Мислам дека во автобус секој втор си има помислено дека сум некоја секташка или психопатка зошто цел телефон ми е со слики од коски, раце, нозе, черепи, лешеви, чуда и дур си се возам си ги разгледувам, повторувам, учам, поготово па кога ќе фатам гужва и 20мин рекорд се проаѓа... Погледот на луѓето во бусот кога ќе ме приметат е ваков: Погледот на тие што седат до мене кога ќе ме приметат што гледам е ваков:
Не знам што му е толку тешко да одговори човечки на прашање кога сите учтиво му се обраќаат. Платен е за да е услужлив,а не намќор. Сите ние имаме обврски и не ни е мерак да висиме на шалтер.
Не верувам баш во хороскоп, ама утринава си реков ај ќе го читнам годишниот хороскоп од Фемина, и што да видам, упорно се вергла дека ќе се смирам со бившиот, со драга личност од минатото која ми оставила рани, мај есс Ма нема шанси бре
Мислев дека сум сретнала во животов секаков вид на луѓе, се дур не сретнав човек кој се прај дека има вредност сам по себе, па и тоа зад него. А ниту сегашноста, а уште помалку минатото, му се вредни за спомнување, паметење или чисто онака за вреднување. И ко шлаг на тортата кога гледаш како го нарекуваат другар луѓе кои со грд збор некад ги опишал пред тебе... Греота. Жално. Жално е колку е цврливо во душа тоа..
Сакам нешто да кажам, со некого да споделам, но од каде да почнам. Еве вака, млада си, незрела, наивна и се заљубуваш. Прва голема љубов, прво разочарување, прво скршено срце. Продолжуваш со твојот живот, созреваш, среќна си, но некаде, во некој агол од срцето го чуваш него. После се, веруваш дека во него се крие добра душа, веруваш дека и тој сега е позрел, му посакуваш среќа. После толку години се навраќаш назад. И уште едно разочарување. Сфаќаш дека некои личности никогаш нема да се променат и си му благодарна на Господ што те спасил на време. Сепак, не е сеедно. Ништо не е сеедно кога е поврзано со некој кој некогаш бил твое се.
Му благодарам на професорот, воркахолик како мене, што на нова година решил да стави резултати и да ми ја разубави годината дека сум положила.
2019 дојде и помина. Се случија многу работи, запознав многу нови луѓе, позитивни луѓе, обновив стари пријателства. Дел тага, дел радост, и многу научени лекции. 2020 ќе биде поубава, се надевам со помалку лицемерие, повеќе радост, среќа и љубов. Како за прв ден од новата година, исполнета сум, среќна, смирена. Па, ајде да видеме што ќе се случува.
Life goal ми е жената од околу 60 години вчера душата на Дино што си ја остај. Сакам и јас таква енергија на тие години.
Знаеш дека се денови околу Нова година кога доручекот, ручекот и вечерата ти се кифли и руска салата.
Не рекле за џабе дека кога слеп човек ќе прогледа, ќе ги види сите околу него, освен личноста која најмногу се залагала за неговото прогледување
Имам некоја навика да ги ставам сите песни што ми се допаѓаат и што често ги слушам во една плејлиста, без да ги делам по каков било критериум, жанр, изведувач итн. И најмногу сакам кога по случаен избор се редат една по друга, измешани, ми навраќаат слики, спомени од убави и не толку убави денови, денови кога сум плачела и денови кога од среќа сум пеела и сум блескала. Со часови сум со слушалките на уши, како да патувам низ времето. Само песна може да му ги врати на човек сликите на овој начин. Толку живо и вистински...
Досега два пати ќе ме укасала змија во село. Сите викаат змијата е штетник,јас размислувам поинаку. Змијата од страв може да те укаса,кога гледа дека е загрозена тогаш каса,но пред да укаса таа те предупредува испушта звук. Додека кај некои луѓе е обратно,тие касаат подмолно,од задоволство,и уживаат додека полека ти го вбризгуваат нивниот отров наречен ,,Злоба" Еден пример како тоа изгледа на подмолен начин....
Не превземам никаква одговорност за туѓи сфаќања за тоа каква сум јас. Нивна перцепција - нивни проблем Само....нека ми се поттргнат , ми пречат , ми прават сенка кога ме грее сонцето
Феминка be like: -Јас сакам да си останам анонимна, си ја почитувам приватноста. Also феминка: Има кажано кај работи/студира, слика во модни и вашата шминка, име, имендени, родендени, у која населба живее.
Ми фали времето кога со братучедите за коледе правевме припреми 1 недела унапред, со план од 3 до 8 сабајле кои згради ќе се поминат низ населба. Па имавме и саат определено за која кула у колку саат. Океј, тоа беше појше моја идеја, секогаш сум правела распореди и планови, дури и ко мала. Па, после си доаѓаш дома у 8 сабајле, со огромни полни ќеси и собираш по 800-1000ден и се радуваш шо имаш за цела година собрано пари. После, се прашувате по фиксен кој шо собрал, па ако си собрала највеќе пари, се осеќаш најгорда на себе. Сега, ни коледарчиња има, ни појше од 100ден не се собира... Гледам по брат ми. А и зар за 7-8г толку работи се сменија..