Мислењата на едни ви одговараат,а на други не иако и од другите нема лошо кажано или пишано. Мислете што сакате,но не сте фер. Кога селектирате мислења без да ги познавате личностите кои ги кажале,грешите и тоа многу.
Онаа толпа луѓе на кои приоритет им се чаршиските муабети, китење со туѓи перја, омаловажување и потценување на луѓе со различни приоритети од нивните оддамна се избришани од моето поле на перцепција
Антиталент најголем сум за пеење ама животот не можам да си го замислам без музика. Постојано слушам, фали уште да спијам со слушалките Мислам дека нема поубава форма на уметност. Нема нешто што подобро ги отсликува чувствата Ги сфаќам луѓето што не сакаат книги. Ги сфаќам и оние што не гледаат ништо интересно во театарот, или сликарството, или што и да е... Но не можам да сфатам некој што не сака музика. Постојат ли такви, воопшто?
Мајка ми: Седни учи дете, 100 полагања имаш, све ќе паднеш. Ја: Ми се падна паричката, тоа значи нема веќе паѓање испити и колоквиуми.
Од позитивност за денес издвојувам еден дечко и кученцето под јакна засолнето. Како кенгурите што ги носат бебињата, па така тој го носеше на гради потпрено и покриено. Само главчето му беше извадено на кучето да си гледа лево десно, а дечково постојано го бакнуваше по ушиња и нешто му зборуваше. Не знам дали повеќе срцето ми го истопи малото кученце со долги слатки уши или дечкото кој јавно си искажува емоции и нежности, иако нели е машко и срамота е да биде толку чувствителен
Реклама, оглас или какво било писмено известување од која било фирма, со десетина правописни/граматички грешки внатре, автоматски ми изгледа несериозно. Може и да сте најдобрите во браншата, впечатокот веднаш се влошува. Толку ли е тешко да се ангажира лектор, ако веќе сакате да привлечете луѓе? Колку и да сте компетентни, изгледа како да не сте баш посветени на она што го правите. Барем проверувајте си ги текстовите пред да ги претставите во јавност.
Јас сум чуден тип на човек. Во луѓето се трудам да пронајдам нешто добро, ги потикнувам да се борат за себе, да успеат во животот а тие ќе ти возвратат на лош начин. Не биди глупава @bicycle туку пушти ги да тонат.
Со душа го чекам понеделник. Ако ја добијам веста која ја чекам со години ќе се самопрогласам за чудо на универзумот. Шансата е 0,5% да го слушнам тоа што сакам, ама овој пат ќе верувам, со сето срце верувам. Еднаш се случи 'чудо' , зошто да не биде и овој пат, на поинакво поле. И чудата се за луѓе
Да, супер избор е да спиеш само 3ч во денот од 24ч и во тек на тие 21ч дур си будна да испиеш само 1 чаша вода. После чуди се зошто изгледаш ко мртовец.
Не ви здодеа само да се фалите? Живеете за да се пофалите, што сте купиле, што ќе купите, што ќе направите, каде ќе одите, и секако мора да се документира тоа, а, пола од тоа си го измислувате Посебна дијагноза имате
Годинава како само ми почна, онака како што е во мој препознатлив баксузен стил де. Прво-се избрукав пред попот, му ставив на маса мрсни кифлички, без да промислам дека пости. Второ-како да живеам во некоја пустина и нема да отидам до маркет 100 дена, така се избрукав што наместо да накренам оригано, јас сум накренала сушен магдонос, без да видам убаво што е, прочитав само origin in Egypt и готово тоа е оригано за моиве слепички очи Трето-ми се скрши заб, тројката што баш најмногу се гледа, ми се распарчи, а пак заболекарката не ми крева на телефон цел ден, и сега ќе се чудам кај да одам, 100 заболекари сменав додека да погодам вистински и сега таа не ми крева
На некои ситни души хоби им е да прават математики за туѓи животи, до тој степен да се дрзнат да ти речат дека одредена сума на пари воопшто не вредела за тебе. Онака, од чиста мира. Во група пишуваа неколку другарки дека било евтино во Банско, а јас само се надоврзав дека стварно може да се најдат пристапни цени и една пишува: -Па нормално за Џоли е евтино. Што вредат за тебе тие пари, нели? Ни знае низ што поминувам, ни знае како сум финансиски, ама ете...Од сите присутни исто што пишаа дека е евтино, што биле за мене тие пари. Баш за мене. Башка што не еднаш ме има прашано колку плата земам и нормално никогаш и немам сума кажано. Замисли колку треба да си без осет за некого да прашуваш толку лично прашање. Што е најинтересно вакви луѓе се големи манипулатори, па ако сети дека си лута одма ти се јавува, се смее и се понаша ко ништо да не било. Зошто ми се непријатели кога си имам вакви пријателки. Ти ветувам дека за скоро има скроз да те избришам од мојот живот. Ни ме требаш, ни сакам да имам нешто со толку расипани и љубоморни суштества. Секоја шанса ја уништи. Ете сега полесно се дише кога јавно ќе го изразиш незадоволството
Мотивација и животен пример ми е колега 40+ шо го гледам низ амфитеатар и шо упишал прва година факс со нас јер никад не е касно да си ги оствариш мечтите што отсекогаш си ги имал. А и кој всушност ги одредувал тие правила дека нешто мора во баш одреден животен период да се направи? Луѓето секако ќе те гледаат ко чудак и ќе си оговараат шо и да правиш, затоа терај си по свое и никад не се откажувај од желбите...
