Не верувам на луѓе што глумат фини и пријатели со сите. Као, не може секој тебе да ти е срцка и душа. Мразам вакви наметливи луѓе.
Форумов е одличен приказ на нашево малограѓанско општество. Која кај одела, која со кој спиела, водење грижа за кој колку пари имал и како ги трошел, па како живеел, па кај работеле, студирале, мешање и попување како да се живее и постапува без некој уопште да е повикан за истото со изговор дека ова е форум и секој iMal pRaVo nA mIsLenJe или кој те тера да напишеш јавно, ја шо сакам ќе зборам. Човек што е задоволен од себе не се замара за другите кој како живеел и што правел. И исто така не му е ни гајле што другите рекле и мислеле за него, од едно уво влегло, од друго излегло. Без разлика дали е на форум или во живо истото. За жал од нашиот менталитет, завист, споредување не може да се избега. Дали на македонски форум, дали на македонска твитер заедница, дали надвор од социјалниве мрежи, секаде е истото. Тој ни е менталитетот. 100 години ќе ни требаат да се отарасиме од таа грижа за другите и да почнеме да си глеаме у свој двор.
Не знам што ме натера денес, случајно при излез од бања си ја допрев Спојлер цицката. Некако голема ми се виде, и заглавив дополнителни две минути да размислувам зошто во период на пмс ми се случува ова. Немав забележано до сега ваков чуден симптом на цицко - раст, али ова откритие ми е нешто ново, и од круцијална важност за споделување на фумот. Онака неделно, to spice the things up. Исто така ова ,,длабоко откритие", ме поттикна да размислувам, дали ако момците добиваа циклус, пемпелот би им се зголемувал на ваков начин? И колку тоа би било кул...Бар би биле среќни со тие три сантиметри плус, наместо искомплексирани. За крај - Имајте убава недела, и повеќе да си играте пролет (таман сега доаѓа сезона), помалку да се карате и замарате со откривање туѓи форумски цицки и фаци. Фала на внимание, зз.
Имаше вчера една што прашуваше (по ноа идиотскине групи )што да правела мажот и се заканувал со убиство..И тука ја видов ненормалноста..луѓево забегале .. Коментаров за "убиецов":Седнете ,разговарај те,може да се смени ако е човек..Се шокирав Да ти ибам болните..Овој народ е за во Бардовци..Пријавувај те луѓе..Не е насилство за потценување...
Високи по 1.70, тежина од 60 кг и биле дебели па се занесуваат со диети и некои си маратони а некој си печали на тоа Не сте дебели, само ви е досадно и ве чешкаат парите во џебот.
Сакам да кажам уште неколку реда. На сите им посакувам раскинвање како моето, кај шо можи за други работи не бевме на иста страна ама за раскинот бевме. Кај шо раскинваш и советуваш партнерот на шо да припази за следниот чоек. Кај шо заминваш и онака се гушкаш и не ти се пушта пошто сте си ветиле дека ќе сте другари ама извесен период ради кршење навики не се гледате и не знајш кога ќе биди пак. Да, сите си влијаеме и се променуваме на подобро или полошо, ама не можиме да смениме човек. Поентата ми е, нешто скршено можиш да лепиш само одреден број пати и треба да знајш кога е доста пошто ако за некој се грижиш како човек и го сакаш како пријател не значи дека го сакаш и романтично. И то е океј. Кога пишам во темите за совети и често предлагам раскин често ме означуваат дека то е крајна опција и не е во ред. Не. Прво е разговор и ако не се решава после е раскин. Пошто ако долго време тегниш нешто шо не оди ќе го изгубиш и чоекот за кој очигледно се грижиш, а вака имаш шанса да одиш на повремено кафе пошто во последно бевме само то - другари. И дефинитивно дури и во овај период му бев максимална поддршка и ми беше максимална поддршка. И да, ме боли пошто се ми е ново. Рутини, пријателства. Ама добро е да се знај дека ќе имам уште еден бивш во друштвото, и како шо се смеевме со другарка ми кога ојдов кај неа, сега сум официјално Робин во друштвото зошто еден бивш не е доволно за дружење. Два е секако подобро. И за крај секој крај е почеток на нешто ново. А и да, малку сум отечена во очите ама барем некогаш косата соработва и во ете лоши моменти, решава барем таа да чини. Да редев слики од себе би ставила као ... Предобра е. Дур и другарка ми забележа дека косата соработва. И ако некогаш ме праша некој кој ми е најзрел момент во цел живот, дефинитивно ова. Како шо реков, раскин без пуштена солза, со разговор, со забелешки за иднината, со прегратка и со мајтап. Можи не ме разбираат дома кога им кажвам ама јас знам дека кога би имала дете сакам да знај и да можи да кажи кога е доста. Thank you for listening to my TEDtalk.
