Среќна нова православна година! Нека Св. Василиј влезе во вашиот дом, нека ви ја осветли целата година, со здравје, среќа, љубов, радост, благосостојба! За многу години!
-Го продаваме станот у Тетово и одиме на одмор од соништата ... таму коктелчиќи и орхидеи околу врат ... хавајка кошула и папучи на нозе цело време ... -................. -............ -......... -..... Се враќамеееее...Слетуваме у Бг .. -Абе сникерс за стариот не зедовме , -Е пааа ,ај се враќаме назад .... Ко би реко
Ако годината се познава по почетокот на јануари, открив нова корелација за мојот перфекционизм. Восхитена до обземеност Штотуку згасна една од целите за 2020г.кога е во прашање состојбата на подреденост до совршенство. Некои се менуваат, нели? Јас успеав да ја продлабочам детерминираноста.
Ја сум пола "преќути и игнорирај ги случувањата", пола "преку глава ми е, ќе им плеснам сеа се у фаца, па шо сака нека биде".
Za da im go kazes problemot eden kup doticni osobi pisuvaat vo inbox samo za da go cujat problemot i da ne odgovorat.. bas smesnicko
ми се блуе кога ќе видам на форум најактивни дискусии “секс на работно место, свингери, фак френдс“ што човек треба да си такви теми да ти се од интерес за коментирање прилог колку се затупавени во мозоците денешните луѓе
Ми текнува кога Тоше го хејтаа на почетокот кога почна да пее. Истово се случува со секој Македонски пејач. Лозано,Калиопи... А сега со Васил Гарванлиев човекот кој ќе ја претставува Република Македонија на Евровизија. Всушност ние сме познат народ по хејтањето,сами не се сакаме,а очекуваме другите да не сакаат. Исто како жениве што се хејтаат дека не знаеле,не ги бивало да возат кола,така и ова. А и ова: Ако некоја жена успее во некоја фирма,дигнала нозе кај Директорот. Сега ќе биде: Зоки геј е што го брани волку Ај многу зборам,т.с пишувам.
6 години поминав на форумот. Некои периоди ме имаше повеќе некои помалку. Интересен период. Се живо процесирав, секакви промени. А, и многу членови се сменија. И јас се сменив. Конечно имам свое јас и не се плашам да го искажам. На анонимен форум се плашев да си искажам мислење (Бог да чува). За се трчав (и уште трчам) на форумот да видам прво. За факултет, за средно, за брунче, за шампон... Таква ми е навиката. Сигурен извор сте ми. И, не. Не претерувам кога кажувам дека ова што сум сега, пола е благодарение на форумот. Сфатив дека е океј да си различен, океј е да не се вклопуваш секаде, дека не сум единствената која има само две другарки, дека е океј да си интреверт. Кави дискусии сум имала тука, не сум имала во реалниот живот. Некои членки кога ги читам како да читам колумна. Аргументи поткрепени со факти и истражувања. Сретнав толку жени кои се амбициозни, интелигентни, знаат што сакаат и не се плашат да го покажат тоа. Жени на кои и се восхитувам, иако не ни знам како изгледаат. Но, сретнав и препотентни луѓе, досадни, обоени во една боја. Членови на кои кога ќе им прочиташ ник одма знаеш за што им е постот. Членови кои си го претставуваат животот ко бајка... Од такви подалеку, барем тоа го научив овие 6 години. Кога се зачленив бев дете, сега сум жена со скоро 20 години. Cheers за 6 години
Која паника ми ја ствара ова пишување уплатници, жиро сметки и глупости, мислам дека поглупо нешто од ова нема. Сега го сфаќам изразот по математика на една професорка: "дечки, една нула, гради кула во математиката".
Полека учам да се препуштам на убавините на денешниот ден и да не мислам многу на утре. Ни на вчера. Долг процес, но не е невозможно.
Не оди никако. Се некој ќе се разболи, се некој ќе умре, се некој ќе те сопне Ако не си нечесен тешко тебе. Да сме здрави и живи но не ми се живее веќе.
Јас: Хороскоп е глупости. Исто така јас: *и праќа на колешка хороскоп, бидејќи пишувало дека оваа недела ќе имаме многу успеси, за да не се секира, значи ќе положиме се*
Она кога читаш мислења на форуми за кои знаеш дека се лаги и кога сфаќаш колку се наивни некои луѓе,а најинтересно ти е кога некои од тие мислења се на модератори.
Најчесто, она од што се плашиме не е толку страшно кога ќе го доживееме во реалноста. Умот има склоност да прави од мравка слон. Не дозволувајте стравот да ве излаже и спротиставете се, исправете се пред него, вие можете. Чувството потоа е непроценливо. Веќе е кажано од некој попаметен од мене, човек не знае колку е силен се' додека нема друг избор освен да биде силен
Никогаш нема да разберам зошто луѓе што не знаат англиски или не се сигурни дека нешто е баш така граматички точно на англиски, мораат да стават баш англиски описи на нивните објави. "Do not stop believe in yourself." "My boyfriend cook me every day." "Cofee time/coffe time." И мал број вакви примери. Не, нема да си покул ако го пишеш на англиски. Подобро пиши го на македонски отколку вака. Но, дури и добронамерно да сакаш да им поправиш вакви грешки во дм, обично овие се тие што ќе те направат тебе неписмен, они се секогаш во право, па си викаш игнорирај, немам време за такви глупости. Тешко е да си grammar nazzi и перфекционист што се "нервира" за вакви работи.