Кога некоја личност сака и мисли дека ме ремети мило ми е што не знае дека за миг прави да се осеќам како идна кралица, затоа keep going...(со превод за тие што не разбираат енглески-само продолжете така...) За инспирација користен говорот на Rebel Wilson/BAFTA2020
Животов ми е пекол... Мислам дека ако уште малку продолжи оваа ситуација јас ќе се пореметам психички
Се возам во комбе за дома, до мене мајка со дете со попречувања. Тоа вика, го трга на возачот и поставува 300 прашања во минута. А мајката само смирено и тивко му вели да е потивок и му одговара на прашањата. Ми изгледа како добра жена. Штета што животот и нанел неправда.
Вечерва место не ме држи. Многу нервоза, многу тага, многу немоќност, многу нешта соберено во една душа. Сакам да заспијам и да заборавам на се, да се разбудам кога ќе помине ова чувство.
Конечно чувствувам слобода. Секое утро се будам насмеана без некој да е тука да ти го расипит цело сабајле и да го исполнит со ништо друго освен нервози. Во таја година и кусур го имав запоставено излегвењето и дружењето со други лица, што сега кога си го вратив, сфатив колку ми фалело, колку е битно и колку сум била затворена. Немојте никогаш и за никого да си ја давате сопствената СЛОБОДА.
Колку е се нефункционални и колку се невнимателни по институциите, алал да им е. Нека грешат, па ти нервирај се и трчај да успееш да исправиш грешката. Абе мора нешо посабајлечки да ми го расипе денот. Ќе се чудев да беше обратно.
Зашто сме толку уназадени? Зашто секој мора да се замара со туѓиот живот и да вреѓаат врз основа на некои работи? Дали воопшто некој некогаш размислил другиот како се чуствува? Па после се чудат зашто некој имал ниска самодоверба, не' секој може да прифати критика, понекогаш навистина треба да се пази со зборовите! На крај, сите ние имаме некои недостатоци и предности.
Сдк дека ми се сере кога читам и слушам Семе Синапово поговорки - Какви мисли имаш таков ти е животот или дека сами си го креираме животот. Тотален булшит. Пред некој ден зборував со другарка која поминува низ тежок период и сфатив дека и таа самата не сака да има таков живот колку и да и се ведри и позитивни мислите. Се труди од петни жили да има убав живот со нејзиното синче, ја гледам колку е силна, колку има храброст да чекори сама во иднината, без ничија помош. Емоции на турн оф и не се предава. Од друга страна постојано слушам зли гласови дека сама си го барала, сама си го бирала. Колку плитки и назадни луѓе. Прост народ на секој чекор. Добивам желба да ги задавам, да им откорнам јазиците затоа што секогаш знаат да бидат судии за туѓите грешки. Па што? Згрешила.. треба да ја каменувате и да ја навредувате? Среќа па таа ги игнорира цело време, не знам како успева, ама успева, и тоа е најбитно.
