Кога со возило се доближуваш кон раскрсница со семафори и видиш дека свети дополнително зелено за десно, а планираш да одиш десно, тоа значи следново- возиш со благо намалена брзина и како што се доближуваш кон пешачкиот на раскрсницата возиш споро и гледаш внимателно дали има пешаци, па застануваш за да видиш поубаво зашто тогаш и тие имаат зелено Ако има, ги пушташ, па вртиш. Ако нема, продолжуваш десно. Така да, вие цивилизирани луѓе знајте дека во ваква ситуација пешакот има предност, а не залетани да возите и да утепате некого или да свирите ко дивјаци ако ради пешак сте морале да згазите кочница. Па не знам колку пати веќе ми свиреле идиоти зашто леле, морале да застанат они. Аман, не возете ако немате трпение.
Ми лежи на душа голема тага. Одамна. Ја носам како торба полни камења. Секој нареден ден велам ќе биде подобро... Не е... Ниту беше изминативе 5 години. Ги нема повеќе оние оптимистички пораки залепени со стикер на огледало... Насмеј се. Животот е еден... Хех...
Многу нешта се решаваат ако човек собере храброст да го послуша срцето. Имам впечаток дека премногу мислиме, премалку чувствуваме. Или чувствуваме, а се плашиме да (си) признаеме. Love is the answer
Ако сте помогнале на некој, сте биле поддршка, сте биле личноста на која некој се потпрел и верувал, сте биле утеха, носете ја таа улога достојно. Ако постојано ја потсетувате личноста за вашата помош, тогаш не сте од помош, ниту пак сте неопходна фигура во нечиј живот. Во мигот кога ќе почнете да набројувате добрини, ја губите човечноста поради која сакате да сте препознатливи.
И така на крајот од живеачката никој нема да ти рече ејј какви фармерки носеше или во каква куќа живееше ... И во тој момент сфаќаш дека не се битни материјалните нешта колку душата, тоа што ти било внатре што те греело што те издигнувало и те носело од највисоката до најниската симфонија на моментите ии луѓето кои ти биле милозвучна песна, смеата, радоста ,тагата, лутината, бесот сите тие неминовни нишки што толку мислиме дека ни го загорчуваат животот се всушност моментите кога ќе се сетиш дека си бил жив, дишеш, живееш со полни гради и пред се чувствуваш зошто си битие и одеднаш се фаќаш како ти течат солзи некогаш од тага ,а некогаш од радост... непроценливо. И тука веќе знаеш дека љубовта што ја бараш ја носиш во себе и си благодарен за се, ама ти треба време за да сфатиш пак од почеток....
Едно од поглупите нешта ми е кога некоја жена ќе ми рече да си барам маж што ќе ми помагал дома Или кога некоја се фали дека нејзиниот сопруг/вереник многу и помагал дома. Негова куќа, негови деца, негови алишта и чинии, ама битно и тој помагал. Помагал во сопствен дом пази, па уште со радост од сабајле замара на работа дека вчера му рекла на мажот да измие чинии, а тој ги измил. Ех, вреден на мајка бе. Ајде орден да му се даде на лепотанот што ПОМОГНАЛ во ЖЕНСКИ работи во сопствениот дом. Треба насекое да го потсетуваш инаку тој е малоумен и не знае што да фати низ дома...нели маж е и не му е во природа да се сети дека треба чинијата да се измие. Не знае кутриот дека се треба да е поделено. Како и да е... Се надевам овие глупи муабети со тек на време ќе се искоренат или бар мене ќе престанат да ме замараат пошто едноставно глупи се. П.С. Ене ја баба ми уште не сфаќа како дечко ми овие месеци седи сам и сам готви, пере, брише, мие...па ми вика да си одам порано пошто греота било детето само ама ај таа ем е стара ем некогаш си се зеза со мене, туку што правиме со помлади така сериозно што мислат?
Комшиите под нас се да ги задавиш. Со никого не зборат, ама имаат куче што е веќе цели 2 дена во депресија. Претходно беа две кучиња и беше тивко, сега едното го нема и другото цел ден и ноќ цивка, затворено е во 4 ѕида. Неговиот крик се слуша низ цела зграда, дури и жал ми падна. Нив мува не ги лази. Ќе умре така од жал и желба за малку љубов. А јас за жал не можам ништо да направам.
СДК 1: Многу ми е смешна онаа појава кога некој ќе ти лајкне објава, слика, мислење на некоја социјална мрежа и кога ќе види од тебе дека е споделено инстантно ќе одлајкне. СДК 2: Колку е убаво времево, сакам засекогаш вакви да се температурите. Ни ладно, ни топло. Најтаман. Совршенство. Кој би рекол дека во февруари се ќе биде толку совршено.
