Не дека годините се некакво мерило за зрелост, воопшто не се, ама колку многу би сакала да можев да се вратам во тинејџерските години и да си удрам фино и лепо неколку шамари, не за друго туку дека денес станав се она што моето височество од 17-18 години го исмејуваше кај возрасните, немажените и оние што избрале наместо деца да имаат домашно милениче
Ме интересира дали јас сум сама крива оти не можам да се соочам со мојата немотивација, психосоматски болки и генерална уморност и смаченост со се околу мене? Колку шо спијам последнитите недела и пол, можи две се сторија, никогаш претходно. Добра ноќ.
Колку ме нервираат неорганизирани луѓе што каснат и што не си стојат на зборот. Да, јас имам време у сабота да доаѓам у 8 и да те чекам тебе до 10 зашо си ја заборавил колата за полагање т.е си ја дал на друго место да полагаат?!?!?! Да ти се сневидам и во градската и во автошколиве и во се.
Си ветивме дома дека еднаш месечно минимум ќе излеземе некаде заедно за убаво да поминеме квалитетно заедничко време затоа што во последно време кој на работа, кој на факс, кој на школо, никако да се спогодиме и на раат да си попраиме муабет и да се опуштиме дома сите, се у различни термини иаме обврски. Подобра идеја од оваа немало. Секој момент поминат со фамилијата е бесценет.
Не успеав да ги разберам луѓето што трпат да се во друштво на кого било, само и само за да не се сами.
Ми нема посмешно од тоа кога некој ќе си умисли дека игра ептен hot, а уствари во реалноста изгледа вака: или вака И најзабавниот момент ми е кога ќе видам на социјални мрежи слики од забава на која некој е „фатен“ во најглупата можна играчка hot позиција. Еве два саати се смеам.
Повеќе од било кога ми треба неколку дена, без интернет и телефон....па и без луѓе...некаде на страна. Зошто чуствувам дека опкружувањето почнува да ме јаде...а допрва ќе биде полошо...
Знам дека ништо не е совршено,ама нема ништо лошо во тоа што очекувам некои нешта да се подобрат. Кога нешто не чини,поправи го дур не стане полошо. Не е тешко.
Периодов запознав голем број на луѓе. И како поминуваше времето се повеќе се потврдуваше мојот впечаток за секого иако секогаш се водам со мислата "не избрзувај, можеби грешно имаш нешто проценето". Ама не, уствари таа енергија што ја осеќаме и сите тие negative или positive vibes од нечие присуство, не треба да се игнорираат. Морам да почнам да обрнувам повеќе внимание на такви навидум неважни ситници, а всушност многу битни работи за да се справиш со секојдневието и луѓето. Сакам од тие луѓе што ми предизвикуваат positive vibes у околина, другите не ми требаат, фала на разбирање.
Ако луѓето знаат дека секој е единствен нема да се споредуваат со другите. Кога ништо не можат да постигнат ја обвинуваат среќата. Копирањето туѓ живот е избор, а не начин на постигнување успех и задоволство.
Се запрашав денес каде по пат ја истресов он/офф опцијата. И несвесно ја најдов онаму каде што се почна. Никогаш нема да си верувам кога сама на себе ќе си речам дека сум малер. Зашто имам среќа. Огромна среќа.
