Поубаво чувство откако ќе се избањам нема.Во главата ми е хаос,да можеше проблемите со магично стапче да ги решам,ех.Се е до главата ,до мислите.Си го повтарам ова и никако да се доведам во ред.
Обожавам личности со кои губам претстава за време. Не забележав кога поминаа повеќе од три часа, ниту за момент не ми беше досадно, ни телефон погледнав, ништо. Сакам повеќе вакви во мојот живот.
Аман од вечни жртви.Не разбирам само за внимание плачете или сакате да бидете селебритис квинс на патетиката?
Zosto jas citam, ucam, se premoruvam koga znam deka na krajot vrskadziite ke uspeat poveke vo zivotot? Da im se pluknam, gi mrazam i niv a ushte poveke vas koi dozvoluvate da ne gazat.
Веќе една недела патам од несоница. Една недела носам товар со кој едвај живеам. Чувам во себе, не споделувам со никого затоа што знам дека нема ништо да промени. Се борам затоа што сум борец, така сум учена да не се предавам ама луѓето приметуват колку и да кријам. Ги лажам дека е настинка, дека не е страшно и дека ќе помине. Ама ќе помине ли? И што ќе ми донесе следното утро?
Едноставно не можам да верувам како некои личности се понашаат толку гадно... Се гордеам што не сум како нив.
Зеле да се радуваат на влез на државава во организација поради која многу наши војници ќе погинат и поради која државава ќе банкротира. Браво,народе,огромно браво за наивноста и неукоста!
Паметот доаѓа со годините и искуствата ''Предавството е составен дел од животот. Родители си ги напуштаат децата, оние што се колнеле на вечна љубов преку ноќ стануваат рамнодушни, маж остава жена, сите овие ситуации се дел од животниот пат - вели тој. Кога некој ќе ве повреди, важно е да запомните: тоа не се случило затоа што ние сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога паѓа дожд, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време. Штом ќе го сфатите ова, ќе станете имуни и ментално посилни. Би требало почесто да се водиме по овој став. Луѓето минуваат премногу време обвинувајќи се себеси, а тоа не помага ни најмалку. Па како тогаш да се одговори кога некој ќе ве предаде и повреди? Не трошам време на луѓето што ме повредиле. Не се враќам на нив и не размислувам претерано за тие ситуации. Немам време да ги мразам оние што ме мразат, премногу сум зафатен со оние што ме сакаат - вели Пачино. ''
Кај ми требаше да го прочитам, ама ако по милионити пат сфаќам колку малку треба за обична среќа синкир сите да ја доживееме оваа Мелисина... '' Ова е приказна на докторка од Гинекологија, приказна од која ќе ви потечат солзи… Влегувам во салата, а на гинеколошкиот стол гледам млада девојка, дали имаше 20-тина години, слаба, со испиено лице, темни подочници… Не и се слуша гласот… Ми приоѓа бабицата и ми вели: “Докторка, женава е дилатирана шест центиметри. Терминот за пораѓај е крајот на следниот месец, а бебето е многу мало”. “Како се викаш?”, ја прашувам и и’ приоѓам на младата жена. “Мелиса”, вели едвај чујно. “Од каде си?”, продолжувам да ја прашувам. “Од овде”, вели, “Тука сум мажена”. “Добро Мелиса, зошто си толку слаба? Јадеш ли ти воопшто?”, ја прашувам. “Да”, ми одговара кратко. “Добро јадам. Знаете докторка, мојот маж работи и заработува, не пие. Добар е. Секој ден имаме леб и нешто да свариме. Убаво живеам, не се жалам”, раскажува. Јас кога ја слушнав се замрзнав… Сфатив дека е искрена. Дека тоа навистина е така како што таа раскажува. Таа навистина јаде само еднаш дневно и мисли дека тоа е во ред. “Мелиса, имаш ли некој близок?Брат, сестра?”, ја прашувам. Само сестра, докторка, ама таа е во хранително семејство. Знаете, мајка ми ја нема, а тато работи по цел ден и не знаеше што да прави со мене. А јас бев вредна, чистев, готвев… Одев на пазар и го собирав зеленчукот што го фрлаа. А да видите колку добра храна фрлаат. Он мене ми вели: Мелиса, ти најдов маж. И го донесе. Ми рече, Иди дете со него, ќе ти биде подобро со него отколку овде со мене. И така, јас се омажив”, вели. “И, дали ти е убав мажот?”, се обидувам да се пошегувам. “Добар е”, прозборе и продолжи да молчи. Само гримасите на лицето покажуваа дека има болки. Млада жена која ја прифатила реалноста, колку и да е таа тешка, која не знае за подобро, очајна во својата немоќ било што да промени. Бабицата ми ги донесе нејзините резултати од крвта…Фрлам поглед на хартијата и ми се стега кнедла во грло. Тешка