За викенди го седнувам брат ми и како професор да ми е му раскажувам шо сум научила, за да си го повторам материјалот, т.е преку игра на професор и ученик го правиме тоа. После он ми раскажува нешто што учел и така заедно учиме и повторуваме материјал. Кутрото 11 годишно дете ме слуша со месеци веќе "внимателно" и денеска изгледа ептен му се смачив и ми вика: "па колку работи ми кажуваш, јас сега сум сигурен дека нејќам да пораснам и да учам толку ко тебе, па ќе немам време да си играм со другарчињата, колку ви е досадно на вас што сте поголеми" и ме изгушка зошто мислел дека ептен ми е тешко.
Секој прави грешки во животот за кои подоцна се кае и го колне денот што се случиле. Можеби беше нешто неоткриено и слатко за мене ама крајно деструктивно и влијателно за мојата психа и денес. Едно нешто што се каам во животот ми е таа. Никогаш да не се повтори. Никогаш повеќе такви грешки.
Кога сакаш да му помогнеш на некој испаѓаш и будала и глупав и ненормален... Е така нека ми е.. Никогаш ама баш никогаш повеќе нема да помогнам на некој ако не ми биде побарано тоа. Па и тогаш ќе размислам. За кој и да се работи... Одсега глува и слепа за туѓите проблеми кој и да е.
Нека стои ова тука. Ислушајте ги децата, родителите, пријателите, партнерите, па и некој рандом да е за се што имаат да кажат и секогаш кога сакаат да разговараат со вас. Не викајте дека некој преувеличува, дека е размазен, дека ништо не му е, изводи само, научен е да го сожалуваат, дека се поминувало. Бидете му поддршка и бидете тука за разговор доколку му е потребен. Не знаете кој низ што проаѓа, може многу да помогнете на некого со ислушување и со тоа што ќе му дадете поддршка. Додека не биде прекасно...
Другарка од детството која е омажена во странство, периодов се породи со четврто дете, и сите овие месеци, на секое пишување што има ново, не најде можност да ми каже, дознав дури откако се породи, не ставаше ни слики, ни бутур, ај да и беше прва бременост, па поради суеверие да крие од лоши очи, да разберам, ама вака
Бог да чува од ненајавени гости, никогаш до сега не сум отишла некаде ненајавена ама никогаш!!! Секогаш сум се јавувала бар ден пред тоа, како можеш да му упаднеш на некој во куќа туку така ми е стварно непочитување и крајно некултурно , пред една недела со сестра ми се договоривме да се собереме дома со друштво а моите отидоа на викенд надвор од градот , така бевме договорени, замислете момент, седите со друштво и ви доаѓа баба стрина тетка со цела фамилија и бесни деца...па дури ни да заѕвонат си влегуваат како во нивна куќа, ако сте роднини и било што да сте глупо е да доаѓате не ненајавени уште помалце да не заѕвоните!!!!!!!!!! -_-
Има една стара народна поговорка, која старите луѓе на времето ја кажуваа по селата, која вели вака:Колку и да дава кравата млеко, ако на крајот замавне со ногата и го истури, се е џабе. Кој разбра, разбра
Конечно некако успеав да се приберам дома, ме истошти Скопјето, но барем вредеше малата прошетка и она што го завршив. Фала му на Бога, се е во најдобар ред. Ме чека красење на елката, готвење и гледање емисија со средување на градини и куќи. Мислам ќе биде убава вечер, ќе заспијам конечно без ниту една грижа и со нетрпение да започне утрешниот ден. Додека се враќав дома, се сетив на една пријателка со која го изгубив контактот пред неколку години, јас престанав да ја барам, престана и таа, но се надевам дека е добро. Од мајка ми дознав дека напреднала во кариерата и денес е успешен стоматолог. Многу се израдував што си го пронајде вистинскиот пат после низата разни срања што и се случија со родителите и бившиот партнер. Само, жал ми е за брат и. Пробав да стапам во контакт со него, но не успеав да пронајдам. По зборувањата никој не знаел каде се наоѓа а наслушнав и муабети дека се наоѓа во болница за лекување на порокот. Не дека верувам на оговарањата но воопшто не се изненадив, од секогаш ми беше чуден лик но јас го прифатив со сите маани затоа што пред се ми беше добар пријател и човек на кој можев да сметам. На крајот од денот, мислам дека заслужувам едно добро кафе и десерт и да ги разбистрам мислите.
