Никогаш нема да ја разберам потребата да се гледа нечиј погреб. Не знам дали станува збор за сатисфакција или настраност, ама мене ми е крипи да седнам пред телевизор и да гледам како одредена јавна фаца ја спушаат у гроб.
Најискрена прегратка е кога некој толку силно ќе те гушне, па дури помислуваш дека ти дава дел од својата душа.
Чудни луѓе сме ако некој пријави дека е небезбеден во државата тогаш се шири страв помеѓу народот,ако не пријавиш и нешто недај боже да ти се случи нешто,тогаш зашто не си пријавил,Аман бе каде живеам јас???
Свака част на креативноста на сите салони за разубавување кои имаат пеперутка во никнејмот, во салонот( на ѕид лепенки, 3д пеперутки низ местото,на ламбичките на свега и свачега. Уметникување.
Една слика илјада зборови. Спојлер Колку само е вистина ова дека среќата е личен избор. Ја видов сликава и ми текна на еден летен ден од порано. Бевме собрани сите братучеди кај баба ми, ама пошто не знаевме да играме како нормални деца туку се тепавме, се колевме, ниедна играчка не ни беше доволно добра и се ни беше досадно, затоа бевме казнети да седиме дома. Дремевме расплакани и нервозни. Во истиот момент додека кај баба ми низ двор беа расфрлани нашите разни играчки, тракатанци и базантчето на дување (без никој да ги користи), во соседниот двор со обични листови од дрвја и камчиња, си играа децата на комшијата. Среќни, пресреќни, се смееја дури до кај нас се слушаше...Со обични камчиња... Попладнето знам дека и ние им се придруживме таму и сите игравме со камчињата и лисјата. Толку убаво си играа и среќно се кикотеа што ни изгледаше како кај нив да е милион пати поинтересно со ливчињата, отколку кај нас во двор со базентчето. Ваква бев до пред некое време, а не само како дете. Не знаев како да бидам среќна со ситници и секогаш целев кон повисоки работи. Ќе купев нов телефон и не чувствував никаква исполнетост пошто нели на пазарот се појавил поубав телефон, и се така во круг додека не ми дојде паметот колку грешам. Сега се радувам дека имам чиста вода за пиење и здраво јаболко за јадење, пошто некој нема ни трошка да касне. Не ми е гајле дали некој купил приватен авион или телефон со десет камери, јас сум си внатрешно спокојна и среќа со ова што го поседувам. Се чувствувам како детето од сликата што е на трето место
Што знам бе, изузетно секси ми е мушка рука. Какви газиња, бицепси, трицепси и остала багра, руката ми е трн он у секунда. Ахх, муке моје нико не зна!
Она кога си планираш како да го прославиш роденденот што ти се ближи за незаборавно да си поминеш со друштво и потоа се сеќаваш дека немаш такво друштво и нема да славиш никако посебно..
Си ја мразам моменталната психичка состојба. Треба пак да одам на психијатар, ама од тие проклети проблеми се е на мене и освен за забар не се трудам за друго да најдам време. Се осеќам многу немоќно и истрошено на моменти. Како да ми е животот на пауза. Не можам да се освестам дека ќе профункционира нормално се. Лоши слики ми се вртат низ глава. Се тешам се е уште тазе. Крива сум знам... ама живото е најдоброто училиште. Да не видите никогаш она се што јас имам водено и доживеано... ни на душман не му посакувам.
Некои чувства не можат да се опишат, нема зборови кои можат да ги доловат во вистинското светло. Единствено може да се доживеат.