Всушност, се нафаќам да творам кога има вакви кулминации и сѐ дури имам што да си искажам за мене е сосема прифатливо. Нити има некој посебен редослед, нити поврзаност, нити штоѝеоватолкубитно читање - тоа ми треба. И нормално оти ништо не се менува наоколу, само се менува свој личен агол на перцепција. Кога знаеш дека нешто те чека (без разлика) колку и да е банално, другото нема вредност.
Полека но сигурно, со многу внимание, љубов и желба работам на нешто големо. Внимавам на секој детал. Важно ми е да успеам, но уште повеќе се радувам што најблиските се до мене, со многу поддршка. Кога му значи нешто на човек, и најтешката работа и најголемиот труд се награда сами по себе. Задоволство е, а дури потоа е работа. Среќна сум
15 год откако ја напишавте таа песна. Факт е дека во скоро секоја се пронаоѓав. Ама таа ми беше посебна. Си имаше и зошто. И секогаш, се навраќам на неа.. И со кој ум ја нема на јутуб повеќе!? Отварам лап топ ја немам ни таму. Во пц ми е. Во оној што не е овде... Не смее да ја нема. Не смеам да ја немам. Ми треба. Потребна ми е. Исто ко што и јас ви бев потребна на вас..
Неколку гомнојадења за денес, спремете се, а ако не ви се чита, слободно скролнете. Фала! 1. Не плукајте и не се секнете надвор на улица. Кога плукате надвор на времево, ви се замрзнува мрсулот/балгамот/плунката и секоја друга телесна течност и останува на тротоарот уште цела вечност. А и гадничко е бааги за нас шо мора да ве слушаме и/или гледаме. Пакет 10 паломи во Кам се околу 30-40 денари, донирам ако немате. 2. Пред да одите на лекар, пожелно е да се забањате. Ама онака убаво да се замиеш, со сапун, со триење, со све. Пошто нема смисла сестрата на клиника да те бања со памукчето пред да те боцне и да ти испаѓа црно од раката. Неколку пати по ред. 3. Стварно ништо нема да се смени ако го потшутнеш џукелчето пред маркет. Од милост џукелче, не ми сметаат. И мене ми е страв, т.е. порано повеќе ми беше, ама личните проблеми си ги решив на психијатар. 4. Кога сме на тема маркет, не значи дека ако ќесата е бесплатна, дека треба да ја земеш. Или дека треба да земеш 5 ќеси за 5 различни продукти. Ок е ако е нешто бесплатно или гратис, а ти решиш да го прескокнеш. Се размислувам да отпочнам кампања против пластичните ќеси - предлог, една ќеса, 30 денари. Мислам ќе има ефект конечно да се разманат од.... од СЕКАДЕ! Ми е преку таквоето од пластични ќеси што висат како лампиони на дрва! 5. Пак назад кај мрсулите, извинете. Навистина е невкусно да му шмркаш на некој на уво цел саат во бус. Немам проблем да ми дишеш ако си болен (иако едно вирувче мене ме кутка цела недела но ок, ако треба да фатам, и од дома седење ќе фатам), ама имам проблем ако решиш дека е полесно да шмкраш цел саат наместо да се исекнеш во 30 секунди. 6. Знаете дека у Германија е невкусно да шмркаш, а е препорачливо да се исекнеш, онака мераклиски? Денес ми фали Германија. 7. Уствари, малку треба за да ни биде на сите поубаво во животот. Една палома, една торбичка во ташна, еден туш и едно сапунче. И малку повеќе осет. Ете толку ни треба. 8. Се осеќам како Верка Сердучка и не знам дали е тоа добро или лошо.
Од луѓенца, такви позитивни, шо те мотивираат и те охрабруваат и пренесуваат позитивна енергија. Штета што се во многу помал број од оние негативните.