анемија, хипопротеинемија. Знаете, продолжува, ова е девојче. Ќе ја викам Амина. Имам некои работи. Сè исправ и наредив, навистина се како нови. И пелените, имам и пелени. Туку, немојте да ми се лутите, мислам дека ќе се напнам.” “Напни се, Мелиса”, и велам и гледам во бабицата. Сите молчиме. Немаме зборови. А одвнатре нè стега, боли… Ајде Мелиса, најсилно што можеш, напни. Мелиса слуша, нејзиното слабо тело ја дава својата сила и таа се породува. Бебето слабичко, ама убаво, плаче, црнокосо… “Душо, мама те дочека. Душо, дајте ми ја да ја бакнам”, вели. Ја зема, ја гушка, ја бакнува и плаче од среќа. “Душо, ти си ми мене сè. Колку е тешка, докторка?”, прашува. “Еве само уште малку, Мелиса, ќе го измериме бебето”, и објаснувам. Бебето е тешко 2200 грама”. “Убава е докторка, навистина е убава”. “Да, Мелиса, убава е…” Ја испратив бабицата да и ги донесе работите, да ја пресоблечеме. Бабицата го спушта погледот. Оди и носи кеса, обична, најлонска, а во неа една стара ноќница, една кесичка со влошки и сапун. “Мелиса, дали си гладна, жедна?” “Не сум, ќе јадам подоцна. Не грижете се, не ми треба мене многу”. И прв пат Мелиса има насмевка на лицето. Излегувам од болницата. Надвор ме чека низок човек. “Јас сум мажот на Мелиса. Дали таа е добро?” “Да”, му велам и го гледам. Износена маица, ама чиста, голема тренерка и искинати патики. Рацете груби, изранети. “Се породи и бебето е добро.” Среќен е. “Ве молам, дајте и го ова на Мелиса”, ми вели и ми дава мала кутија плазма и сок. “Нека јаде, треба да дои, а јас ќе дојдам утре…Ете ми тргна, имам да работам… ” Си заминувам полна со тага. Тоа е реалноста. Тука околу мене. Следниот ден одам во визита кај неа. Ми се насмевнува. Мириса на сапун, испрана коса, во чиста ноќница. Го сфаќа мојот поглед. Ме гледа во очи и ми вели: “Се исправ и се исушив. Топло е. Гледајте”, вели и покажува на масичката покрај креветот…сокови, наполитанки, плазма, чоколади… Ми даваа, ама јас не зедов… Ми велат, јади Мелиса, види колку си слаба, а ние сме дебели”. Наместувам насмевка и гледам околу себе…Овие прекрасни жени од нејзината соба почувствувале дека треба да и помогнат и и’ донеле од влошки до храна, а притоа ниту во еден момент не ја навредиле… Доаѓа ден кога треба да си замине. При одењето Мелиса доаѓа да се заблагодари… “Ви благодарам за работите што ми ги дадовте за бебето. Не требаше” “Нека Мелиса, уживај. Не е тоа ништо”. “Фала, фала…” “А тој ги чека…Ги бакнува во косата и и’ дава на Мелиса една ружа…Така треба… Ги гледам и си мислам…Колку навистина на човека му е потребно за да биде среќен? Навистина не знам.''
Не сум мутава.Го гледам лицемерието. Тие се мутави штом не сфаќаат дека ја знам вистината. Такви не ми требаат ич.
Луѓе немојте толку наивно да верувате во форумов ,и да договарате средби.Опасно е.Секакви настрани суштества постојат.Разбирам дека сте осамени,ама наместо да барате тука пријатели ,барајте во реалниот живот.Родители учете си ги децата да се пазат од светов,и да не договараат средби со непознати.
Ме болат очи од латиница, посебно кога читам зборови од тип на zver, guski, реферати без пасуси и без празно место после интерпункциски знак. Како воопшто вакви луѓе матурирале и стигнале на факс...
И тука има пријатели,и не сите сме осамени што пишуваме на форумот. Некој ако бил изигран и сл немора да плука по останатите 118.070 членови од форумот.
Си мислев баш за луѓето кои сум ги сретнала дур сум чекала пред автобуска постојка, парк. Чудно, ама сите си заминувале некаде. Не огорчени, баш напротив. Не биле скржави, споделиле животно искуство. Ми текна на едно. Сум ги чула најсреќните, посебно најтажните моменти објаснати толку детално, што дури не ни сфатив која е потребата од такво нешто. Не беше заради она - да каже за да не тежи на душа, туку оти јас ќе сум разбрала. А што е тоа што ќе сум разбрала, не ми беше јасно. Сега, разбрав од збор до збор. Скроз неповрзани настани, скроз различни страни, а наеднаш се' добива смисла. Фала!
Книгата е доказ на тоа колку сте пораснале. Ако пред 10 год ви била омилена, и повторно ја прочитате, не значи дека пак ќе е така ...
Никогаш не го разбрав правилото зошто треба да се изеде сè што е во чинијата пред едно дете. Да биде присиленоста посилна "на помош" се повикуваат натприродни сили, олицетворение на стравот. Секое зошто има одговор затоа. Трауми од детството...