Иако не сум пушач, имам пафкано неколку цигари онака на мајтап, сите роднини, сите другарки се пушачи, сум мрзнела надвор со нив додека пиеме кафе за да пушат во кафичот по цели зими, сум оставала да ме трујат во соба пред спиење, ме труеле и додека уживам во храната, додека сум била настината и со потечени очи, и слично. Ама да вели некој од пушачите зошто фино и лепо ние непушачите не сме излегувале надвор од просториите каде што пушат тие, е нече мочи. Сум за тоа да има целосна забрана во локалите, барем тоа може, ако не може да им всадиме осет на роднините кои не трујат дома Многу сте себични вие пушачите кои не сфаќате дека ем што си го уништувате сопственото здравје, ем ги гушите и труете сите оние кои не сакаат да пушат. И јас имам порок, и јас уживам во алкохол, ама не одам по кафани и по гости да се пијанчам и да ги гњавам луѓето
Ќе стапиш во контакт со некои луѓе, ќе ти прават филмови и ќе глумат лудило. Дајте ми од таа дрога и јас сакам да ја пробам.
Со години наназад најчуден феномен ми се "дебелите" (поточно жртвите што се класифицираат како дебели, а всушност се на граница со дебелината т.е немаат никаков простор за паника иако имаат некој килограм повеќе) и нивниот мајндсет. Крајно токсични луѓе што суптилно манипулираат со околината, се дружат и искористуваат луѓе што немаат никакви комплекси. И слушам (сега) случка за три главни ликови каде што крајниот исход на ситуацијата е "па шо дека, они без мене не можат". Прво, они можат. Те викаат сегде и те бројат како другарка. Не, не се дружат од што им е жал за тебе. Второ, никој не може да негира нешто што го гледа пред себе реално, без идеализирање. Енергијата се осеќа, комплексите уште повеќе. Ако сатисфакција ти е дружењето со двете што се крајно различни од тебе (и по изглед и по понашање се далеку подобри од тебе), а притоа плукаш по нив - која е поентата? Бар забриши се од ко ќе плукнеш и тогаш оди вежбај. "Магично" завршува објаснувањето со убедување дека го достигнала невозможното. Бара потврда од мене, не добива. Се врти да ми објаснела шо ми фалело мене. Лабаво си го терам муабетот оти лично сум се нашла и во бетер ситуации од ова. Сум кажала и пак ќе кажам дека комплексите се многу лоша работа.
Деновиве кога излегувам од стан редовно ја сретнувам чистачката во ходник. Слаба, стара, ситна жена со марама на глава. Секогаш кога ќе ме види застанува со работа, се тргнува настрана за да поминам и со нежен, засрамен и најтивок глас ме поздравува. Кој знае колку тежок живот има штом на тие години чисти или сепак е помлада ама изгледа многу постаро. Мене ми изгледа како 65+ години да има. Како и да е...се гледа дека е напатена во животот. Не знам зошто ме потсетува на баба ми. Слаба и ситна женичка. Единствено баба што не носи марама на глава, ама во телото ми личи на неа па затоа ептен ми е жал за женичката. Жал ми е да гледам толку стари кога работат за корка леб. Не можам ни да замислам баба на овие години да работи. И јас редовно ја поздравувам и и посакувам убав ден, а таа со срамежлива насмевка гледа во под и ми клима. Не знам ни дали ме разбира. Не е ни битно, битно утрото ми го прави поубаво. Исто ко баба да сум ја видела....
Во дилема сум, пица пеперони или четири сирења Само вакви дилеми да имам секој ден, нема да се жалам!
Во вечери како оваа некогаш размислувам да го фрлам мобилниот телефон, да го продадам компјутерот, и да живеам во свет без интернет. Ќе ми остане само телевизорот и би гледала документарни програми на National Geographic или BBC earth. Некогаш сум уморна од толку многу информации кои доаѓаат до мене а што се вели уште очи немам отворено. Или уште поубаво, да исчезнам без трага или да отидам на место каде што никој не ме познава, но познавајќи се каква сум, ќе ме фати жал и ќе се вратам назад. Ми треба сон, многу сон. И многу книги и изолирана од глупави суштества.