Пред некоја година се случи нешто што ме промени мене како личност. Животот ме тресна од земја и ме натера да ја научам лекцијата која го промени текот на настаните. Паднав во депресија, очајно барав помош додека со денови тонев во амбисот, во канџите на огромната тага која секој ден беше поголема. Деновите ги поминував секојдневно со лежење во кревет, пиење шеќер и вода и разни чаеви за смирување. Не сакав лекови, ретко пијам и ќе остане така и во иднина. Времето изминуваше, често бев сама во сето тоа, моите ми беа единствената подршка. Се случуваше да заплачам на свадба или роденден, но се научив да живеам со тоа што се случи. И ден денес имам жолти минути но се поретки. Научив да бидам силна. Но ги имав и тие неколкуте другари/ки кои не се откажаа од мене. Сите тие настани кои следеа едни по други ми ги отворија очите. Видов кој ми се вистински пријатели кои ми пружија рака за да не се уништам. Денес, научив на кому да му верувам, научив да проценувам луѓе, научив кои работи се за споделување а кои не. Од време на време знам да зборувам за сето тоа што се случуваше, само за да помогнам некому земајќи ја мојата ситуација како пример или да си олеснам себе си. Овде е и брат ми, овде се и родителите, и мојата другарка која ми е како сестра која никогаш ја немав. Знам дека на нив можам да кажам се, да ме критикуват и советуват кога не можам да мислам разумно. Некогаш боли, ама знам дека сум жива, знам и дека сум добро, знам дека сето тоа еден ден ќе остане бледо сеќавање. Пред некој ден, кога имав ментал брејкдаун, пред полноќ се облеков, ја побарав другарка ми и отидов кај неа. Седевме до раните утрински часови, дури и кога сакав да заминам не сакаше да ме остави сама, и ветив дека ќе стиснам заби и ќе закопам се длабоко во срцето и ќе и се смеам на тагата во лицето иако таа често ми велеше да плачам кога ми се плаче. Не сакам тоа да ми биде навика и често да ги тормозам луѓето. Си ветив дека од тоа ќе станам посилна личност. Полека сум, полека ојачувам, со ситни чекори правам напредок. Денес повторно имав жолта минута, кратко траеше, вдишав и издишав, ги прегрнав мачорите, се јавив на другарка, се јавив на родителите прикривајќи ја тагата. Успеав да не заплачам пред нив. Се чувствувам подобро. Дозволено е да имаш лош ден, нели?
Дојде времето за одјава. Мислев дека ќе обновам комуникација со некои членови од периодот меѓу 2013-та и 2014-та, но голем дел ги нема и форумот не е онаков каков што го паметам. Се надевам дека ќе си се дружам ин риалити како што и се дружев до сега (ќе се пронајдиш, ене кај е крајот на неделата). Уште да додадам да не си ги кратите целите во животот, а пред се' да си бидете свои и да си кажувате што сакате и што не сакате без разлика кој стои пред вас. Најчесто ќе ве газат, па вие ќе газете (и да не сакате, некогаш ќе мора) и така. Колку и да сте имале или имате најдобри намери, секогаш е мудро само да се гледа од страна оти долг е денот и може да се пишманите.
Зошто кога ќе се каже некоја радосна вест мора да се јави одредена личност со негативни ставови? Се запишал некој на факултет што го сака: "аааа ќе се убиеш од учење за џабе, работа нема да најдеш"; ќе се земат двајца: "хаха, уживајте додека можете, после ќе дојдат деца, ќе се заборавите, отиде љубовниот живот"; ќе се роди дете: "заборави на спиење сега, ќе се запоставиш, на глава ќе ви се качува, куќата лом"; дрн дрн јариња. Едно е добронамерен совет, друго е "идат црни дни" став. Малце осет бре луѓенца. Малце добрина. Радувајте се со другите. Или ако не можете, оставете ги нека си се порадуваат на својата среќа. Па Господ и на вас да ви даде причини за радување.
У оваа "врска" (ако можам да ја викам така) ќе се опуштам, нема да сакам емоционално.. је*ига и јас еднаш да видам како е тоа.. па ако се случи нешто помеѓу нас во ред ако не повторно во ред..
Инструкториве у автошколиве се подосадни и од оние со Лајонес и оние Јеховинине сведоци, ма врв се на досадата бре. Им вртиш да им кажеш дека си закажал полагање и дека ќе ти треба колата тој и тој ден, они вртат 6 дена после молејќи да им земеш часови дополнителни за да си земат парички. Овојпат има да положам веќе затоа што ми се здосади од алчниве автошколи, инструктори и комисии и има да им речам чао засекогаш. Преку глава ми дојдоа, ко лихвари некои се.
Кога некој има повеќе слободно време од потребното и не знае што со себе почнува да гризе од туѓите животи. Која е смислата на постоењето без цел?
Понекогаш не ни е денот,па некогаш знаеме да избувнеме како пламен а за тоа е доволно една искра. Несакајќи можеме да кажеме нешто што некој може да го повредиме или навредиме. Но човечки е да ни се извинат или да се извиниме. Ќе го искористам постот да и се извинам на @WildMk.
Во последно време како да стана тренд за сенешто да се плука по сопствениот народ Во живо устата ја искршивте од зборување како сме прости, глупи, необразовани, некапени, затуцани, а и на тастатура исто ги искршивте прстите, мислам дајте смањете доживљај Не оти сме и најарни ко нација, ама секогаш и секаде се наоѓа по некоја трула овошка што ја расипува цела кошница