Dafuq?! Кога мене некој ќе ми се пожали дека губи желба и мотивација за учење давам се од себе за да успеам да го предомислам, да му помогнам. Јас сега се жалам за истото и добив: "Батали иди легни си" , "оСтАвИ сЕ гЛеДа ДеКа ПаМеТоТ нЕ тИ е У уЧеЊе". И после зашо не сакам со вас епа затоа.
ми се повраќа од стиснати луѓе. секогаш кога седнувам со другарка една на кафенце, јас плаќам . Возрасни жени сме со примања, зошто да вади секој по 50 ден ко тинејџерки,ќе извадам 100ка и ќе платам за двете многу нормално. Абе еднаш не платила она.
Кога некој на ептен тешка и сериозна тема (здравје, безбедност - своја или за најблиски) ќе каже нешто со кое не се согласувате, а вие на тоа му враќате во стил „тебе тоа да ти се случи, да те видам како ќе размислуваш“ - многу неубаво и злобно звучите. Не ве перат никакви „ама...“ објаснувања отпосле, од фактот колку асоцира на негативна желба. Ама вие си знаете...
Додека не се сфати депресијата како сериозна болест и додека престане да биде срамно да посетуваш стручно лице, не се чудете кога некој човек кој сте го гледале насмевнат одеднаш го снемало. Често слушаме некој како вика: Денес сум во депресија. Ако не ви е денот погоден не значи дека сте во депресија. Така е тоа. Денес си во депресија, а утре не си. Во сабота пак ќе бидеш, а во среда ќе ти помине. Тие што се депресија никогаш на глас нема да речат дека се во депресија или дека планираат да се убијат, како што имаат навика некои да пишуваат за да привлечат внимание. Можат само на почеток да се отворат на една НАЈБЛИСКА личност и да побараат помош, ама само додека се свесни, а после веќе молчат пошто не гледаат никаков излез. Не се свои и не размислуваат за своите најмили, пошто имаат болест која ги јаде внатре. БОЛЕСТ! Кога бевме средно се самоуби мајката на една соученичка. Во истиот момент била и ќерка ѝ дома. Отишла во друга соба и се обесила, а другарката ја пронашла. Коментари од простиот народ: -Леле колку е проста, зошто се убила? Се убила баш пред матура на ќерка ѝ. Абе направи си веселба, викни си гости, жива музика и ќе се расположиш...Себична една. Како да им објасниш дека била во депресија, кога тие мислат дека депресија значи кога си тажен дека Онур и Ајше од серијата не се заедно? Да, викни си жива музика и сѐ ќе се реши. И не се чудете кога мажи/жени со прекрасни фамилии се самоубиват. Не се чудете кога тинејџер кој има јака кола, 300 девојки, моќни родители, се самоубил. Или најпознат актер кој глуми во комедии, или најјак спортист, или човекот кој секое утро на највесел начин ве поздравува и ви продава ѓеврек. Не бира таа ни пол, ни возраст, ни богатство.
Според јапонско верување, првиот сон што ќе го сонуваш во новата година ќе ти се оствари. Aurora Borealis here I come Според индиско верување, човекот кога ќе почине, при преминот на другиот свет постои мост пред кој го чекаат сите животни со кои се сретнал во неговиот живот и врз основа на тоа како ги третирал, тие одлучуваат дали ќе помине или ќе остане заглавен помеѓу, засекогаш. I am not scared at all Според мое верување, ако излезам сега, ќе се вратам со Лино Лада кокос. I am not going out
Се гледам во огледало и си велам: колку ли сум само убава. Не сум совршена, ама убава сум. Имам уста, не толку сочна и голема, но функционира за бакнежи. Имам нос, има мала внатрешна девијација од повреда, ама сепак дишам. Имам две очи, можеби малку ќорави, но можам да ја видам светлината на сонцето што изгрева, луѓето, дрвјата кои расцветуваат. Имам две раце, две нозе што не секој ги има. Имам досадна црна коса, но сепак ја имам. Имам сѐ на ова мое тело. Не е совршено, но прекрасно е. Не сум модел, но кога ќе се погледнам во огледалото се чувствувам така. После толку време конечно се чувствувам убаво за себе и не би го сменила својот изглед за ничиј друг. Конечно имам самодоверба. Но самодовербата не се гради самата. Секој убав збор и сечија убава постапка има голем придонес во тоа да се чувствувам како убава млада жена. Кога сите би ги гледале само убавите нешта на човекот, а би гледале убавина и во несовршеностите и ако немаше конкретни параметри според човекот се смета за убав и дотолку ги немаше сите оние полу пластични инстаграм модели, секој човек на светов ќе се чувствуваше убав.