Сега кога некои работи ми се појасни, може да се опуштам... Барем овој пат не се препознав некаде..па така со мирна совест, може да заклучам дека работите се баш такви како што мислев дека се...и дека изговорите се баш тоа...изговори... Како и да е, ќе се преживее... мора...што било лесно и едноставно па и ова да биде...
Од глупости, глупи луѓе и обиди секому во пресрет да му излезеш не можам глава да кренам. Така сега глава ќе ми чури мене вечерва заради непромислени работи и немање памет во глава.
Опнала 35+ години и кај ќе стигне ќе зборува "мрсни муабети" од типот на Џумерко, нека му е лесна земјата Па и уште јас сум се правела светица дека не сум ги дружела во муабетот, не сестро не сум ич светица, ама како да ти кажам дека такви безобразни и безосетни работи зборував во рани дваесетти и уште порано, а не сега, и не посебно во фамилијарен дом кај што секој може да те слушне кај што се расфрлаш со глупави-сексуљави фрази, кои btw може да ги изусти само најзагорениот за секс, оној јакиот на збор де, во 1 на полноќ
Како културата ми ја земаат за знак дека може да флертуваат, никогаш не ми стана јасно. Аман веќе, научете се да разликувате покажување на култура од давање зелено светло за флерт. Втора работа од која секогаш кога ќе ми ја рече некој ми иде едно „Бљак“ во памет, е „За тебе ако треба ќе ... (ставете некоја помош, знак на внимание, исполнување желба)“. Фуј сте со ваквите изрази. Прво, најгадните периоди во животот сум ги минувала сама и благодарение на себе сум тука кај што сум и апсолутно не ми треба ничие перчење дека ќе направи бог знае што само за мене. Второ, за вакви ликови секогаш сум претпоставувала дека се глупи и во секој еден случај порано или подоцна се испоставувало така. Трето, додека ми ја кажувате таа одвратна фраза, на лице имам насмевка а во глава веќе си ветувам дека нема да ме видите никогаш во животот.
Она кога на испит се појавуваш со едвај 3ч учење пред полагање и ќе ти се погодат прашањата баш за тоа што го знаеш најдобро.
Некогаш бегство од реалноста ми е купишта од книги, добра музика или маратон од Хари Потер. Вечерва се одлучив за книга. Пријатна петочна вечер.
Кога вештината за необврзано блаботење се поистоветува со љубезност дистанцираноста со значење асоцијалност има соодветен термин, свесно постапување.
Кога ќе видам луѓево за шо се потресуваат... Па тоа дерење, викање, плачки, нервози, драми, драми, драми... и кога ќе ја чуеш причинава... Инфаркт на 40 планирате да ве мава или како? Де полабаво, стварно не е крај на светот. Чувајте си здравје. Или шо би рекол дм, лесно ти е тебе да кажеш, ти исклучена си скроз, немаш мака, нишо не те допира. Абе ме допира ама мора човек да селектира што ќе го допре.
Од моето 'скромно' искуство изминативе години научив дека мажите се делат на : *Би сторил се за тебе дур си му предизвик *Би сторил се за тебе откако нема да си му само предизвик * Би сторил се за тебе во било кое време зашто те сака ко човек. Е овие третиве ги чувам. Неколку ги имам. И во ноќ за нив станувам. Маж, син, најдобриот другар.. и уште еден. Ова другово? Со гума бришам. Сведок сум на чуства искажани вербално само. Сведок сум и на неудостојување ни со еден ебан одговор јер не му вредело. Сведок сум на гадно шајзе. И преку таквата ми е. Жртва ниту сум била ниту ќе бидам. Око не ми трепнува повеќе за никој! И да, најубаво ми е. И да. Никој не е незаменлив.
Многу се радувам кога некој ќе ми каже дека сум му помогнала за нешто, сум му била поддршка, сум го мотивирала... Убаво ми доаѓа на душава некако...
Постарите луѓе не рекле за џабе дека кога човек ќе се изгори од млекото, ќе дува и на маштеницата Само што, некогаш свесно или несвесно бираме пак и пак да се гориме, дали поради самите нас или поради другите
Сосема е во ред да не ги знаете одговорите на сите прашања. Исто така е супер да знаете дека ако поминете ден шетајќи низ зоолошка, тоа не ве прави панда. Убав ден.