Вечерва во аптека ми се погоди ептен фино девојче, тоа што ми требаше немаше во моментот и девојчето фино и смирено ми објаснуваше за друг поефикасен лек како замена, а на другото столче седеше друга фармацевтка, во средни години и дрско ја прекина со зборовите- види што сакаат другите, бидејќи зад мене имаше маж и жена кои културно си го чекаа редот, а освен тоа нив можеше да ги услужи оваа господичната што седната даваше наредби, ама не, после не чинеле младите и не си ја работеле работата како што треба а нецела минутка беше во прашање нашата "гужва", и нормално си реков фала ќе размислам и си излегов, бидејќи и девојката истрча да ги исполнува наредбите на постарата колешка Не дека нема исклучоци и во двете категории, ама се почесто гледам повозрасни исфрустрирани на работните места, отколку помлади, дали се плашат за работното место и покажуваат заби или е нешто друго во прашање, навистина не знам
Искомплексираност, завист, фрустрираност, љубомора ... се тоа се собрало на едно место... узурпирање од малцинството над мнозинството...
Имам познаник. Живее во Детроит веќе извесно време, (од прилика десет години, не ме фаќајте за збор). Типот има толку бенефити, од аспект на пасош, факс, познавања од IT сферата, а работи во локален авто сервис за поправање делови. Човек со 30 години, релативно млад, перспективен, со доволно капацитет за справување со животни предизвици, а сепак сеуште живее со кредитоспособна мајка во станче, не плаќа сметки и го мрзи да состави cv од две странички за да аплицира и земе посаглам плата во некој центар. Башка вечито е незадоволен, а не е ни анксиозен, ни депресивен. Имаме правено муабет, значи 100% не е ментална пречка во прашање. Пре менталитетско - Балканска... Те го мрзи соба да среди, те да оди на работа.. и така по цел ден дува трава и не прави апсолутно ништо. Само се жали како жените биле никакви, па не може невеста да најде. (Очигледно и на тамошните цурки Детроитки им кликнало колку е саатот и со кого имаат работа, па оттаму и неговото 'лошо' искуство). И пазете, вика градот бил џаначки со лоша економска инфлација, па имало само 'гета' и квартови. Фејспалм... Да не должам, јасен ви е профилот на дечково, но пораката е следна.. Животот понекогаш ќе ви отвори врати и даде многу таленти и потенцијали. Но, ако не знаете како да ги искористите не само што ви е џабе, туку е и е лично ваша загуба...каков што е случајот со познаников ака балкански Детроитец. Не бидете со синдром на балкански дЕтроитци.
Има и такви пациенти, што мислат дека се најпаметни од цело друштво и од цела околина. Па, дури и си поставуваат стандарди каков дечко/девојка требало да си фатат, на нивно ниво, да не бил/а подолу... А, кога ќе го видеш нивното ниво и глупоча.... се молиш да не си опкружен со такви
Кога сме кај "надри" лекари,и жени со интелигенција 50 ....Немој само да сте ми пишале маката на се ќе го натера човек..
Никогаш не сум ги сфаќала ниту па ќе ги сфатам тие што се целосно внесени во работата, па дури носат дома, и што е најтрагично немаат слободен ден по нивна желба. Цела недела, цел месец. Викенди. Празници. Работа и работа. Разбирам дека пари им требаат, дека имаат долгови, кредити, разбирам и дека некои си уживаат во работата и ги исполнува, ама не разбирам како не им е досадно едно па исто. Не разбирам дали имаат фамилија, пријатели, партнери, миленици, баби, дедовци или само работата им е се во животот? Немаат ли хоби или место кое сакаат да го посетат? Немаат ли желба еден цел ден да бидат на отворено во природа? Да поминат време со семејството или да погледнаат филм со саканиот? Има толку убави нешта за кои не треба да дадеш ниеден денар и пак да бидеш исполнет и најсреќен. Да и се плукнам на работата без слободен ден. Животов да ти помине само на работа....Тие луѓе секогаш ќе бидат чудни за мене.
