Не секоја кукла е предмет за во излог... Кога сите манипулатори би добиле изглед како Пинокио би ја изгубиле суштината на постоењето. Толку има недоделкани ќутуци, мајстори на лагата што безочно ја играат ролјата и свесно ги движат конците на сомнежот. Кралство на перипетии без расплет...
*станувам во 11 и нешо и гледам известување најкасно до 2 да идеме на факс за некој список* Ја: ок, ќе идам ќе ги потпишам сите и таман ќе идам на шопинг пошо денов беше планиран за легачење ама да се наградам себеси шо ќе станам од кревет. * се враќам дома у скоро 2 со купени работи за себе и за други* Priceless.
Повеќе ценам кога некој искрено ми кажува зошто не ме сака во неговиот живот отколку да ми дава silent treatment и без никакво објаснување да не ме побара повторно. Да ми вели дека ќе ме побара пак сигурно ама никогаш да не го направи тоа. И нема ни зошто ни како ни што се случи. Едноставно одлучиле дека не сум вредна ни објаснување да добијам, камоли нешто повеќе. Можеби и јас сум премногу наивна, бидејќи не ми се случило ова само со една личност. Абе речи ми дека не сум интересна, дека сум здосадила, дека не сум оставила убав впечаток, дека (несвесно) сум направила нешто што те навредило.. Повеќе ќе ве ценев. Ама дека ќе молам некој да ме задржи во животот - нема.
Ќе сфатат ли некои луѓе дека аутизмот не е болест и дека на тие деца им треба внимание??? Доста ми е од такви кои се потсмеваат на таквите дечиња. Се и сешто ќе прочиташ на фб.
Она кога петочки ќе си положиш усен дел од полагање и ја завршуваш работната недела на најдобар можен начин. Викендот може да почне.
Има професори, ќе те бутнат и во фаца ќе ти се изнасмеат, најмала грешка ќе ти бараат и со понижување ќе те гледаат, а има и други што со нив носат огромно разбирање , искрено ќе ти помогнат и ќе ти пружат уште една шанса да се докажеш зашто ти го сфаќаат и ценат трудот....огромна почит имам за вториве.
Деца на возраст од 5 до 10 години веќе поседуваат мобилни телефони Автор:Деск 05/02/2020 19:52 Share Повеќето деца на возраст од седум години веќе поседуваат мобилен телефон, а просечното дете поминува околу три часа на ден преку Интернет, што претставува благ пораст од минатата година. Студијата за детска возраст од Агенцијата за детски активности открива дека 47% од децата на возраст меѓу пет и 10 години сега поседуваат мобилни телефони, што е за 38% повеќе од лани. Повеќето деца имаат мобилен телефон на возраст од седум години. Децата стануваат зависни од нив, при што повеќе од половината од анкетираните признаваат дека „секогаш спијат со мобилен телефон до нивниот кревет“. Покрај тоа, преку прашање колку деца имаат пристап до Интернет преку телефон е откриено дека 71 процент од корисниците го користат својот мобилен телефон за пристап до Интернет. Времето што децата го поминуваат преку Интернет продолжува да се зголемува со текот на годините, при што просечното дете поминува околу три часа на ден на Интернет, што претставува благ пораст од минатата година. Што се однесува до веб-страниците што децата ги посетуваат, откриено е дека ЈуТјуб е нивната омилена страница, а потоа следуваат „Снепчат“, „Инстаграм“, „ТикТок“ и „Фортнит“, а се поголем број на деца се корисници на социјалните мрежи. Симон Леггет, директор за истражување на „Детска дериент“, рече дека мобилните телефони сега „доминираат“ во животот на децата. Денес, родителите е вистински предизвик да следат што гледаат нивните деца, да гледаат и да слушаат на своите мобилни телефони, затоа што секогаш ги држат близу. После анализата на медиумите во Велика Британија, откриено е дека 18 проценти од децата на возраст од осум до 11 години имаат свој профил на социјалните мрежи и покрај фактот што повеќето социјални мрежи не дозволуваат деца под 13 години да се регистрираат. На тема безбедност на интернет и колку технологијата се користи за добро, разговаравме со Бојан Кордалов – специјалист за нови медиуми. Sramota i debakl na roditelite sto za da gi otkacat decata im davaat telefoni i internet od tolku mala vozrast. Vozrasnite ucat gluposti na socijalnite mrezi, ne deca. Posle ke ima javna soba, javna kuka, e ke ima. Mnogu ubavo i za ocite i deteto da bide direktno izlozeno na zracenjeto bravo.
