Она кога тие шо ти викале nE prIjavUvaj sE u prV rOk,nEma dA iMaS vReMe zA nIso, сега ти се жалат дека не можеле следна недела 5 дена по ред да полагаат, па и уште понапредната недела уште да полагаат, а ти имаш само уште 2 полагања и си вака:
Уште е јануари, а се чувствува како да поминала цела година од толку работи што се случија. Ајде оди си јануари, се надевам остатокот од годината ќе биди поубав.
Обожавам да се задлабочам во некоја моја тема на интерес и да не почувствувам како поминале часови, па дури и цел ден. Бесценето е чувството кога човек ги наоѓа своите интереси и има можност да се занимава со она што му претставува вистинско задоволство, а не товар. Тогаш работата станува страст, а не здодевна обврска.
Значи го обожавам вртењето на нова страна од нов месец на календарот. Нема нешто поубаво. Иако е само обична промена на месец, сепак она кога гледам колку нови денови имам пред мене и си правам некои планови за месецот што следи, ми предизвикува убаво чувство. Конечно јануари и 80те негови дена завршија. Но, искрено убав месец ми беше. Дефинитивно ќе си ја памтам годината по убав почеток. Реков ова ќе биде моја година. Февруари ќе биде уште поубав. Родендени, прослави, договорени средби со кул луѓенца, слободно време... Едвај чекам.
Игнорирам луѓе што само оговараат, ги знаат сите трачеви за сите, дволични се, се споредуваат со други, незаинтересирани се за нешто да се информираат ама битно на секоја тема имаат мислење и користат од оние поговоркине шо ги користат пензионерине: "ќути има и полошо", "шо да се праи, таков е животот", "што се жали Аце, мала му била платата, незадоволен е тој од се, а да видиш како се гребе на шефот за бонуси, ние сме гревчиња, не тој, мене платата ми е помала, видов јас он колку зема", "ах, битно да сме здрави, виде на Петра, сестрата на Трајанка шо и се случи, џабе и е се, кога ја остави вереникот падна у депресија, ее, што ќе и се парите, работата, нема маж сега" и така успат уште некое муабетче за Петра, Аце и сите... Нели ви е жал младоста у оговарање и ширење негатива да ви пројде. Уствари прајте шо сакате само подалеку од мене. Not my kind of people...
Многу им е тешко да сфатат дека они не се секогаш центар на внимание. Сонце не ги греело,некој план им пропаднал. И на други животот им е маќеа,де,ама не гњават никого.
Архивите на социјалните мрежи знаат да вратат сеќавања, и тоа како... Случајно и неочекувано налетав на слика од точно овој датум лани. Сум блескала. Имало и зошто Февруари, ако и оваа година бидеш толку прекрасен како лани, ќе бидам најсреќна на свет
Едно од полошоте нешта на возрасен и здрав човек што може да му се случи е да биде финансиски зависен од некого. Да моли и да бара пари дали од родители, дали од баби, дали од партнер. Значи лошо е за едни влошки или кафе да бараш од сопругот пари па уште он да те уценува (ова според вистински настан). Ете и дома да извршуваш секакви домашни работи и цел ден да не седнеш пак никој нема да цени. Мислите неколку му е гајле дали прашина сте бришење, чинии сте миеле, алишта сте диплеле,? Не. Секој ќе рече дома цел ден седи и ништо не работи, а тебе грбот ти паѓа од умор. Па уште на крај може низ нос се да ти излезе дека не придонесуваш пари во домот. Може сопругот или децата да ти речат заради тебе не можеме да отидеме на одмор. Ти ништо не работиш туку дремеш дома. (И ова според вистински настан) Умреле тие времиња кога жените биле дома да месат леб и на никој не му било чудно. Сега е битно џебот да ти е пол со твои пари и во секое време да си финаниски независна.
Ама навистина, ако ве отфрлат од животот - до вас е. Ако ви се испушти нешто во животот - до вас е. И така, понесете одговорности кај шо ќе одите, оти некогаш и негде стварно (сте) ужива(ле)те привилегии. И не сте забележале. На пример, рандом повик/порака шо ви се чинат патетични. Да, вас ви се чинат патетични. До вас е. Се' е до вас, ама тешко ви оди со признавањето. Е дури си самопризнавате, да ви текне на ова. Оти луѓе градат животи шо вие појма немате колку им е тешко, ама се трудат да прават место за вас таквите.
Родендените навистина покажуваат кој колку се грижи за тебе или не. Не може никој да ме премисли дека е поинаку.
Немам волја за учење вечерва воопшто... Не сум сконцентрирана и сум многу уморна и ништо не ми влегува в гла
Она чувство кога си опкружен со многу луѓе, а ти недостасува една единствена личност и како срцето да ти се кине на парчиња, а таа личност повеќе ја нема во твојот живот...
Кога ќе ги видиш и сфатиш нештата онакви какви се имаш две опции или да се претвориш во личност што шири негатива, полна е со огорченост и омраза или личност која разбира и сака да согледа како да се променат и подобрат нештата. Сум и онаа од првиот и онаа од вториот опис разликата е тоа што првиот опис е тоа каква сум била некогаш а вториот каква сум/се трудам да сум сега и мило ми е што не останало се како што било. Тоа е убаво во животот, можноста да ги прифатиш нештата, најдеш решение за нив и во согласност со своите лични можности да напреднеш и преминеш во нешто подобро од вчера, се разбира ако сакаш, дека полесно е да не сакаш и да тераш по инерција. Ама најубаво од се ми е што познавајќи каква сум била лесно можам да приметам некој во слична состојба и да подадам рака ако е волен да прифати промена или да одминам зошто никој во овој живот не е дојден да биде осуден на незадоволство на вечните жртви. Реално и тие не се дојдени на овој свет да се жртви сами на себеси ама кој да ти каже Ивана работава
Одличен начин да го почнеш денот е да видиш дека у станот ти влегле 2 врапчиња, па и од страв што не можат да искочат цела кујна лом ти ја направиле. Само не знам дали ја од нив или они појше од мене се исплашија. Личи за одлична сцена у некој хумористичен филм за некоја clumsy girl што секој ден и се дешава нешо трагикомедично. Среќа па не ме гледаше некој да види како хистеришам од паника дур ми летаат врапчиња у стан. Фала тато шо си ја оставил отворена вратата од тераса пред да идеш на работа, нема проблем што се исплашив ко дух да видов.