не бев вредна повеќе за вас. Кога некој не те прифаќа онаков каков што си, како би го зачувал пријателството со него? Пријателство градено од детството, кое почна полека да ја губи вредноста со времето. Нормално е да стекнуваш нови пријатели, и да бришиш стари ако се токсични. Но никогаш не е нормално да прекиниш пријателство на толку ладен начин и без некаква посебна комуникација.

    Си сакавте површни пријатели, си добивте. Но дали со нив некогаш ќе го помините она што ние го поминувавме на времето? Дали ќе бидат тука за вас во најтешките моменти да ве утешат? Дали би ве ислушале за вашите соништа? Дали би им кажале дека не се чувствувате добро денес и зошто, без страв дека ќе ви се смеат зад грб? Ништо од тоа, ама барем имате некој за забавување за викенд, за пијанење до бессознание и за оговарање. Што е другото битно... :)

    Уморна сум веќе. Не можам да спасувам пропаднато пријателство. Можам да ви пишам, ама чувствувам дека тоа ќе го свртите на карање и вината ќе се префрли на мене како и секогаш. Не можам повеќе да вадам исушено цвеќе. Поосамена сум сега, но помирно ми е. Немам 100 пријатели ко вас, имам двајца само што ретко ги гледам. Мизерна без пријатели, што вие би си помислиле.

    Имајте убав живот...
     
    На cresa-jagoda, JollyGirl, IvanaJenner и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Знаете како се оценува глупавоста на еден човек?
    До скоро се тешев дека тоа е наивност, ама не е, пострашно е, глупавост е.
    Сега ќе ви кажам:mm:
    Вчера по моја вина се скарав со татко ми, и не му зборував цел ден, јер ем крива, ем ќе држам лутина плус...
    Отидов до маркет си купив вино и грицки, пуштив филм да се опуштам, не планирав да одам никаде, се до моментот кога не ми се јави другарка ми во 22 часот да отидам во преполн локал да земам нешто наместо неа, од "оправдани причини", влегов во гужвите за викенд, така обично облечена како што бев дома, и излегов "горда" на уште едно мое глупаво истрчување на помош во секое време.
    Авторот сака да го каже следното, може ви звучи цепидлачење, ама да се работеше за мене или за некој од семејството дури, не би отишла таква-никаква, макар и крај на свет да доаѓаше, ама на другите отстрана не умеам да им кажам не:worried:
    Едвај чекав денес да му се извинам на татко ми, бидејќи тој се прави за мене, а пак јас се правам за оние кои ништо не направиле за мене....
     
    На LittleChili, Purplelilac, 1209 и 17 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Aко нешто најмногу мразам во животот тоа се разгалени дечишта од мали нозе па се лутат на сето она што им се нуди за вечера бидејќи се навикнати на луксуз и не го ценат она што го имат дома.
    Некој нема што да јаде, некој нема пари за леб, а тие се лутат за принесеното на масата.
    Не може секој ден скари, пици, нарачки марачки, некој сонува за корка леб а некој се луксузира.
    Какви распрдени луѓе, ми го уништи денот она што го видов и слушнав.
    Скотови.
     
    На LittleChili, prominent, gjoker4e и 15 други им се допаѓа ова.