Омилено известување: имате прилив на сметката. Фала Комерцијална банка шо ми го направивте денов уште поубав.
Мене нема да ме залажете колкави душички и емпати сте, додека во друштво прифаќате лажговци и упикувачки лигуши што не бираат средства кога болната психа ќе им наложи да се пресметаат со некој. Сѐ гледам, а има и други што се паметни да забележат, не се секирајте. Па како што не ги сакам таквите, не ве сакам ниту вас. А вас најмногу ви смета кога не сте сакани од сите Толку.
Денес за краток период направив многу работи. Ме облеа убаво чувство на среќа и исполнетост што ми е страв да се опуштам и да уживам. Пуштив и машина за алишта, да си ја средам облеката, да си се дотерам и излезам во град, да се почастам со козметика или ново парче облека. Да ја посетам и тетка ми, да зготвам нешто убаво. Колку е само убав животот кога не се нервираш за ситници.
Со другарка од факултет случајно дојдовме на тема за тоа дека сега откако завршија полагањава уствари у слободно време ни е многу убав животот за разлика од порано, кога не сме биле студентки. Дека многу контакти сме прекинале, сме cut-нале од животот се што не ни било потребно, дали намерно, дали поради тоа што и немавме многу слободно време, па некако ненамерно така и испадна, селекција на тоа како и со кого ќе се троши слободното време кое сега ни е на минумум, но дека сега се осеќаме многу созреано и сменето иако поминале само неколку месеци. Навистина еве 2 дена како веќе сум послободна и стварно ми е преубаво за разлика од порано. Плус уживам во секој слободен миг. Многу значело тоа да имаш време кафе да испиеш без да мислиш дека ти следи некоја обврска и слично. Можеби во нашава држава навистина не вреди нешто дипломава, но целиот процес на студирање некако не созрева и е стварно нешто што е убаво да се помине како животен период. Плус запознаваме многу луѓе со интереси како нас. Најубавата предност од тоа што сум студент е што последниве месеци имам прекрасни нови пријатели во животот со кои ептен се разбирам како со никој претходно. Како soulmates кои сум си ги барала со години.
Се разбудив и лежев пола саат со дете и куче врз мене, свесна дека дојде и овој ден. Толку очекуван, посакуван и сонуван. Толку многу сум среќна а навидум нема шанси да се примети, се понашам како да е сосема соодветно вакво чувство да имам во себе. Мантра-да продолжи вака, како кратка афирмативна порака до себе. Во сегашно време, со сегашна цел.
Со колку надеж ги напишав тие неколку реда. Со колку љубов. Само нека биде добро овојпат. Универзумот знае колку ноќи не сум спиела за да го остварам ова, за нас.
1.Sakam povtorno da padnat snegovi i da imame zima kako shto e redot 2.Ne pisuvam poveke na forumot.Moderatorite im dozvoluvaat na razni luge da navreduvaat, da teraat inaet i posle toa mislenjata gi brisat selektivno. Eden oftopik se priznava kako oftopik a drugiot ne, ne moze taka poveke drugari.
Животот ме научи на многу лекции, лекции кои ме направија посилна личност, она што сум денес. Ме претвори во силна личност. Благодарна сум и на родителите што ме учеле што било а што не било правилно, што ме советувале да не скршнам по лош пат. Им благодарам и на сите оние кои ме повредиле и напуштиле, ме научија кому да му верувам, кого да пуштам и кого да не пуштам во мојот живот. Па можам да кажам дека сум среќна.