Мајка ми секое утро ми праќа порака: ,,Добро утро и среќен ден " Абе ја обожавам, ми го разубавува утрото кога ќе станам и ќе ја прочитам пораката.
Самодовербата е една од особините кои заедно со нормалната доза самокритичност ве прави изграден човек во вистинска смисла на зборот. Изграден бидејќи верувате во себе и бидејќи сте свесни дека може да се „расте“ до крајот на животот. Едно од прашањата кое никогаш не сум го поставувала е која оценка некој од колегите ја добил по одреден предмет. Прво, затоа што така не се зачувува пријателство бидејќи свесно или несвесно почнувате да се споредувате и натпреварувате. Второ, затоа што не е моја работа како било оценето туѓото знаење. Трето, затоа што факултетот е местото каде освен да се едуцираме треба да се дооформиме карактерно за да на вистински начин зачекориме во светот на возрасни личности без комплекси. И целосната спротивност на ваквото однесување навистина знае да ме иритира. Имам колешка која е една од подобрите студентки и самата знае да го нагласи тоа. Од друга страна пак, после секое објавување на резултати од колоквиум или испит, истата таа трча кај секој колега/колешка и прашува кој како бил оценет. Токму од оваа причина избегнувам да се дружам со неа, за да ѝ биде незгодно да ме праша. Но не, и тоа не е ѝ претставува пречка за да директно во некој сосем рандом муабет го вметне прашањето за кое толку многу се бори да добие одговор. Секогаш сум кажувала бидејќи не ни ми е многу потресно да кажам, но самиот чин на распрашување отсекогаш ме иритирал. Всушност самодовербата може и да се глуми, но на многу краток рок. А ако веќе сакате да ја изградите, направете го тоа на здрав начин а не низ призмата на споредби. Крајно, ниту еден успех не вреди штом самите не верувате во себе.
Сакам да кажам дека денес ми падна тешко. Цел ден бев океј дур не бев во Џамбо да си земам една чаша. Пошто после ги видов другите чаши и ми текна на време кога можев да ја замислам иднината, нешто шо не можев да го видам последниот период. Чашите ми се пасија и имав различен сет од Џамбо бендисано за различен период од иднината. Пример едни 4 шолји во 4 нежни бои беа за кога другарка ми со дечко ѝ идеа на гости кај мене. Се сеќавам еднаш реши да дојди со мене Џамбо, инаку неќеше да оди по продавници, ме имаше гушнато од назад и зборавме кој сет за која пригода би го земале. Мило ми е шо можам на вакви моменти да гледам како на нешто среќно и убо, а не како на некоја грешка. После то ги видов тетратките и ми текна дека требаше да му земам тетратка за на работа да се организира малку. Ама ене кај му е роденденот, барем нема да имам недовршени работи за кои ќе се каам. И тоа е нешто. Сем една. Една работа само остана недовршена ама некогаш можиме со друштво да ја довршиме колку да речам дека еден цел период од животот ми е комплетиран. Не кажвам шо работа е дур не бидни, многу едноставна инаку. Детска желба дури, воопшто не е за пар ама онака си имавме ветено дека некогаш ќе биди. Денес на другар ми објаснував зошто се осеќам тажно (претежно, реално не премногу само на моменти инаку сум океј) иако е точната одлука која ја сакав веќе извесен период и зошто сега, а не порано иако од порано ми беше во заден ден од главата. Па после едно три сати ме сфати. Мислам знам дека не знам да објаснувам ама кога зборам за чувства, многу добро знам да објаснам. Следно јас сум од оние луѓе кои се вулкани. Долги години неактивен, мислиш и дека е умрен. После то почнува да гори, да тлее, да треси па после наеднаш бурно еруптира и после то прекинува наеднаш и пак е неактивен, чиниш умрен. Како и да е, нарочно не пишам во други теми, само зошто ова е без цитирање и реално споделвам за интимни работи онолку колку шо се осеќам дека сум спремна во даден момент. Ваљда нема уште долго да ме трпите, ќе ми помини како на куче. Останете ми поздравени!