Од ситници што го крунисуваат денот со позитива, го издвојувам новиот лак за нокти Толку многу ми фалат моменти на среќа или паролата, задоволството е во малите нешта се уште моќно и пркоси на монотонијата? Прашања што осцилираат низ хемисферата
Возрасни особи со детски умови. Те бришат од фб без никаква причина, небаре животот е само фб и инстаграм, и сте смениле и постигнале нешто со тоа, ме заболе таквата што сте избришале, тоа говори за вас и вашите детски испади. Туку, утре ден нема да ви е срам да ме погледнете во очи? А, ќе се сретнеме и самите сте свесни.
Денес ми е трета годишнина на Фемина форум, од кои две години сум редовно активна. Cheers for me. Откако сум тука пораснав како личност, запознав други прекрасни личности (во живо сѐ уште не, but let's hope for one day). Ќе беше уште поубаво да добиев известување од форумот што ми следува.
Kalina Kosi на фејсбук. Ова човек секој ден треба да го чита...ама знам дека секое чудо три дена трае. Конечно нешто вредно за зачувување од фејсбук.
На возраст сум кога не ме интересира што другите мислат за мене. Другите нека мислат, што мислам јас за нив.
За тебе. Сите свеќи да ѓи запалам, сите цветови да ѓи донесам, сите молитви да ѓи испеам, пак не можам да те вратам. Замина со звукот на тишината. замина со желбата твоја неисполнета, а остави болка,спомен,тага тешка неизбришана. Не остави да паметиме не остави да те оплакуваме, а никогаш повеќе да те немаме. Те молам Боже,од срце те молам чувај го со милоста своја, со мир да избришам барем дел од тагата моја
Човек некогаш едноставно чувствува дека е во вистинското време, на вистинско место. Интуицијата не ме лаже.
Зошто оние луѓе со кои најмногу ни оди муабет мора ретко да ги гледаме? Дојди си еднаш, ми фалиш. Нема можеби никогаш вака да ти пишам, ама стварно ми фалиш бе човеку. А колку муабет имаме да си изнакажиме. Само се' оставивме на „кога ќе се видиме ќе правиме муабет за ова“, бидејќи навистина со пишување не би бил истиот вајб и има многу работи. Останува само да се надевам дека ќе си дојдиш за брзо..
До вчера зборевме кај да се слави матурата, сега почнавме брак да честитаме на некои од наша генерација. Time flies so fast...
Порано имаше поголема дружба, а денес сите буљаат во телефоните. Во кафич седиш со другар, тој во телефонот, ти во телефонот. Технологијата не уништи.
Коби Брајант... зборовите се излишни. Каков силен, згоден, харизматичен, преталентиран и препаметен човек. Баш онака како што го опишуваат и го жалат неговите сонародници и луѓето кои имале прилика да го запознаат во живо. Почивај во мир, легендо!
Кад је гага и киселина је блага. Во сред 7ч сабајле у автобус се пикнал кој стигнал само зошто бесплатен автобус бил. Абе, шо ви е? На ова загадено и ладно време да немав обврски, па жива сила немаше да ме натера да станам да одам некаде уште во 7, па и во ЈСП да се бутам за време на сезона на грипови и настинки.
Ако ова не се #familygoals не знам шо се. Јас имам гилти плежр серија - Dynasty. Таа е римејк на оргиналната серија Dynasty, од 1981 година. Мајка ми ја гледала оргиналнава. Баш преѓе ја спомна и јас бев као: „НЕМА ШАНСИ“ и прашав подетално. Оваа серија е. Ќе ѝ предложам да ја прегледа старата серија ако сака со мене.
Македонија in a nutshell: - Бивша јавна обвинителка користи уличен речник што ниеден човек што е академски образован не би требало да си го дозволи, уште помалку некој што се појавува јавно на ТВ. - Манијаци на секој чекор, полицијата спие и глуми слепа. - Обесен коњ се вози низ булевари ко да се пренесува некој регал за отпад. - Лажна најава за бомба, па паники и евакуација на луѓе само зашто на некој му било досадно. - Некој у обид да е интересен урла по туристи и ги снима во сред центар на главниот град на државата, а воедно не брука сите ко народ. Кое дно дна. Мизерија сме... Стварно да ти е срам да кажеш од кај си...
Луѓе што сметаат дека би имале потешкотии да ја прифатат сексуалната ориентација на своето идно дете не се спремни да станат родители воопшто.