Си ја најдов книгата што сакав да ја купам веќе долго време Тек сега знам што ќе се прави викендов. Ќе се обидам да си ги распоредам страниците и да не ја прочитам во еден здив. Party hard on Friday
Поради многубројните двојни стандарди, и фактот дека е светот одамна отиден по не толку добра насока, време е да разграничиме што е всушност зло, и што не треба никогаш да се толерира... 1. Завист - кон материјалното и статусот. (Сите ја имаме, но мора да научиме да ја преточиме во нешто корисно и креативно). 2. Посесивност - Чување работи кои не ни служат и припаѓаат, а притоа не се неопходни во нашиот живот. (Ништо од скапоцените предмети и антиквитети нема да однесеме во гроб). 3. Мизантропија - Омраза кон луѓето. Во суштина психолошки гледано и кон себе сѝ, бидејќи перцепцијата кон светот е всушност наш личен одраз (огледало). 4. Непокајание - Гордост, дури и во случаи кога објективно грешиме. 5. Фанатизам - Било каков екстрем води само кон една насока (деструкција). 6. Навреда и говор на омраза - Никогаш не се завршуваат добро овие облици на однесување. 7. Учество во секта - Било која од подолу наведените до сега има донесено само ограничувања и несреќа кај човекот (Христијанство, Протестанство, Евангелизам, Таоизам, Ислам итн). 8. Недостаток на емпатија - Човек кој има премногу емпатија премногу страда, додека човек кој ја нема е вечно агресивен и несреќен. За оваа емоција потребен е баланс. 9. Ентитетот јас (егото). Претерано ,,добрaта" слика за себе, и одбраната во ситуации кога нема потреба е секогаш јасен знак за нарушена самодоверба и кревкост по штета на себе и другите луѓе. 10. Агресија и пасивна агресија. 11. Недостаток на самокритичност - Немање капацитет за согледување на сопствените постапки по пат на ,,пилот" скенирање. Пронајдете се, станете свесни, работете да се поправите. Тоа е единственото богатство кое може да си го приуштите за да станете квалитетни и сакани луѓе. Првенствено сакани од себе.
Денес седев во големо друштво. Паднаа заебанции, трачеви, и многу теми за разговор. Како и секогаш, мора да се најде некој паметњакович кој сака да соли памет и да навредува секој што има различно мислење од неговото. Сите го нападнаа затоа што упати навредлив збор за депресивните и анксиозните луѓе а тој е човек кој не видел тешко во животот бидејќи мама и тате се секогаш овде да му ги покриваат срањата и разните глупости кои ги има правено и за кои допрва се фали дека ги прави. Кога ќе размислам, тој не е толку виновен како што се неговите родители кои го разгалиле уште на мали години. Во животот добивал се што посакал без мака, труд и пот и на 29 години нема ниту еден ден работен стаж затоа што секогаш чека ќеш од родителите или од пензијата на баба му. Mакедонијо, кои копита те газат.
Нарциси ! Тешко пореметување на личноста Гадни се,не ги можам ...Како ги победувам во дискусија ? Нарцис:Види најубав/а сум Ј:Не си ма/бе ,има поубави од тебе. Н:Види колку сум слаба ЈДебела си Нарцис ќе го уништиш само со безобразлук,ароганција ,во фаца да им треснете факти за нив.. Овие луѓе кога не го добиваат потребното внимание знаат опасни да бидат (убијци на пр) Немаат чуства кон блиски/своите деца/непознати уствари кон никој...Мнолгу им е битно другите да ги величат нив...Манипулатори тешки ..за на психијатар се..
Јас: Станав рано, учев цел ден, ќе си легнам да одморам 30мин, па ќе станам и таман до вечер ќе ги доучам и тие 20стр шо ми останаа таман. Мојот мозок дур спијам: *погледни го ова ткиво, ги препознаваш овие делови, да, ајде нека ти текне што е ова, а ти текнува кај го има и која му е функцијата, а кои клетки се типични за него, мисли ајде * Не е тежок испитот и полагањето. Најтешки се 40те саати пред него.
Сакам да кажам дека раскинвање не е лесно. Дури и ко ќе раскините само зошто љубов прекина да има и сакате да задржите пријателство пред да прерасни во токсична врска. Дури и тогаш боли оти се осеќам како голем дел од мене да фали и ме боли јбг.
Сакам само еден ден да ми дадат власт да ги прочешлам квази порталиве..и да им забранам на сите будали да си отвараат порталчиња.. Скопје или Охрид..прашањето е сега
Баба ми (над 80 год) господ да ја поживее,се потресува цел живот,ме ремети,ми звони во ниедно време,се замислува дека ми е мајка.. Се прибрав утрово 6те и пак почна со нејзните филмови. Она:кај беше до сега ма ? Јас:мое е кај да одам и со кого.. Она:кажи. Јас:Да не сакаш детали како се еб*в ? Мамара..Напорна е..