Колку е педерски кога ќе ти го спушти некој од кого никогаш не си ни помислил дека е способен за такво нешто... особено ако знаеш дека намерно го направил тоа и притоа те прави будала. Како за инает, наместо најдоброто, се труди да го извади најлошото од мене... Ок...знам Јас и така...ќе боли ама тоа е
Ремарк рекол и не згрешил: Не постои нешто по досадно од тоа да присуствуваш на демонстрација на нечија памет, посебно тогаш кога паметта е отсутна.
Супер забавно е коа после бич фајт, членки доаѓаат у СДК и убацуваат мудри мисли, демек ја сум над вас. Не очекував така од некои членки. #истасумијасомислењево
Кога мнозинството ќе научат да се откажат од потребата секогаш да се во право и да ги убедуваат другите во нивното не си во право, тогаш ќе искусат дека слободата и поддршката се безусловни и носат личности со слични вибрации.
Ја и поштарот редовно имаме рандеву со пратките. Море цела токсична врска. Он ми ѕвони на телефон, мене редовно на сајлент и не го слушам. Па ја му ѕвонам, он е пасив агресив и не ми крева. Па тек следниот ден ми ја носи пратката и е намрштен стотка. Па после на двајцата демек незгодно па хехекаме и хахакаме додека ја се потпишувам по пижами, а мачката ми е грабната на потколеницата и апе. Вчера лежам и дремам. 9 сабајле, надвор тмурно, смак света, ја ококорена од 7. И пошто му го знам гласот, го слушам се дере однадвор. Еленаааааа, Еленааа. Еленааааа. (не се викам Елена) Си викам иди у курац, шо се дереш, цел свет спие. Он пак, Еленаааа, Еленаааааа. Со долго и досадно ААаааАаА. Види викам будала, ѕвони и' бе на Елена, не се дери. И у еден момент ми светнува дека една моја Елена нарача и пушти пратка ама не на нејзина, туку на моја адреса. Оу, шит. Како шо дремев, срипав, едни скали, други, трети, мачката низ нозе... викам ДААААА, ЕЛЕНА, ДАААА, ТУКА, повелете Ми вика абе ти ѕвонам бе Елена, каде си. Викам не сум Елена ама ок е, за тука сме. Сега сонце ќе го огрее кога ќе ми стаса кулата за мачки од Али експрес.
Бев поборник да не се отвори темава, ама овој пат имам потреба да не бидам цитирана, па ќе пишам. Колку и да е далеку од мене сакам да знае дека секогаш ќе го сакам. Како другар и брат, можеби и нешто повеќе, за кое никогаш не се осмеливме да прозбориме. Еднаш бевме многу среќни луѓе, градот го имавме под нозе, со сите шарени бомбони, згоди и незгоди, а денес ради далечина се отуѓивме. Драго ми е што барем е тој до тебе онака како што не можев јас, иако ти ветив.
Се ближи Нова Година а со тоа и нова влада,интуитивно верувам дека 2020год ке биде година на позитивни промени за нас.
Ни сакам да заврши годинава, ни да почне другата. *** Не можам да си најдам нова плејлиста и тоа највеќе ме фрустрира периодот, башка настрана што цел месец се занимава(в)м со никакви настани. Презаситена сум од одржување на некој ред шо практично нема(м) никаков ефект. Ужасно ме "трошат" форсирани "предновогодишни" желби, дружења.
Не знам дали барам многу, или да сум среќна со ова што го имам, ама тебе дефинитивно те сакам во мојот живот. На било кој начин. Без глумење, без скриени намери, без лаги и изговори. Само моменти. Ваљда некогаш само тоа и ни треба за да се осетиме среќни. Убаво да ни е, барем и за момент. Ама, секогаш има ама.
Од рубриката дебил на денот го издвојувам типацот на Рекорд што на бабичка што го праша дали 7ца иде накај Партизанска и рече не и кога се тргна од врата и се згази од смеење. И шоферот шо кога викнав по жената дека иде бусот таму, да се качи, не ја почека и си продужи да си вози.
Ми требаше еден ваков долг разговор со некој што ќе ме разбере. Премногу сум напната периодов, што од школото, што од други проблеми, им нема крај на проблемите. Му се отворив на другар ми за сѐ, се изнаплакав за сите пари. Одамна немаме разговарано на волку тешки теми. Ми олесна премногу. Што би правела јас без него..
Аман нека помине веќе еднаш ова еуфорично чувство со прашањата каде за најлудата ноќ во годината. Мене секој ден ми е по малку луд, не ми треба да славам некаде као свадба без зет и невеста
Зошто секогаш баш оние што ти значат мора ретко да ги гледаш и да имаат многу поинакви планови во животот? Двајца сте ама вредите за 100 пријатели. Колку ќе бев среќна да ве гледав почесто, ама истовремено сфаќам дека вашата среќа треба да ви е најбитна. Никој не смее да ви се меша. Не знам ни како да ви кажам дека ми значите, дека често ме боли далечинава. Не ни го знаете тоа, ни колку ми значите, од моја неспособност да се изразам без да звучи awkward. Со душа го чекам денот кога ќе успееме да се видиме, кога се чини дека на муабетите и смеењето им нема крај. И во тие моменти сум благодарна што ве имам како пријатели. После си заминувате.. Ама вие ја заслужувате сета среќа на светов. Макар по цена да се гледаме 1-2 годишно if I'm lucky. Си имате други планови во животот, други приоритети, други луѓе.. Јас сум само пријателката која ја гледате кога си идите во родното место. Која ве чека секогаш и никогаш не успева да се налути што не си идите почесто. Пријателката што е тука секогаш, што не оди никаде.. Ама премногу ве сакам за да ви се мешам во вашите животни планови. Заслужувате се' што посакувате. Можеби некогаш ќе успеам да ви го дадам тоа до знаење. Тогаш би била најсреќна. ....
Цело време ти е вклучен и телефонот и интернетот, никој не те бара. После 8965 дена си слободен и решаваш да поспиеш до покасно, гасиш нет, гасиш звук на ѕвонење: - те барале од карго за некоја си пратка да ти донесат - другар ти со кој се немаш видено 1мес проаѓал низ твоја населба, па ти вртел - баба ти те барала да ти каже дека правела кифлички топли, за да дојдеш - инструкторот те барал да праша дали ќе возиш часови и со градската шо си напраила - колешка те барала да праша дали ќе полагаш утре - брат ти те барал за да му однесеш пари до школо - класната од средно те барала, да те праша нешто - тетка ти, вујко ти те барале.. Се будиш: 30 пропуштени повици и 30 пораки. Ма, аман...
Вторник. Денес не сум на работа, но здодевно ми е дома. Отидов до библиотека со намера да земам книга и да ја убијам досадата но ме вратија назад со објаснување дека прават попис и треба да се зачленам од следната година повторно. Ја посетив баба ми, ме почасти со убава баклава и пари од пензијата. Бидејќи не знаев како да ги искористам за себе, им купив подароци на најблиските. Мали работи и скромни но сепак битен е гестот. Хев а најс деј.
Да сте вие, возрасни луѓе, свесни колку е неодговорно да споделуваш свои мислења на интернет кај што секој во секое време може да чита, добро ќе беше.