Пак сум со главата во облаци. Морам да се спуштам на земја, знам дека само од љубов и воздух не се живее. Како да си помогнам?
Погледнува во ѕидниот часовник на локалот и ме прашува дали функционираат стрелките? Обземеноста од разговорот претворена во драгоцени минути го потиснува мобилниот на дното од чантата додека експресијата се разлева од черепот до екстремитетите заборавајќи на се и сите што нужно циркулираат наоколу во подвижни безрбетници заборавени од еволутивниот развиток. Ги сумирам броевите на рачниот часовниот, и одново, и одново затреперувам како тогаш... Со лесни воздишки ги одмерувам чекорите. Сакам свесно да го изгубам компасот.
Да ви кажам една работа не ми се допаѓа на Малтава, а тоа е како ги градат зградиве. Воопшто без никаква цигла туку камен. Денес се срушила зграда во Санта Венера, 2јца загинати. Цела Малта се дигна на нозе, бараат ден на жалост. Зградата што да ви кажам, како земјотрес да поминал. 8 часа ги барале, не можеле да ги најдат. Е*ате глупите. Иначе зградата паднала бидејќи до неа се рушела друга и била лепенка. Бог да ги прости.
Се изначитав последниве денови ,,шеги" од типот неверства во брак. Не, не сум јас пресериозна, туку тоа не е хумор, простотилак е. Од комшивката или жената на пријателот, па до детето што не било од сопругот (а тој мислел негово хахахаахах врв). Едно е да имаш здрава смисла за хумор, друго е очајно да се правиш интересен.
Не ми се уклучува телевизор од турскиве глупи серии ајде една две, оно секој пат кога и да се укл тв едно исто, барем да беа нешто интересни, го отуја народов со негативности и глупости
Веќе некое време си забележувам многу пропусти во мојата страна од дружењето со другарка ми. Прво е тоа што речиси константно сум во некакво брзање, во некаква збрка што многу ретко стигнувам јас да ја побарам или да ѝ пишам. А таа на секои неколку дена обавезно ми пишува или ме бара. Ако не можеме да излеземе, барем да се слушнеме како сме и што правиме. Искрено и од срце се гледа дека ѝ значи и сака да го зачува другарството и покрај динамичното темпо на живот кое доаѓа со годините. А јас сум тиква на која не ѝ доаѓа памет дека 15 минути разговор нема нешто многу да ми го загрозат глупиов дневен распоред. Второ е тоа што често ме тагнува за мимови, наградни игри и такви зафрканции. И скроз ми измамува насмевка кога ќе видам дека некој се сетил дека и покрај тоа што не сум воопшто активна на социјални мрежи, сепак профилот ми функционира. И баш е забавно, но воедно и значаен гест на внимание ваквото тагирање. А јас сум тиква на која ниту еднаш не ѝ текнало да тагне некој и барем на кратко да му донесе насмевка. И уште неколку вакви гестови од нејзина страна кои ми кажуваат дека сериозно вреди да се има таков човек за пријател. И не знам зошто уште ме трпи, ама многу си ја сакам поради тоа.
Се сеќавам кога Ајфон прв се лансира на пазарот. Некаде далечна 2007 беше,малечок црн или пак сив со црно. Тогаш се возев со таткоми во кола,на некои семафори во Аеродром имаше билборд со реклама на Мобимак за ајфон. Тогаш си помислив дека никогаш нема да си купам Ајфон. 13 години подоцна го купувам Ајфон и го држам во раце. Затоа што изреката “никогаш не вели никогаш”има смисла. Не можам да ви ја опишам среќата
Исповед: дури и кога некој ќе ми ги примети ноктите и ќе ме пофали дека многу ми се убави и па поизненадени се кога ќе речам дека се мои природни, па ќе ми речат дека многу убав облик и должина имале, се радувам. Убаво ми е што некој приметил нешто за кое се трудам и грижам и сум посветила внимание. Ноктите ми се ко бебиња. Ситница е ама ми предизвикува насмевка. Затоа во последно време често делам комплименти за нешто што ми е убаво кај некого и мило ми е кога ќе видам насмевка од другата страна и веднаш убаво расположение.
Кога е чисто небото навечер обожавам да погледнам над мене. Сите тие небесни тела кои трепкаат бескрајно далеку таму некаде ме тераат да почувствувам единство со се над мене ама истовремено раѓаат и восхит од фактот дека јас сум една ситна точка во времето и просторот во однос на нив и раѓаат почит кон сознанието дека нема да бидам вечно тука да ги гледам над мене а тие ќе останат таму каде што се уште догледно многу години да потсетуваат и некои по мене исто како што потсетувале и некои пред мене колку сме малечки и со ограничен рок на физичко постоење.
Рекол дека сака жените во неговата земја да раѓаат 6 деца за да се подигне наталитетот,а новинариве стално пишуваат колку гладни деца има на тамошните улици. И ете,нема мрдање од старинското сфаќање дека жените се предмети и/или машини за размножување. Да се зголемуваат мажите кои ќе ги рамњаат жените со нешто неживо... Браво,огромен напредок...
Уште малку и ќе се раздени. Будна сум веќе 1час а уште малку треба да се разделам од креветот. Ги кажав пред некој ден желбите на мој пријател, кејжуал разговор, бош, чисто на шала. Ми рече многу фантазирам. Што е лошо во фантазиите? Ти дава малку право да избегаш од реалноста, што е во ред, нели?
Ако изгубиш 3 личности во животот, а си добил една нова ама вредна ко за 100, ти не си во загуба туку си во добивка.