Преземено!!! Ве молам прочитајте и размислете... ''Најбогат дар за Божиќ од најсиромашните Нема да го заборавам никогаш Божиќ од таа година. Имав 14 години, мојата сестра Марија имаше 16, а пак Јана –другата сестра- уште немаше наполнето 18 години. Бевме само ние трите и мама. Тато беше починат пред 5 години во една несреќа во рудникот. Еден месец пред Божиќ, нашиот свештеник нѐ извести сите, дека планира да направи една хуманитарна акција за најсиромашното семејство во црковната општина. Побара од сите за време од еден месец да заштедиме неколку пари за да ги подари на таа фамилија. Се мислевме што можевме да направиме ние четирите. Планот на мама беше да јадеме цел месец само компири. На тој начин ќе можевме да заштедиме 300 леи. Исто така, ако навечер седевме со сијалицата изгасена, ќе можевме да заштедиме уште 100 леи. Јас и Марија чистевме во неколку куќи на богати луѓе, а Јана продаде неколку честитки направени од неа. Навечер, на темно, си разговаравме и си замислувавме колку многу ќе се радува таа фамилија. Во црковната општина бевме ние и уште 80 членови, а мајка ми имаше пресметано дека ќе се соберат уште 20 пати повеќе од тоа што имавме ние, затоа што отецот нѐ потсетуваше секоја недела за оваа акција. Ден пред Божиќ, тргнав со Марија до дуќанот за да ги замениме парите во нови банкноти, затоа што така имавме научено, дека на Господ сѐ што се дарува треба да е ново. Стасавме дома со 800 леи- една банкнота од 500 и 3 од по 100 леи. Никогаш не сме имале толку пари. Не се грижевме за тоа дека немаме нови алишта за Божиќ. Ние бевме радосни. Не можевме да заспиеме цела ноќ од нетрпение. Другиот ден, на Божиќ врнеше, истураше, а ние немавме чадор. Црквата беше оддалечена на 2 км од нашата куќа. Но нам не ни беше гајле колку ќе бидеме намокрени. Јана имаше дупки во чевлите и си стави хартија, но по пат, хартијата се намокри и нозете ѝ беа жива вода. Стоевме радосни во црквата, иако слушнавме неколку девојчиња од хорот како ни се смеат за нашите стари фустани. Но тоа го слушавме и друг пат и воопшто не нѐ засегаше. Богати бевме – парите ни беа во рацете. Кога почна да се стават парите во една кутија, мајка ми ја стави банкнотата од 500 леи, а ние другите од по 100. По пат, на кај дома пеевме од радост. Мајка ми ни приреди и едно изненадување. Имаше купено 10 јајца, ги свари и ги изедовме со пржени компири. Беше Божиќ и се чувствувавме толку убаво. Но, околу 15 часот , кај нас дојде свештеникот и ја повика мајка ми на вратата и ѝ врачи еден плик. Таа беше бледа како свеќа кога влезе во куќата со пликот во раката. Ја прашавме што има во пликото и дури после половина час мајка ми го отвори. Во него имаше една банкнота од 500 леи, три од по 100 леи и 40 банкноти од по 10 леи. Вкупно 1200 леи. Никој ништо не изусти. Погледот ни беше само во земјата. Само пред неколку минути се чувствувавме како милионери. А сега, со пликото во рака се чувствувавме како многу сиромашни деца. Нам ни изгледаше убаво, дека сме богати, за разлика од другите, затоа што имавме компири. И исто така знаевме дека сме богати затоа што имавме една прекрасна мајка за разлика од други деца кои немаа воопшто. Се радувавме затоа што во домот бевме 3 сестри, а многу фамилии воопшто немаа деца. Свесни бевме дека немавме многу работи, кои другите ги имаа. Но, никогаш не ни помисливме дека сме сиромашни. Веќе не се чувствувавме како претходно. Во текот на неделата никој ништо немаше изустено во куќата. Од срам не сакавме да одиме на црква, но мајка ни не нѐ остави дома. Таа нѐ праша – што да направиме со тие 1200 леи – но ние не знаевме што прават сиромашните со парите. 80 луѓе собраа 1200 леи, од кои 800 ги донираа најсиромашните луѓе од црковната општина. Богатството е во душата, а не во новчаникот.''
Аманте нека изгласаат закон и да ги забранат тие цигари еднаш засекогаш. Ај во кафич може ќе излезат, ама на слава/роденден/именден и слично што да правиме? И сфаќам цигаре, две у соба ае. На крај не е моја куќа де. Али цела пакла човече очи ме печеа. Очи. И да сакаш да останеш ради друштво мора да си одиш ради цигарите. Па и димот коа ти го тупнат пред нос. Оќе е. Не е до цигарите до осетот е. И не. Не сте кул, не сте сехи, не сте филозофи со цигарето у рака. Фала лепо.
Кога човек конечно ќе собере храброст за зборува за нешто што му било товар подолго време, се чини како да се крева густата магла што личела на безизлез. Еден искрен разговор со блиска личност може да смени многу. Не ја потценувајте моќта на зборовите. Луѓето не читаат мисли. Понекогаш треба да сме сосема отворени, да ги симнеме маските. Некогаш мислиме дека другите не можат да сфатат низ што поминуваме, дека ќе наидеме на осуда, се' додека не ја отвориме душата пред нив. А тогаш наидуваме само на поддршка, насмевка, искрена прегратка и уверување дека се' ќе биде во ред. Кога доаѓаме до сознанието дека сме разбрани и дека имаме поддршка, тогаш се' станува полесно.
Не можам да опишам колку вријам од нервоза кога ќе прочитам употребен н-збор од Македонци. Дали сериозно мислите дека сте кул? Не сте. Во мои очи баш спротивно сте. Ако некој мора да користи навредливи термини за да звучи покул, тоа кажува доволно за тоа колку е кул in the first place. А глава сечам дека ниеден од нив нема храброст истото да го каже во нивно присуство или на јазик на кој го разбираат.