Денес ми е посебно топло и мило околу срце. Посебно е чувството кога белскаш од среќа и тие околу тебе ќе забележат, па ќе ти поделат комплимент кој уште повеќе ти го разубави денот. Убаво е чувството кога цело време си насмеана, па не можеш со обични зборови да објасниш зошто си среќна. Пред да го запознам него да ми речеше некој дека ќе станувам порано од алармот само за гушкање, немаше да поверувам. Дали вреди за обична прегратка да кратиш од сонот? Кога не го знаев него би рекла НЕ, а сега дефинитивно ДА. Повеќе со енергија ќе ме наполни тој, отколку тие неколку минути сон. Имаме толку многу планови, идеи, сонови и мечти. Со раширени раце ја чекаме 2020. Барем пола да се исполни од тоа што планираме, посреќни од нас нема да има. Shoot for the moon. Even if you miss, you'll land among the stars.
Го успав малото мое, маж на пат, станав и закочекорев кон светлината од каминчето... толку многу мир, идеалност, спокој собрани на едно место... навидум ...исто како пред 3 години, но во срцево не е исто.. Се пристив на зимските непроспиени ноќи, на благото претопло кафе во на пример 4 часот наутро со пилците... па ми се припи истото ..штета што не можев да си го преуштам па се задоволив со топол чај... го пијам и уживам во звукот кој пуцкета, дебели чорапи а јас вечито ладна мраз.. ми студи. Се е толку идеално ама на мене не ми е.. јас бликам јас тежнеам по истото од пред 3 години. Идеално беше... Спомени ли се спомени, убави ма нај убави иако навидум беа отров тешки!!! Тек наутро кога се будам... скришум излегувам од соба, облакам чорапи и влечки правам кафе и се стационирам на тераса, колку год да е ладно, јас уживам во раното утро, во темницата и тук там по некое светло од големиот град што наѕирува, уживам во кафето што денес решив наместо врело да е со ладно млеко... уживам во целиот тој мир и спокој.. Крадам... крадам моменти што ретко можам да си ги дозволам за да си ги наполнам батериите и продолжам напред како и секогаш.. Да! Среќата спокојот е во малите нешта, сосема малите нешта во животот, како изгресонце, кафе, цигара, тишина, прегушено светло, тивок звук.. Барем јас спокојно уживам!!!
Магла секаде околу нас,чекаме ветер да дувне да расчисти магла и воздухот да ни биде почист,какво време таква држава ВЕТЕР И МАГЛА.
Иде Нова Година,ама не можам да се радувам како порано оти во минатава доживеав нешто страшно,а плус и немав некоја утеха и разбирање од блиските. Не можам ни бидејќи пред нешто повеќе од една година на оној свет си замина единствениот човек од фамилија кој безусловно ме сакаше и ми помагаше. Не знам што ме чека нареднава година,а можам само да се надевам дека ќе бидат само убави и добри нешта оти претешко ми е во душава од толку многу негативности во оваа. Ај,оди си 2019,оди си побрзо!
Никогаш нема да ми биде јасно бутањето преку ред на лекар, посебно на педијатар. Муабетите од типот: Ама јас влегов само да прашам (а се задржува минимум 20 минути). Ама болно ми е детето (ок, јас со здраво дете дојдов да си поседам зошто дома ни беше досадно). Лелее, не ве видов. Вие за преглед бевте? Ма нее, дојдов со докторката кафе да се напијам. И врвот на последниот преглед беше кога мајка со бебе ме бутна и влезе во ординација преку ред, а сестрата вика бебе имала, нека влезе пред сите. Ок, ако каже човечки ќе ја пуштам и око нема да ми трепне. Ама да се бута без осет и притоа бајки да се продаваат дека бебиња треба предност да имаат, не баш. Зошто баш таа мајка беше дојдена со докторка во мантил што работи таму. Јас од бебиња ги носам таму двете деца па никогаш за нив немало таква привилегија. А зошто? Затоа што немам сестра или докторка што работи таму.
