На мечињата на внука ми, низ игрите до скоро им бев тетка или баба, сега сум им мајка, таа е докторка и ги лечи, а јас како мајка ги носам на доктор, моментите што ме запрепастија беа следните: несвесно почнав да им се обраќам со мама на мечињата, а другиот момент беше кога малата ми го поддаваше мечето и ми се обрати со зборовите-земи го детето мајка
Не знам како ги мрзи да му речат на мајстор да оди на локација да поправи дефект за кој треба да се одвојат само 20 минути иако тоа им е една од работните обврски,а не ги мрзи да одат во банка и да си ја земаат платата. Или оние работници кои само удираат во ѕид,а не гледаат дека има кабли наоколу. Толку да не се мисли...
Не можам да ги сфатам луѓето мачно ми е обидувајќи се на партнерот да му објаснам дека за мене дете си е дете, ако носи моја и негова крв нема да биде ни малку подобро од некое друго што нема да носи, ако носи наши гени не е сигурно дека ќе не сака, ќе биде како нас или дека ќе биде се во ред. А колку само дечиња има заборавени во домовите, ама ние мора да создаваме уште и уште..наши да бидат демек овие другите се на кого? Срцето ми плаче кога читам дека посвојувањето е едвај и последна опција, подолу и од утешна награда. Дека живите создадени деца од крв и месо што веќе постојат вредат помалку од имагинарните што можеби некогаш би настанале. Ама вториве би биле " наши" демек загарантиран квалитет, а овие првите " нечии" туѓи и несакани. Како да разберам...
Нели ви здосади во животот да зборувате тотално клиширани нешта само затоа што другите сакаат да ги чујат? Башка, вие таквите обично сте корисни идиоти и ете, бидејќи не сте мои корисни идиоти, ви кажувам искрено и отворено.
Коа ќе видам фирмички пикнати по подруми глумат стартапи, па и Тенксгивинг и Божиќ денеска слават да испоштуваат „инвеститори“, па тоа слики, па човечки ресурси ги тераат да се сликаат на ваков и таков начин, па прават „букви“ со рацете, па мора да бидат облечени во исто, па Сикрет Санта со буџет од 1000 денари пошто мора и на колегите на работа да им купиш поклонче (оти нели, нема трошоци овој период), па се прават видеа за после да привлекуваме „свеж талент“ во фирмата (шо не сакаме да го платиме повеќе од 500е и ќе мора да се приклучи на колективното лудило)...... Шо ви е море луѓе? Арни ле сте?
Посебен круг у пеколот за луѓе кои решиле да не те сакаат од вчера а до тогаш маци срце душо.. Бетер сте од непријателите.
Колку е само точно она-Дај му власт на човек и ќе му го видеш вистинското лице. Човек треба да бега што подалеку од таквите кои до вчера биле безгласни букви, а денес по игра на судбината станале "босови" или само самите се замислуваат во таа улога
Еве на пример јас кога одам на кафиња, во ресторани или на било кое друго место кога сум излезена не ставам ништо на инста сотри. Дали тоа според вас значи дека не мрдам од дома? Пошто, нели треба доказ да се има се треба на стори да се стави
Што ми глуматаш искреност, добрина и 'невинаШтво' кога од км се гледа дека си лошичка. Па и сеир сакала да фаќа бе. Со оние за кои вчера велеше дека и се пријателки. Свашта
Којзнае колку треба да си несреќен у животот за да се замараш на сајтови да пишуваш колумни против парови, против мајки, против тинејџери што биле у врска, против луѓе што користеле социјални мрежи, што се сликале, што споделувале слики од ова од она. Дур го губеше времето за хејтање, може нешто попаметно ќе направеше...
Помалку паметниот мисли дека се знае, а попаметниот знае дека ништо не знае и затоа попушта, дава простор да се истакнат другиве со своето ''знаење''. Сепак од секој ќе научиш по нешто, од едните како не треба од другиве како треба и ќе си го примениш за себе како ти одговара. Сите немаме исти цели во животот и сите не одиме по ист пат, некој оди по подолгиот некој по скратениот важно да стигне каде што треба и колку пати и да падне по тој пат да се исправи и продолжи понатаму.
Некои луѓе колку лесно и сигурно тврдат дека некоја личност е депресивна, а уште повеќе и за самите себеси тоа го тврдат бидејќи два дена не им одело кафето, не сакале да слушаат музика, не сакале да се нашминкаат и слично А да разграничевте што е депресија, што е анксиозност(која за жал секој втор се бори со неа) и што се обични глупави периоди кои траат од ден-два, кога не ни е дојдено до извршување на секојдневните обврски и дружење со луѓе, тоа е нормално и секој има право на тоа да посака на момент да се осами и да не прави ништо, ама да ми мачкаш очи дека тоа е депресија, па уште и да почнеш лекарства да пиеш уште од првиот ден, и наоколу да се расфрлаш со зборовите колку си депресивна, ми е ту мач.
Учиш по цели денови и ноќи, не спиеш пред секое полагање со цел да научиш што повеќе, се трудиш за еден ден парче леб да можеш да си извадиш за себе, да имаш знаење и се надеваш дека со истото ќе успееш да си најдеш работа. Дур некоја си се фали што татко и бил градоначалник и што ја имало по портали со уште некоја ко неа иста, па и уште пари имала од татко и, не и требало ништо неа и животно достигнување и е што на курир за неа се пишувало, па ете може у МЈФ да си се исфали, но сепак, животното прашање за работа и е решено, ќе ја пикне татичко на некоја позиција у администрација... И како за крај: Роди ме мајко со ксмет и фрли ме во политичко семејство.
Му прогледуваш низ прсти,еднаш,два пати... сто пати ...му обрнуваш внимание да не му е ок тоа што јаде трици за секој ...ама џабе бре ,копито си е копито... и наместо да наведне глава и да работи она за што е платен -он ко женче на чешма ... Доволно беше ... денес ќе ,,изгориш",предновогодишно ...со погрешна особа почна да плакниш уста Ај на здравје .... ашшшшшшш....