Статистиката вели дека во Македонија годишно од рак на дојка умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години. Според ова, ракот на дојката е втора најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај жените. Минатата година беа регистрирани 218 случаи на рак на дојка кај жени и четири кај мажи. Петнаесет нови случаи се пријавени кај млади жени на возраст под 40 години. Ако мојот пример им биде патоказ барем на дел од жените што ќе ја прочитаат колумнава, оваа бројка во следните години ќе се намалува. Среќен 8 Март, драги мои! Кога би можела, на сите би ви подарила ехо-преглед на дојка. Можеби ви се попривлечни розовите чевли што Викторија Бекам ги промовираше на свадбата на Серџио Рамоз. Или, пак, розовата чанта на Јелена Карлеуша, која ја рашета дури до Малдивите. Дали за празникот ќе се почестите со шопинг и осмомартовска дружба во кафана или одвоените средства ќе ги пренамените за ехо-преглед, оставам на вашата совест. Напишано од новинарката Соња Алексоска-Неделковска. https://www.fakulteti.mk/news/08032...9IuVeNY3zJQtRo6uhxUwOfECYFgQcW5N4l-aJX8MIjkYo
Среќен 8 Март Денеска добив коментар дека немам право да славам;оти не сум имала деца, не сум била мажена..Господе прости им,ама не простуј на образовните институции . Ова ми беше кажано од жена.
Еден ден сакам да се разбудам и да си кажам "this is it". Да се потсетам на среќата од вчера и да ме расони среќата што би ме исполнина тој ден. Со насмевка да си легнеш и со насмевка да се разбудиш. Да те држи добар муд во поголемиот дел од денот. Да не се движиш наоколу од што мораш туку од што сакаш. Но далеку сум од тој ден, премногу.
Во животов се сретнав со мнолгу типови на луѓе.Сите пробувам да ги сфатам,им помагам колку можам и ги подржувам.Ама тука има едно 'ама'. Тоа е категорија наречена "вечни жртви" Демек само они повредени,демек само нив ги дискриминираат,демек само они имаат проблеми..Уствари проблемот е во нивните глави.Не можат в.жртви да сфатат дека имаат психички проблем.Како може сите да се "покварени" во очиве на жртвава,а она да е совршена ?Исто така овие луѓе имаат развиено сток.синдром ,обожаваат да ги гнават другите со своите проблеми и да драматизираат..Доста е за нив..
Сакам да кажам дека омилени членови ми се оние искомплексираните. Порано кога бев на форум, мала и глупа, се запнував на нив пред да сфатам дека уствари, тие од себе си патат и уз пат јас станвав мало и нервозно огорчено суштество полно со омраза, како нив. Да се докажат дека се најдобри, на најдобрите места биле, како нив никој. Целосен еготрип, текстбук стил. Па нЕ дАј БоЖе да ги препрашаш пошто делиш мислење и пуздер те прат. Зошто маче? Ќе го пишев вториот дел од мислењето само ама ете, само што најдов one in the wild и си реков ете да спомнам, да ми олесни. Би ви понудила разговор ама немам доволно искуство. Зошто сепак и ова решив да го пишам е зошто деновиве праев еден експеримент. Врвам низ чуден и тежок период па затоа поќе од времето го врвам онлајн и на форумов, за дефокусирање пошто да не прам ништо ме излудва. Е сега зборувајќи со разни луѓе ми кажаа дека одредени членови лајкуваат само ако им лајкниш. И морав да пробам. Вистина така е. Зошто ова го пишам е: неќам да ми лајкувате ако не ме читате. Пошто кога ќе видам дека некој ми лајкнал каде сум истурила душа, и по три дена се наоѓаме во муабет и абер нема шо ме боли - сериозно, неќам лајкови. Само разбирање. Неодамна си играв мајтап дека чувствата ми се како вулкан. Ете, Етна еруптира и сега ќе се смири тлото од тресење и веќе не дирам луѓе шо ме нервираат. Работам на себе љубов ама морав еден последен пат да извам ова од системот.
Сфатив дека иам многу anger management issues со глупоќа. Ништо не ме вади од такт како глупави луѓе и глупави постапки. КАКВИ ИДИОТИ човече! Ама не можам да разберам, зошто ме плаќаш за да ти кажам шо да правиш и после не го правиш тоа и на крај идеш да ми кажеш дека не функционира тоа шо ти си решил своеволно да го правиш? О-т-и ми го арчите времето за ваша глупоќа?! Треба малку со другачка ми психотерапевт да поработам на темава, тек допрва ме чека расправање со глупи луѓе. П.С. И сакам да ја гушнам @theowndemon
По не знам кој пат... среќа што секогаш ама баш секогаш си го слушам срцето. Не сакам ни да мислам колку ќе се каев да постапев поинаку денеска.
Земал да снима таму некој си наш некое видео за Корона и да советува, не бил доктор ама него луѓето повеќе го слушале и од министерот и дава таму као си некои препораки да се кашлало у лакт, 30сек после тоа кашла у рака. И збори за глупоќата на луѓето, директорката на кожно ваква, таква, успат пцуе како возеле луѓето ужасно, а он вози и се снима за инста видео. Stop making stupid people famous... И ако ваков стварно им е поверодостоен извор за информации од министер и не знам ти што, да, стварно сме глупав народ.
