Ако нешто во исто време може да ми изнуди и насмевка и тага, тоа е пар во поодминати години. Си се стуткале еден до друг и си се држат под рака...Тој неа, а таа него...Поткрепа си се еден на друг дур шеткаат низ парк или само си седат на клупа. Зборуваат нешто и се смешкаат. Сигурно имаат милиони прказни за кажување. Сигурно заедно поминале милиони убави и лоши мигови. Додека ги гледаш осеќаш и милост и жал. Жал што изгледаат изнемоштено, старо, а и сите нас истото нѐ чека. Жал што сфаќаш колку брзо времето поминува и на крај сите исто завршуваме. И тие биле нешто во животот. Таа може била професорка или продавачка или докторка, тој може бил адвокат или кондуктер или научник, а сега само си се имаат еден со друг и ги живеат последните години од животот. Никој не знае што нѐ чека утре, ама ништо не е побитно од тоа кога имаш почит, разбирање и љубов од човекот со кого си решил да го поминеш животот. А да, и здравје, здравје еден куп.
Зеле да се караат за нешто материјално и се правдаат со религијата за тоа. Забораваат што сториле пред пола век. Исусе...
Колку една реченица кажана во поинаков тон и говор на тело,може да те натера да излезеш од патики. Што јас да правам кога некоја се однесува како неадерталец со злобен речник. Е малку да беше поинаку кажано,со друг тон ќе изгледаше како шега,е нече мочи.Си го доби заслуженото ,колешке ... Не давам на себе ,повеќе.Ни дерење,ни ставање сопки... Фала многу и...збогум.
Колку и да си не спремна. Колку и да си сигурна во тоа дека во скоро време нема да имаш секс, сепак тоа не значи дека не треба да се информираш.
Всушност знам зошто не сакам да славам нова година. Знам зошто не сакав да го славам мојот роденден. Затоа што се е совршено а ти знаеш како ќе те удри реалноста следниот ден. Не сакам да славам заради следниот ден. Седење сама во една соба. Досадна работа за малку пари. Пораки кои сакаш да дојдат но не доаѓаат. Игнорирање од сите. Секоја година е исто. И зошто да си ја славам сопствената тага.
Наводно сите се отселиле, малку народ останал, бла блаа, а кај да отидеш секаде гужви, редици. Не ќе да е дека сите се отселиле
Ако едни учеле факултет 10 години, други без факултет или со полесен факултет работат во крајно ризични услови за да помогнат некому, за да изградат објект. А посебно кај нас знаеме колку државата ја боли таквото за стотиците работници кои секоја година се повредуваат на работното место, некои за жал остануваат со трајни последици, трети... загинуваат. И затоа и во некои други професии освен медицинските се зимаат високи плати и треба да биде така. И знам дека медицинските професии се едни од најценетите и со право се. Ама тие луѓе богови не се и никогаш не треба да се возвишуваат над останатите. Каков лекар е некој ќе познаеш не само по знаењето туку и по скромноста и од која висина гледа на останатите. Ако пожарникарот избрал да биде пожарникар, лекарот избрал да биде лекар, градежниот работник избрал да биде градежен работник. Почитувајте го тоа наместо да велите - кој те тераше да бидеш тоа и тоа. И сите треба да се борат за правата кога им се ускратени, но без да ги потценуваат другите. Ако некој избрал да гради куќи, не значи дека треба да умре заради тоа.
Браво! Е, ова е за пофалба. Ако случајно на некој му се наоѓа стар компјутер може да го контактира човеков и да му помогне во неговата донаторска акција. Се воодушевувам кога гледам дека има уште вакви личности кои несебично помагаат. Има надеж за човештвото.
Во Србија полицаец ја напушти својата работа, притоа само тој бил вработен во цело семејство и го издржувал истото. А работата ја напуштил бидејќи не сакал да го тепа сопствениот народ, а истиот тој народ мирно протестираше пред Црногорската амбасада во Белград заедно со монасите и свештениците, бидејќи некој од "главните" сака да им го одземе манастирот Св.Василиј Острошки и други свети места. Истепани се и обични граѓани, ама и еден свештеник, ама ако, има некој горе кој гледа се За храбриот полицаец веќе стигнуваат понуди за други работни места од луѓе кои ја сакаат сопствената религија и вредноста на светите места, од мене длабок наклон на храбриот верник Бившиот полицаец нема да остане гладен, ни на земјата, а на небото веќе си ја заслужи небесната награда
Пуштив вести и 15 минути гледав како дробат за партииве кои се караат како мали деца,а прилогот за протест поради загадувањето траеше 2 и пол минути. Браво!
Во џеб имам ливче нa кое пишува - Не се грижи, нема да биде секогаш така и го читам секогаш кога сум тажна или нерасположена.
Вчера сонував врапчиња и соновникот вика ќе чуете убави вести. Сабајле се будам, на тераса врапчиња ми јаделе од еклерите спакувани у кутија али секако смотаниот брат си земал да јаде и ги оставил полуотворени, па искористиле прилика. @Femina да си го апдејтне соновникот вака: Птици - ќе ви украдат од храната дома.
Она кога составуваш битна порака и уште недопишана по грешка стискаш испрати. Океј, 2019-та фала многу и чао. Ај гитла.
Надвор е нула степени, сите сме по капути и јакни. Децава се на распуст и 90% од тинејџерите се со тенки јакни, шал и блуза и само ги слушам "Боже, многу е ладно", шрмч, шмрч. Значи зошто се облекувате слабо и си го ризикувате здравјето за ништо?!
Си го шеташ кучето по улица, ама оти ти е досадно и си скоро па на распуст, зимаш камења и се изживуваш врз најмирното куче во маало. Не можам да ви доловам колку е мирна и кротка и паметна кучката шо ја маваа, знае дека ми е страв и оддалеку ме испраќа ако се враќам касно, а јас оддалеку ја ранам. Како човек те гледа. А тоа врзаното до тебе не го маваш, ама ова оти се трефнало да биде на улица, ајде клоците и камењата. Ова па стои мирно, не се задева, не враќа, знае деца... се скри позади мене и толку. Болни сте во мозокот. Толку ќе кажам. Арно не ги затепав.
Не можам да разберам што е модата со описите ко белешки на ЛајНа Грејс под слики на инста... Као, си се сликала на шанк со коктелот, што те инспирираше да пишеш текст за животот и за тоа колку на бившиот ќе му фалиш зошто си незаменлива? Или од Миа и Спенџи учат за вакви глупости....
20 години од 2000-та и 10 години од 2010-та. Некој нека ми каже дека ова не се случува, јас со ова не можам да се помирам.
Барај и ќе најдеш - хипотетичка сигурност. Ама во умот, оти во пракса ќе броиш до два за да видиш шо имаш. Дали луѓе (за потпирање) или проблеми. Што дека, има и за радување (секогаш, само да не заборавам) и олеснување. Ми излезе деновиве песнава, мерак ми беше ептен. Добра ноќ!