А замисли, може било кој да си го задржи правото да не искоментира - тоа не треба да ти даде некоја сила за да искорегираш онака како што ти мислиш и патем се водиш од некоја глупа мисла за супериорност. *** Сe' ќе си надраснеме, ама самите себе не и само заради тој пуст осет. Еве, не можам ни да го негирам тоа дека колку повеќе гледаш да си фер (дури и кога не е заслужено..?) не се сфати дека апсолутно секого има потреба од личен простор. Значи не, не сум излегла деновиве оти не можам и не ми е добро, а не оти сум должна да излезам само заради тоа што ти не си го испила своето кафе, само заради тоа што ти така си решила. *** Многу грдо е кога некој ќе се труди да ти остави (добар) втор впечаток. Не ни пробувајте, посебно ако сте утнале ептен во минатото и сте суделе пребрзо незнаејќи некои работи. После џабе е трудот. *** Не разбрав шо е работава со денот, демек така прави и цела година иста ќе ти биде. Ако не си зацртеш цел и не седнеш да се вложуваш во тоа така што ќе развиеш конзистентност си направил/а нешто?
Колку е потешко да се изрази човек кратко и концизно, отколку да се расфрла со зборови. Целата смисла, идеја да се претстави накратко, без бура од зборови нафрлани само за украс, колку да се каже нешто. Подобро едноставно, но добро смислено, наместо да звучи убаво а всушност да не е кажано ништо.
Смачено ми е веќе од тоа да слушам и гледам неубави работи аман се лоши работи наоколу слушам. И депресија ме мава и панични напади, па како нема
Парите шо ќе се фрлаат сеа за предизборни кампањи и замарање на секој чекор да се донираа за болни дечиња, бар нечиј живот ќе се спасеше. Ама не, за болни дечиња немаат пари, за избори имаат. Гзот да го сместиш у фотелја е приоритет.
Ги каниш бар на 5 минути да седнат кај тебе дома ако немаат повеќе време,ама не,одма наоѓаат изговор. Небаре се зафатени како политичариве. А,ти и покрај милион проблеми,двоиш време да ги посетиш. Тоа што некој има помалку нешта,не го прави помалку вреден или безвреден.
Како и секоја година и сега се спремав да честитам. Масовно посакувам среќни нови години со по саат време од сабајле куцање засебни желби. Кога го отварав именцето гледав датум на претходните последни пораки. Го проголтале времето! Се откажав кај повеќемина. Ми фалат некои текстови недобиени и ненапишани ама па можда неразменувањето на тие таквите ги прави поубави, ако не поубави тогаш дефинитивно поискрени. Како и да е, секогаш ќе посакувам убавини на одредени особи и не само што не мора да биде НГ за да им го кажам тоа, туку е и небитно. А на останантите, Среќна им (ви) Нова 2020та! Со љубов, ваша М,
Јас сум личност со висок праг на толеранција ама кога ќе налетам на човек кој ме лаже, користи, манипулира или прави филмови притоа мислејќи дека нема да ги фатам во нивната глума се дистанцирам, веднаш. Исто така не можам да ги сварам оние кои се вечно нерасположени. Во ред е, сите имаме лоши периоди ама не им го уништуваме мирот на останатите. Сум била на раб до лудило, сум барала помош од луѓе на кои сум мислела дека можам да сметам и затоа што самите се имаат понудено, за некои се радувам затоа што ме немаат напуштено, нилогаш а за возврат истото го правам за нив, додека некои други биле превара од луѓе. Среќа, сето тоа е во далечното минато. 2020 година само што започна и е многу, многу интересна. И уште нешто, лошо е кога човек има комплекс на виша вредност.
Дали навистина постојат луѓе до кои ништо не допира, луѓе без емоции, или само научиле добро да се кријат и да ја лажат околината дека се недопирливи? И уште поважно, дали успеваат да се излажат и самите себе? Дали кога се сами и никој не ги гледа ја тргаат маската? Дури и да можам да бирам, не би ја менувала емотивноста за ништо на светов. Не е слабост, сила е да се покажат емоции, и да плачеш, и да се смееш, и да прегрнеш цврсто, и да признаеш вина кога е потребно.
У државава се започнуваш да правиш со елан и огромна волја за истото, но со тек на време се што ќе видиш наоколу те разочарува и кога ќе сфатиш како стојат работите и волја и све ти пропаѓа. Затоа на секој шалтер, каса, сите се намуртени и во автобус насабајле нема ниедно среќно и насмеано лице...
Колку брзо лета времето Веќе 6 дена поминаа од новата година, во неа влегов со ентузијазам дека нешто ќе променам, дека ќе работам на себе, за да се поттикнам повеќе, запишав во тефтер планови и цели што сакам да ги исполнам почнувајќи од овој месец, ама не, со прст не сум мрднала. Ден по ден и така ќе летне времето, а ние се тешиме дека има време за се
Не очекувајте од никого ништо. Ни од оние што си мислите дека не можи да ве разочараат. Можат и тоа како. И ако ве разочараат тие повеќе ќе ве погоди од било кој друг кога би ве разочарал. Уствари ако ние не дозволиме, ако ние не очекуваме, никој не можи да не' разочара. Ние допуштаме, од нас зависи како прифаќаме одредени ситуации и како оставаме да се рефлектира на нас. Оваа лекција ја учев се' додека не сфатив дека не треба да се очекува ништо. Дека нема да се разочараш само и само така. Повеќето луѓе имаат страшно променливи емоции. Еден ден си им битен, другиот веќе не. Ама нема повеќе. Не се замарам, готово. Ова што сега се случи ги прели сите чаши. Нека кршат глава, око не ми трепнува повеќе. Не се вредни ни малку за човек да се замара со нивните детски глупости. Некои луѓе едноставно никогаш нема да пораснат. Let them be.
Социјалните мрежи стандард за некој празник: - Луѓе што си споделуваат трпеза, моменти со фамилијата, итн - Луѓе што хејтаат зошто некој споделил нешто