До сите новопочени новоседелци билокаде, кога се враќате назад временно или постојано, не кажувајте дека се враќате ДОЛЕ , ве молам. Почнувајќи од Скопје кон внатрешноста, па до странство кон Македонија. Не сте ми јасни, стварно. Као, отидовте на друго место и сменивте начин на живот кој ве дигна неколку нивоа над народот кој живее "долЕ"? Не. Игоу тинг на персони без самодоверба и типичен "Кад се сељо покондури..." пример. Само не заборавајте дека кога се враќате, пак одите ДОЛУ. Па кога сте толку "горе" и паметни, зошто се враќате ДОЛУ? П.С. Ако зборите од геогравска гледна точка, бидете постручни до крај и користете ги страните на светот.
Знам дека е страшно, знам дека на повеќето ни се вртат лоши мисли во глава и нормално е со оглед на тоа што пласираат медиумите. Меѓутоа дигањето по маркетите, паничењето како апокалипса да доаѓа нас луѓето кои секојдневно се бориме со анксиозност и панични напади знаете што ни прави? Не убива.
Не е тешко да се воздржиш неколку дена од возење во автобус. Не е тешко да се откажеш од шетање. Не е тешко правилно да ја поставиш раката на носот и устата кога ти иде да киваш или кашлаш. Не е тешко да ги поучиш сите околу тебе да ги почитуваат препораките. Треба само да сакаш да слушаш. Ако не сакаш да слушаш,немој да мислиш дека од твоето нереагирање и неделување ќе нема последици. Ќе има и за жал,за некого можат да бидат кобни.
Лошото во тоа да имаш брат што месечари е што ќе те преплаши неочекувано во скоро 2ч. Не дека не го навикнав ама овојпат стварно ме исплаши. Уште па и не ми верува кога му кажувам што правел вечерта...
Мислам дека досега не сум се радувала на ниедна идна средба повеќе од утрешната. Едвај чекам конечно да си го видам најдобриот другар, да си го изгушкам и во живо да си напраеме муабет после долго време.
АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ НА МАЛИ ДЕЦА И ОНИЕ КОИ СЕДАТ ВО КАФИЧИ ! Не знам како можете да бидете толку тврдоглави и несовесни и да ги изнесувате децата меѓу куп народ во вакво време. ЗНАЧИ,СО ПРИЧИНА СЕ ЗАБРАНЕТИ ЈАВНИТЕ СОБИРИ. НАМЕСТО ДА КУКАТЕ КАКО МОРАТЕ ДА СЕДИТЕ СО ДЕЦАТА,МАЛКУ ПОЧЕШАЈТЕ СИ ГИ ГЛАВИТЕ И СФАТЕТЕ ДЕКА СО ИЗЛЕГУВАЊЕТО НАДВОР ГИ СТАВАТЕ И НИВ,А И СЕБЕСИ ВО РИЗИК. ИСТОВО ВАЖИ И ЗА ОНИЕ КОИ ПИЈАТ КАФЕ СО СААТИ ВО КАФИЧИ И ТОА СЕДНАТИ И ЗБИЕНИ ЕДЕН ДО ДРУГ ! ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ ПРЕПОРАКИТЕ ! #ЗДРАВЈЕТОНЕЕДЕТСКАИГРАЧКА
Јадам ѓеврек и дремам пред тв после емисијата со министерот си викам ај да се насмеам малку, Преспав. Ја јадам, таа ме гледа, Ја загризи, она качи ми се и одма по ѓеврекот. И давам и неа залче. Јадам ја, јаде таа. Е да ми кажеше некој во четврток вечер ќе јадеш ѓеврек и гледаш на Преспав како ловат дух и таа ти гризе од јадачката и те врти таква ситна ко што е околу мал прст ќе речев ај ќути бре таму, седи не ме знаеш. Ама си молчам, зошто пред вистината и Боговите замолкнуваат
Леле па, а луѓево шо глумат експерти за Корона сега и користат прилика за паметување со информации шо буквално сите ги знаеме и деца од градинка научија... Сите гледаат прес конференции, сите имаат нет, сите знаат шо треба, не мора и ти уште да кажеш ама ај нека сега е шансата за видеа, реферати и тако то... Неразбирливи ми се и луѓе што не знаеле што да прават дома исто така. Дома ми е се, цел свет, како може на некого дома да му е досадно и да не знае што да прави? Што има до толку ван дома што дома не можело да се седи? Никогаш нема да разберам вакви луѓе ама добро... Додуша не само за Коронава, не сум ги разбирала ни тие што биле ако викенд не искочам ќе збеснам. Неразбирливо ми е стварно до толку некој дома да нејќе да седи.
Колку ми е смешно кога ќе прочитам пресуди на некој што има 75+ год , цел живот го поминал во криминали и уништување туѓи животи па сега на стари години малтене пред умирање ќе го затворат. Демек правдата го стигнала конечно, што е стигнато бре, као оние пред 3-4 години имаше на портал некој што го читав нацисти некои ги откриле на 90+ год и ќе ги суделе, ти се молам, џабе трошена пара за судство за да се осуди човек пред умирање кој живеел полн живот па сеа на крајот, или онај со Бил козби што го осудиле, тој харал цел живот уништувајќи животи за да сега на стари години, т.е последните 2-3 од неговиот живот ги помине во затвор. Овие ми се стварно смешни и очајни казни со цел да се каже дека е задоволена правдата и смири народот ама реално не е, воопшто не е. Ова на светско ниво, а па за Македонија да не зборам, една директорка што за малце не заразила пола население ќе помине со еј 2 год пред пензија ти даваме отказ и срам да ти е....можеби некоја парична казна и толку..... После се чудат зашто луѓето правдата си ја зимаат во свои раце и се разочарани од правдата.