Се разочарав во оние во кои најмногу имав доверба Не беше прв пат да ме извисат, ама денес се прели чашата. Сфатив дека попусто е јас да ги сакам, а тие мене да не ме ни почитуваат. Не можам само да си простам што им дадов прилика, не требаше. Од денес не ме врзува ништо со нив, беше болна одлука ама болката ќе исчезне кога ми текнува што се ми направија. Од денес вртам нова страница, сама, сигурно, полека чекорам. Нема да дозволам некој веќе да гази врз моето достоинство и моите соништа. Ни почит, ни љубов не добив. Затоа тие луѓе нема да бидат дел од мојот понатамошен живот. Додека ми течеа солзи и срце ме болеше , сфатив дека никогаш не ни имало љубов. Само од моја страна се одржувало се, кога ќе дошло на нив ред, секогаш ме оставале така. Всушност, далечината само допринесе за ова, знаев дека ќе се случи еден ден. Нема да бидам тажна, подобро е за мене. Наравоучение, не ги повредувајте оние кои ве сакаат. Не им правете илузии на тие околу вас, бидете искрени. Зашто повеќе боли повредата после многу години, отколку искреноста сега.
Пензионерите зборат како младите немале култура, а секој 2 збор им е клетва и пцуење: У ЈСП: Да ви се плукнам у тоа младината, седнале не стануваат на постари, пу невоспитани, ај ај ќе дојдете на наши години, дај боже и вас вака се да ве боли и да не ви стануваат. У банка: Аман од гужвите, ја сум постар не можам да стојам и да чекам, ај ако може да завршам работа. Ако му речеш си има ред, почнува со стандард пцуење и колнење. У банка исто, у маркет исто. Па имаме од кој да земеме пример за некултура и такво однесување. Вие сте ги воспитале родителите на таа младина, ете од каде потекнува проблемот. Преку глава веќе од вакви, секој ден истото па истото, не си гледаат староста и да си уживаат у пензионерските денови на раат, само да се пцуело и колнело по младината и се наоколу.
Сакам да имам прилика да ги гушнам сите анксиозни и депресивни луѓе. Искрено, многу ми е криво што има многу луѓе кои се мачат со чудава, ама посебно ми е жал за младите. Родители, освестете се. Некогаш токму вие сте тие што можат многу да направат. Слушајте ги децата што ви зборуваат. Пратете им го говорот на телото и очите. Очите секогаш многу работи знаат да кажат без ниеден изустен збор. Почитувајте ги нивните соништа и желби. Бидете им рамо за плачење, секогаш. Дозволете им да ги рашират крилата и да летаат слободно, без стеги и страв. Дозволете им да бидат тоа што сакаат. Немојте никогаш да им ставате кочница и да ги предомислувате. Дозволете им да бидат свои, сами да изберат што да носат, сами да донесат битна одлука, да кажат гласно што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Никогаш не им ги игнорирајте проблемите, колку и на вас да ви изгледаат мали и небитни во моментот. И секогаш, ама баш секогаш одвојте време за да ги прашате како се и како им поминал денот. По тонот на гласот и погледот многу работи на време се откриваат. Бидете секогаш тука со нив и за нив, кога ќе пораснат ќе ви бидат благодарни.
Залутав со мислите. Залутав во минатото кога еуфоријата за празниците беше поразлична од сега, кога се гледаше возбудата на луѓето, кога сите брзавме да одиме во шопинг и кој ќе има најголема елка, кога сите се почитувавме меѓу себе а лицемерието беше ретко. Се би дала да се вратат тие времиња кога се враќав од училиште а мајка ми ќе ме пречекаше со печени коштени и топол компот од сливи и смокви и некои праски кои останале во замрзнувачот. Се би дала за тие времиња... И сега е убаво... Но не како порано.