Пишале дека српската премиерка добила дете со сопругата и писнаа нашиве експерти, чунки нивното дете од дома им го зеде да го чува. Па оган да ги изгори, па мамата ваква, мамата таква, па се потсмеваат, па се лутат, па страшно. Па ќе земат се крстат, чувај Боже нив да ги снајде такво нешто. Чиниш богзнае шо се случило! У меѓувреме, не' апашат од кај стигнат, луѓе умираат по болници, дишиме канцер, 75% од домаќинствата немаат пари нормално да го поминат месецот... ама детето на српската премиерка е тоа што предизвикува лавина реакции. Се преслушувате ли некогаш дома пред огледало? Ех Балкане, Балкане... ајвар недопржен.
Обожувам денови во кои сум позитивно изненадена од луѓе. Реткост се и поради тоа влеваат надеж зачинета со пријателски дух Кога најмалку очекував, добив прегратка и „Те молам, не грижи се“ од личност со која никогаш не сум била претерано блиска. И така срце се стоплува
Таксињава на Палас некогаш ептен копаат..и таксистите упорно сакаат да ме прелажат и кружат ама не им успева..Се возам со нив само бидејќи секогаш кога ми е итно имаат возило
Денеска беше твој ден другар,денеска ти беше роденден,ке го паметам само денот на твоето раѓање.Знам дека од небото не гледаш,и не чуваш,верувам дека си на мирно и спокојно место,никогаш заборавен
Дел од коментарите за исто толку дебилната вест на Канал 5 за српската премиерка и бебето: Спојлер "Zamisli za 10 godini koga ke mu kaze sine idi na tato da kupis uloski" "Treba da sme srekni so Amdi Bajram, kakvi ima" "Mamo mamo tate k*re nemat,maceto mu go izede sine" "Kad mu poraste patka ke si e*e tatka" Кога некогаш се осеќате засрамено и лошо во врска со себеси, нека ви текне дека некој пишува, мисли и се шегува/смее на ова ниво, а вие не сте меѓу нив. Ако сте... жал ми е, али немам утеха за вас. ФМП.
Нешто на што сум благодарна во текот на студирањето повеќе од самите студии е стекнатото искуството како со парите. И денес позитивните последици сеуште траат. Успешно го менаџирам и последниот денар иако немам многу, знам да заштедам, а знам и да одвојам за пар фармерки. Може затоа што уште на глава ми е студентската рамка: Троши разумно Затоа, иако секако не е моја работа, нема да негирам дека разочарувачки ми е кога блиски возрасни личности, повозрасни од мене, непромислено, нерационално, незрело трошат пари, да раситни за цигари и така отиде 1000-ка во минута. А денот, 24 часа. И потоа, следува автоматски жалење како ништо не е доволно. Точно, не е доволно, сака човек да живее, ама па, која е зрелоста да си ги истегнам нозете небаре имам персиски килим, а уствари черѓичето ми е колку оние што ги ставаат за пред врата Истегни се колку сакаш, жали се колку сакаш, ама убаво би било понекогаш да прифатиме дека менаџирањето на сопствените финансии е наша одговорност