Вмро,Сдсм,Дуи.... Да седнат и да си го постават на време прашањето: Што би било,кога би било? И Што ќе биде,ако биде? За како ќе биде знаеме сите. Хаос. За да не биде Хаос треба тимска игра,стратегија. Боље спречити него лечити.
Колку повеќе деца има човек-толку поголеми се проблемите над глава, не дека многу родители не потфрлиле во воспитувањето и не им биле лош пример на децата низ годините, ама вагата некако натежнува повеќе кон неблагодарни деца кои непотребно им ја "пијат" крвта на родителите на секој можен начин Можеби генерализирам, ама ете, право на слободен говор де
Two things are infinite: the universe and human stupidity; and I’m not sure about the universe! - Einstein
Порано бев борец, и храбра и личност која не сакаше неправда и се објаснуваше по илјадници пати. Порано секогаш одев до крај. И сега сум борец и храбра, само што сега ми е сеедно и да се случи неправда. Се променив како личност. Сега ми е сеедно за сите освен за мојата најблиска фамилија, тие ми се најбитни. Останатите можат да одат по ѓаволите, не ми се битни. Кога можат да ме напуштат тие на кого сум мислела дека можам да сметам, можам и јас да им свртам грб. Ми се допаѓа оваа нова јас.
Љубовта треба да е убава нели, со насмевки и солзи од среќа. Не треба да е ваква. Не треба психички да ме изморува. И ова ќе помине знам, ама после ова веќе срцето на никого не го давам.
СДК 1: *ѕвонам на врата дома* Мајка ми: ајде влегувај и одма да идеш рацете да ги измиеш, немој Корона дома да си ми донела. По 5мин: *одам до кујна да земам вода* Мајка ми: оди пак да ги измиеш рацете, брзо, може претходно не си ги измила добро, па останале бактерии. По 10мин: *дишам, постојам* Мајка ми: еве ти и со антибактериски гел да ги поминеш рацете, плус се што носеше денеска да ми дадеш да исперам, ти си најризична од дома, мора да пазиш највеќе. Следно очекувам да ме избркаат од дома дур не пројде фамознава Корона... СДК 2: Една од најголемите цели за 2020та ја исполнив. Ова ќе биде уште една година со многу успеси, I can feel it.
Таман излегов си викам не врне не е преладно не ми треба ни чадор кога сега вее ли вее бело снеже. Детска радост и загриженост. И ми се игра со снегулките и се прекорувам како не се спремив за вакво време, барем ракавици нешто да имав. Корона дрма на големо а јас се тркалам по снегов
Нема правила во животот. Нема ни ред. Денес ќе речеш Никогаш нема да го направам тоа, a веќе утре ќе го направиш. Ќе му ветиш на некој нешто и утре тоа нема да го исполниш. Во моменти на тага и бес ќе кажеш зборови за кои утре ќе се покаеш. Ќе одлучиш нешто, па ќе го повлечеш. Ќе извлечеш денес некоја мудра поука која утре ќе ја заборавиш. Ќе ти биде нешто на дофат рака, а сепак далечно. Денес ќе сакаш некој, а утре веќе не. Оној што е денес крај тебе, утре можеби нема да биде. Некое утре ќе те нема и тебе. Живот. Тоа е само еден голем хаос. Збор претежок. Како живееме? Зошто живееме? Има ли воопшто смисла? Срце и глава преполни со сешто. Иди па бори се со себе. Нема едноставност. А ако покажеш слабост, готов си. Секој онака како знае и умее.
Не можам да ги трпам оние искомплексираните луѓе кои се "најпаметни" и се прават "сезнајковци". Глумат дека имаат многу во животот, а уствари немаат ништо. само се фалат со реченицата "Јас ова си порачав од нет, јас она си порачав.. А дома што се вели леб немаат да јадат...Секој порачува од нет, но не секој се фали со тоа.. Како единствениот успех да им е тоа што направиле порачка од нет.. Да ти се плукнам во порачките за кои ми велиш: "ај оди земи ги, другиден ќе ти дадам пари".... Секакви луѓе газат по земјава...
https://vecer.mk/node/479959?fbclid=IwAR3RPzors_Na0GMdlzHNEWmr847blr-Yq0uVEwhky5LG8NWmkdC68VdsWSg Е сега се сум видела. Ромео и Јулија од Балканот. Ме потсети на сцена од Жикина династија кога бегаа од прозори од болницата. Тоа е тој Балкански менталитет. Никако на доктор, дрога клавет. Ќе се лечиме сами.
Не е лесно да поднесуваш сешто, да слушаш глупости да трпиш вулгарности , да имаш некој во опкружение што не го поднесуваш.... Никој не ни рекол дека ќе биде лесно ,има прекрасни денови, има страшни денови, има денови кога несакаме ни очите да ги отвориме, како и такви кои ни ја враќаат вербата во животот и луѓето.
Што ме нервираат неодлучни луѓе кога треба да направиш планови со нив. "Ама мене сеедно ми е ", "не знам", "како сакате".... не можеш со сила да ги натераш да си кажат реално мислење, те малтретираат зашто не знаеш на што си али кога ќе падне договор со другите од друштво , е баш тогаш им текнува да најдат замерка.И на крај кога по 526226 пат ќе ги прашаш пак за мислење што/кога/каде им одговара, пак е сеедно! Е така во круг нема разбирачка бе...
стварно не знам како ќе го преживеев денов ако не ми излезеше на фб веста дека во Србија на професорите им покачиле плата за 30% ...
Сабота вечер... Ме мрзи да се социјализирам денеска, па решив да се фрлам на работа. Истовремено работам на три презентации за следната недела. Мултитаскинг на ниво. А мислев дека не ме бидува за мултитаскинг, воопшто. Изгледа си открив нов талент.
Како да му објаснам дека ми е лошо искушение и не смееме да бидеме заедно вечерва? Толку прекрасно ме гледа, што се топам во неговата кафено - чоколадна нијанса која сјае како скапоцен дијамант. Ми доаѓа да го растргнам со усните Spoiler преслаткиов колач што го испече другарка ми. Ама доцна е...почекај уште неколку часа љубов моја.
Недела. Ручек кај баба. Преубаво поминат ден. Секој пат си ветувам дека почесто ќе и одам на гости, колку се радува кога ќе ме види и пак обврски ме затрупуваат. Колку значи и мало внимание, колку малку треба за среќа... Доволно е да знаеш дека на некого му значиш...
На никого не простувам. Тие што ме повредиле, свесно го направиле тоа. Нека си простат тие самите, ако можат, јас нема.