Какви чувства и каков разум се тоа, за да она што сѐ уште те боли од родителите и си свесна дека почитувањето на истото ти го ограничило цел живот - и ти го повторуваш во однесувањето кон своето дете? За нивното исмевање на твоја пасија, контролирање, реагирање со омраза дури до клетви на твоите планови за слобода и поубав живот што не можеле да ги разберат - дури и по 30тина години во моменти на слабост да зборуваш со солзи во очите пред ќерка си, но истовремено на крај пак да свртиш на тоа дека целосно со почит се сеќаваш на нив, и сосема истите грешки да ги проектираш врз истата твоја ќерка? Би можела мемоари да напишам за доказ на тоа каков канцер на општеството, на слободата и мирот на една млада особа - е конзервативното и патријархално воспитување. Каков мазохизам е кога особено како ќерка ќе го одобриш, поддржиш и на крај прифатиш и применуваш и за своја ќерка. Мазохизам и стокхолмски синдром кој се пренесува од колено на колено, и со кој се среќни и задоволни само оние птици кои ќе останат со внесеното во умот дека летањето надвор од кафез е болест. И никој не може мене да ми проповеда за безусловно почитување на родителите - ниту возрасни, ниту помлади од овие помирените птици. Имам само 22 години и немам дете, но без никакво избегнување да звучам егоистично, можам да кажам дека знам за животот многу повеќе од вас - а посебно за тоа што е (lowkey) токсично воспитување. Ја доживеав најголемата болка да изгубам родител, но доживувам и тоа другиот родител после тоа да ми го прави домот стапица и пекол, да не можам да заспијам од оловни збунети мисли и солзи секоја втора ноќ. Затоа најмалку може една генерализирачка реченица, т.н. заповед од sci-fi книга, да ми ги сумира моите постапки, или на некој друг во слична ситуација во мои очи. И воопшто не се срамам да го изложам ова во јавна тема, и да ви порачам на сите познати и непознати кои доживуваат вакви незаслужени ствари - тука сум, со вас сум. Ќе излеземе од лавиринтиве и манипулацииве, ќе застанеме на свои нозе. И сето тоа долгорочно ќе нѐ направи подобри личности, за тие од нас кои ќе имаат желба и одлучат да создаваат нови животи - да растат наредни генерации во здрава, пријателска, безбедна и слободна домашна средина.
Толку љубопитни луѓе од моите поранешни колешки мислам дека нема. Веќе не работам таму, ама они не знаат и сега на секој можен начин сакаат да дознаат зошто не одам на работа. Прашувале мои блиски личности зошто не одам на работа, да не сум се омажила. Или пак ако не одиш едн ден, два и кога ќе отидеш на работа ќе те мотаат цели 8 часа зошто не си била на работа. Толку ли немаат свој живот или не знам што. Јас пак за никој не се интересирам зошто не е на работа или дали некој напуштил нивни живот, нивно право.
Не ми се верува дека има луѓе без осет што те гњават со прашања за работа/материјал за учење, а си отиден на одмор. Па и уште кога ќе им кажеш дека не си ни во државата, моментално не си во тек, дрско враќаат ПА ТИ САМО ЗНАЕШ, СЕА КОЈ ДА ПРАШАМ?! Значи стварно бегам од напорни вакви луѓе.
Трпана: -Јас сум модерна жена, не перам, не чистам, не готвам... Трпе: -Ти не си модерна душо, туку не си тепана. Ова е виц. По некоја логика ова воопшто не е навредливо кон сите жени, туку е смешно. Треба да се смееш кога ќе го прочиташ дека Трпе и се заканува со ќотек на Трпана. Пошто тој е маж, мажиште, лавиште, и не треба ништо да работи низ дома, затоа зема жена да му готви и да го пере. Нормално ќе ја тепа. Замисли колку треба да си светлосни години заостанат за да пишеш ваков виц, колку треба да си глуп за ова чудо да те насмее, и колку треба да си кутар за да лајкнеш и да го споделиш јавно кај тебе. Со еден клик поддржуваш насилство врз жената. Овој шо го измислил вицов го замислувам небањат, без заби, со долга коса и брада, седнат во некоја пештера без облека, само под половината носи листови закчени за да го сокрие задникот, фаќа интернет од блиското село и пишува јаки заебанции. Цепки. п.с. Модерен значи да си во тек со настаните од светот и за облека и за музика и за секое поле, а не си модерен ако не знаеш јадење за себе да си направиш или да пуштитш машина. Без разлика кој пол си, само си обичен мрзливко/ка што безделничи... ама сепак тоа не значи дека некој треба да ве убие. Just saying.
Го прашуваш шо сака, не знае баш да каже ама знае дека сака нешто. ОК. Отрпнав. Му правиш по твое, ко што он сака, ти вика еј, супер! После го нема некое време. ОК. Ништо ново. Наеднаш, еве ги, у пакет, се консултирал со третата братучеда шо работи нешо слично ама не баш и идат со некоја генијална идеја шо ама уопште не држи вода. ЕЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈЈ ама знаеш шо, си мислев, ај тоа не така. Ај да смениме вака. Ок, ајде. Правиш по нивно. Нат мај проблем. Пак ги нема некое време. У меѓувреме работиш на три други работи. После 5, 10, 15 дена се појавуваат и очекуваат ти ВЕДНАШ да си во тек што се случува. Леле Дузи, супер си, ама знаеш шо... има ли шанси тоа така да го направиме? (враќаме верзија 1, у принцип) ОК, преправаш. ЛЕЛЕ, да, така е, царица си! Баш така сакавме! ЛЕЛЕ фала, супер, кај ти текна! Rinse and repeat. Шо работам? У принцип, читам мисли.