Мојот аватар представува паднат ангел кој се бори да стане, успее, полета а не секси сирена спремна за перверзии.... Значи не се пали ко млад мајмун.
Сакам да кажам дека долг дел од животот се осеќам како срање почнувајќи од основно. Не можам да речам дека сум нешто особено среќна пошто пак имам мои бубачки. Па денес пријателите ми забележаа дека сум била драстично поинаква после раскин и дека им се допаѓа оваа моја нова промена и се осетив малку навредено оти во мои очи не сум нешто особено смената ама ме тера да мислам дека бев не доволно добра претходно. Неќам да мислам дека бившиот го вадеше лошото од мене, можеби последни неколку месеци ама дефинитивно не цела врска, за толку признавам. Оти знам дека немаше да сум чоекот кој сум денес ако не се случи се шо се случи до сега. Јас пред 5 години сум еден чоек. Јас пред 10 години сум сосем друг чоек. Јас пред 15 ... Не можам ни да се препознаам. Ама знам дека низ сите овие години, колку и да сум се мразела ради разни причини, безразлика колку бубачки сум имала, безразлика во какви дупки на апатија сум паѓала, секогаш, ама баш секогаш не жалев за работи кои се случиле. Колку и да беа лоши оти знам дека без нив немаше баш да бидам јас. И во моментот да се мразев, искуствата најмногу ги сакам и мислам дека оваа верзија на мене е комплетна само со "целата" приказна. Кога имав 19, пред да почнам да се дејтам со скоро бившиот, влегов како девојче кое се плашеше од помислата дека ќе стани жена. Сега, на скоро 24 не се плашам да кажам дека излегов како жена. И ако не можам да имам мали промени во 5 години, како очекувам да имам долга врска некогаш? То ме плаши ама секогаш сум седела дека промена е добра, и секогаш ќе стојам зад то. Поентата ми е, на се гледајте како на искуство. Искуствата и мемориите те прават повеќе ти од што можиш да замислиш. Можи не давам многу шанси ама некогаш знам да омекнам пред стари пријателства кои сум ги прекинала пред години. Причината за то е дека сите се менуваме. Човек кој не се менува треба сериозно да е загрижен за себе. И то е то. Останете ми поздравени!
Преземена е од фб сликата, но и онака го мислев ова, па само ме поттикна да размислам уште еднаш. Колку од луѓето ги користат овие фрази да бидеме искрени? Колку пати се замолчуваат луѓето вака? Ништо не правиме со буткање на проблеми под тепих. Да зборуваме гласно за се што не мачи, без разлика колку минорно изгледа истото за некого. Не секој ги доживува исто ситуациите и не секогаш "ќути има и полошо" е решение и правилен одговор кога некој нешто кажува. Не е жалење, не е незадоволство, доколку некој реши да ви се отвори и да сподели што го мачи. Не мора да се истрчува веднаш со "овој па со ништо не е задоволен, на другите подобро да не им е". Сите сме различни, некои се покревки, потешко се справуваат со ситуации и тоа е сосема во ред се додека не ги осудуваме. Разговорот може да помогне многу. Сослушајте ги сите што сакаат нешто да ви кажат, несвесно може многу да се помогне на тој начин. Малку поддршка и разбирање е некогаш таа мала надеж и искра за живот што ни е потребна. Да знаеме дека не сме сами. Нема голем или мал проблем. Нема преувеличување. Нема има и полошо, ќути. Не знаеме кој низ што проаѓа, не знаеме што се крие зад таа насмевка. Неодамна прочитав за момче кое што се самоубило, а комшиите го опишале како насмеан и весел... Да, депресијата знае да биде прикриена зад насмевка. Затоа, никогаш не ги игнорирајте пријателите, блиските, било кој што сака да разговара со вас. Да си бидеме поддршка едни на други. Толку ли е тешко...
Не знам како да се изразам а да не бидам сфатена погрешно. Прочитав наслов на текст овде на фемина кој гласи " не постои повисока титула од мајка" и ми звучи дури одбивно. Постои повисока титула од мајка, жените кои решиле дека не сакаат да бидат мајки треба да бидат навредени со ваква изјава зошто сепак што и да прават во животот нема да можат да ја имаат таа највисока титула. И не е фер. Жените не се створени само за да бидат мајки, жените не растат и созреваат се со цел еден ден да бидат мајка и со тоа да имаат највисока титула во општеството. И не, не сум мајка и да, сакам еден ден да бидам, ама не сметам дека да станеш доктор по нуклеарна физика на пример не е исто толку тешко како и да се справиш со мајчинството. И да тоа е исто така висока титула со која една жена треба да се гордее. Да бидеш мајка може за една жена е најубавото нешто на цел свет, за друга може најубавото нешто на цел свет е да биде доктор и не треба ниту во еден момент овие две работи да се споредуваат како мајката да е повредна од немајката. Не велам дека мајчинството не е тешко, ама па и не сметам дека е толку драматично како што сите блогерки пробуваат да го промовираат( текстот беше од блогерка) Секоја жена заслужува највисока титула во ова општество најпрво затоа што е жена, што секојдневно се соочува со секакви дискриминации, омаложувања и неправди само затоа што е жена и тотално сметам дека не е фер да се каже дека мајчинството е најтешката работа на свет и затоа треба да му се додели највисока титула. Да се биде само жена е доста тешка работа па не ми е јасно зошто пробаме да се натпреваруваме со адут како мајчинството.
Колку убав ден е ова Започна тмурно, сосема просечно, дури и безволно се извлеков од кревет. Една прекрасна вест и неколку планови ми донесоа насмевка на лицето. За денот не се суди секогаш според утрото